Author: Соња Крамарска

Нашата цел е да креираме 2000 нови мали производители на храна, коишто ќе ги искористат поволностите од 2019 година да може да се регистрираат и да продаваат традиционални локални производи, да продаваат од праг и од фарма и да добијат грантови, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. „2023 е година на нов модел на субвенционирања во земјоделството, година на нови програми и година на нови можности во земјоделството, особено за она што ние го работиме, а тоа е како да го задржиме, одржиме и зголемиме домашното производство во земјоделството. Успехот во програмата за мали винарии, успехот на…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека Владата ги следи сите движења на пазарот и ако цените на основните суровини паѓаат, а цените на производите останат исти тогаш ќе мора да се донесат и други одлуки за замрзнување на цените и на други производи, како за овошјето и за зеленчукот. „Ги следиме сите движења на пазарот. Со завршувањето на грејната сезона во Европа и цените на берзите за скоро сите прехранбени производи почнаа да паѓаат. Очигледно дека справувањето со економската криза и кризата со храна во цела Европа беше успешна операција и веќе резултатите се даваат. Тоа ќе значи…

Read More

Немам амбиција да бидам првиот премиер Албанец на Северна Македонија, туку сакам да останам запаметен како по реализацијата на проектите од  коридорите 8 и 10-д, односно за изградбата на автопатот Скопје-Блаце и по воспоставувањето на врската Приштина-Скопје-Тирана, изјави Артан Груби. Во гостување на косовската телевизија „Дукаѓини“, Груби истакна дека кандидатот за премиер Албанец ќе го предложи лидерот на ДУИ, Али Ахмети и како што нагласи, сигурен е дека „нема да погреши во изборот“. „Ова е проект на Али Ахмети за да ги урне табуата. Дојде време да се надминат предрасудите со изборот на албански премиер“, рече Груби. Тој вели дека…

Read More

Американските регулатори неодамна ја затворија една од најважните банки – Банката на Силиконската долина, со што беше означен најголемиот банкрот од Големата рецесија и втор по големина во историјата на САД. Како што колапсот на банката фрла нова светлина врз кревкоста на светскиот финансиски систем, во ходниците на моќ на ЕУ се зголемуваат шпекулациите за тоа кој или што ја поттикна Европската комисија, во последен момент да повлече контроверзен дел од банкарското законодавство. Се поставува прашањето дали постои ризик од прелевање на кризата на европско тло, а со тоа и на македонскиот банкарски сектор. Според претставникот на Македонската банкарска асоцијација…

Read More

Виенската полиција ги засили вооружените полициски патроли низ градот, вклучувајќи ги и  црквите, откако внатрешното разузнавање добило информации што укажуваат на можен исламистички напад. „Колку долго ќе трае оваа зголемена заштита на локациите во моментов не може да се процени“, напиша полицијата на Твитер. Оттаму нагласуваат дека доколку заканата се намали на одредена локација под итно ќе биде издадено ново соопштение за јавноста. Полицијата ги предупреди граѓаните за зголемениот број на вооружени полициски патроли. „Ќе забележите дека во моментов има поголем број полициски сили кои патролираат низ градот со специјална опрема. Причината е неспецифична закана против црквите. Ќе продолжиме да…

Read More

Може да се каже дека само 13 земји и територии во светот имаат здрав квалитет на воздухот, а нивото на загаденост на воздухот достигна рекордно високо ниво во 2022 година. Ова го покажуваат податоците во извештајот на швајцарската компанија IQAir, која го следи квалитетот на воздухот ширум светот. Експертите на IQAir ги анализираа податоците за квалитетот на воздухот од 30.000 мониторинг станици во 7.323 градови во 131 земја. IQAir ги наведува Австралија, Естонија, Финска, Гренада, Исланд, Нов Зеланд и териториите на Пацификот и Карибите, вклучувајќи ги Гуам и Порторико, меѓу земјите со почист воздух според Светската здравствена организација (СЗО). Според…

