Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бишев: Банката на Силиконската долина не подлежела на стрес-тестови, нема да се повтори кризата од 2008

0
By Соња Крамарска on March 15, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 15, 2023 12:07

Американските регулатори неодамна ја затворија една од најважните банки – Банката на Силиконската долина, со што беше означен најголемиот банкрот од Големата рецесија и втор по големина во историјата на САД. Како што колапсот на банката фрла нова светлина врз кревкоста на светскиот финансиски систем, во ходниците на моќ на ЕУ се зголемуваат шпекулациите за тоа кој или што ја поттикна Европската комисија, во последен момент да повлече контроверзен дел од банкарското законодавство.

Се поставува прашањето дали постои ризик од прелевање на кризата на европско тло, а со тоа и на македонскиот банкарски сектор. Според претставникот на Македонската банкарска асоцијација и универзитетски професор, Глигор Бишев, Банката на Силиконската долина е прва поголема банка после 2008 година кога се случи финансиската криза, која се соочи со финансиски проблеми и која оди во ликвидација.

Тој во разговор за „Локално“ вели дека сепак според стандардите на САД, тоа е регионална банка, но не е системски значајна и затоа регулаторните органи одлучија да не ја спасуваат и поради тоа е отворена стечајна постака.

„Истовремено уште неколку мали регионални банки во САД се судираат со слични проблеми и над нив е отворена стечајна постапка. Тоа се банки кои се занимаваат со финансирање на FinTech компаниите и стартапите. Овие банки се специјализирани и не се вмрежени во меѓународните финансиски текови со земјите од Европа или од Македонија“, истакнува Бишев.

Тој нагласува дека овие банки не се доведоа во лоша состојба како во 2008 година поради лоши пласмани, туку поради каматниот ризик.

„Во време на ковид-пандемијата, сите знаеме дека централните банки и државите ја зголемуваа ликвидноста и интевернираа за да ги поддржат компаниите. Каматните стапки во САД и Европа беа блиску нула, а во Европа и негативни. Сега за 12 месеци дојде до брз раст на каматните стапки и овие банки не успеаја ефективно да го управуваат каматниот ризик и се соочија со загуби“, информира Бишев околу ситуацијата со колапсот на Банката на Силиконската долина.

Сепак е дециден дека ваквата ситуација не води кон повторување на кризата од 2008 година.

„Иако ова е голема банка со вкупна сила од 200 милијарди долари, таа не е системска банка и не подлежела на стрес-тестовите на регулаторните органи во САД и како таква нејзиното влијание не може да биде пресудно за финансискиот систем. Битно е да знаат граѓаните дека сите банки во Македонија подлежат на стрес-тест еднаш годишно. Тоа го следи Народната банка и таа во своите претпоставки за стресна ситуација вклучува многу поконзервативни претпоставки отколку што се случуваат во реалност“, изјавува Бишев.

Тој укажува дека сите банки во Македонија се стабилни, како и што вчера соопшти Народната банка.

„Тие тоа најдобро го знаат бидејќи на дневна основа ги имаат податоците од работење на банките. Кога велат банкарскиот систем е здрав, не гарантираат за ниту една банка, туку кажуваат дека не е можна нестабилност во финансиската сфера“, објаснува банкарот.

 

Банка на Силиконската долина Глигор Бишев САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.