Read More

Во февруарските земјотреси со епицентар во провинцијата Кахраманмарас, во Турција загинаа 505 медицински лица. Оваа информација ја објави министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа на својата страница на Твитер, јавува агенцијата Анадолија. Министерот потсети дека 14 март секоја година во Турција се слави како Ден на здравствените работници, но оваа година датумот остана во сенка на последиците од катастрофата на југот и југоистокот од земјата. „Овој 14 март не го дочекуваме како историски датум. Во жалост сме. Како последица на земјотресите загинаа 505 наши колеги од зоната на катастрофата. Вкупниот број на жртви надмина 48.000 луѓе. Изразувам сочувство до…

Read More

Бошњачката партија (БС), Демократската унија на Албанците (ДУА) и Демократската партија (ДП) ќе го поддржат актуелниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, на претседателските избори закажани за в недела, објавија подгоричките медиуми. Според ЦДМ, властите на БС одлучиле да го поддржат Ѓукановиќ на претстојните избори, а според „Вијести“, истата одлука донеле и двете албански партии, ДУА и ДП. Претседателските избори во Црна Гора се одржуваат в недела во многу вжештена атмосфера поради тешката повеќемесечна институционална и политичка криза. Во претседателската трка учествуваат седум кандидати, а доколку ниту еден од нив не добие повеќе од 50 отсто поддршка, вториот изборен круг…

Read More

„Мета“, која ги поседува Facebook, Instagram и WhatsApp, најави дека ќе укине 10.000 работни места. Тоа ќе биде втора серија масовни отпуштања во технолошкиот гигант, кој отпушти 11.000 вработени во ноември 2022 година. Главниот извршен директор на „Мета“, Марк Цукерберг, рече дека намалувањата ќе бидат „тешки“ и се дел од „годината на ефикасност“. Покрај изгубените 10.000 работни места, 5.000 отворени улоги во компанијата ќе останат непополнети. Цукерберг им кажа на вработените дека верува дека компанијата претрпе „повик за будење“ во 2022 година кога забележа забавување на приходите. Тој ги наведе повисоките каматни стапки во САД, глобалната геополитичка нестабилност и зголемената…

Read More

Сумирана е буџетската 2022 за општините, на приходната страна дел успеале да го надминат планот но дел потфрлиле, особено кај даночните приходи. Лани кај голем дел од општините се забележува дека трансферите од власта, кои претставуваат најдоминантна ставка на приходната страна, се пониски во однос на планираните. Според анализата на Порталб.мк  со вклучени дотации и трансфери, општина Арачаиново лани прикажала зголемени приходи во касата во однос на планот и тие изнесувале скоро 2,1 милион евра. Новите податоци за целата 2022 покажуваат дека сепак оваа општина не успеала да ги наплати сите планирани средства по основ на даноци.  Од данок на имот, кој е еден…

Read More

Од денеска осудениот бивш шеф на Царината Драган Даравелски е слободен човек, откако поради настапување на апсолутна застареност на пресудата изречена во 2008 година, Основниот кривичен суд Скопје ја укина. Со решението на судот, се запира и постапката за кривично гонење против Даравелски, засекогаш. Даравелски беше осуден на седум години затвор во отсуство во 2007 година. Tој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Сега нема да мора да ги врати ни парите. Даравелски, кој беше баран со потерница 20-ина години, се појави на граница во јануари, кога беше уапсен. Но, веќе се знаеше дека кривичното дело…

Read More

„Нашите граѓани треба да се прилагодат на потребите на пазарот на трудот. Вештините и знаењата долги години наназад на тие што се невработени, не одговараат на потребите и тој пазар има потреба да ја надополни работната сила. Се повеќе компании велат дека многу тешко наоѓаат работна сила од она што го има на располагање во Агецијата за вработување. Затоа Владата прави план за вработување преку различна доквалификација за да се спремат тие работници за пазарот на трудот. Но дотогаш секако има потреба да се увезе работна сила затоа што миграцијата е очигледна, не само во Македонија туку во сите земји…

Read More