Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби: Немам амбиција да бидам првиот премиер Албанец

0
By Соња Крамарска on March 15, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 15, 2023 12:19

Немам амбиција да бидам првиот премиер Албанец на Северна Македонија, туку сакам да останам запаметен како по реализацијата на проектите од  коридорите 8 и 10-д, односно за изградбата на автопатот Скопје-Блаце и по воспоставувањето на врската Приштина-Скопје-Тирана, изјави Артан Груби.

Во гостување на косовската телевизија „Дукаѓини“, Груби истакна дека кандидатот за премиер Албанец ќе го предложи лидерот на ДУИ, Али Ахмети и како што нагласи, сигурен е дека „нема да погреши во изборот“.

„Ова е проект на Али Ахмети за да ги урне табуата. Дојде време да се надминат предрасудите со изборот на албански премиер“, рече Груби.

Тој вели дека со коалицискиот договор од 2020 година меѓу СДСМ и ДУИ, се превидува во последните 100 дена од Владата премиер да биде личност од албанска националност.

„Во коалицискиот договор што го имаме постигнато со Зоран Заев стои во последните 100 дена тој да ја напушти Владата и да биде заменет со албански премиер“, рече Груби, тврдејќи дека и актуелниот премиер  Димитар Ковачевски „ветил дека договорот ќе важи“.

Изјавата на Груби уследи откако министерот за надворешни работи Бујар Османи на собир на ДУИ во Чаир изјави дека „за неколку месеци Албанец ќе биде премиер“ на земјава. Ваквата изјава беше протолкувана како можност за предвремени избори, имајќи предвид дека редовниот термин за парламентарни избори е идната година.

Но, според извори во СДСМ и ДУИ меѓу владините партнери не станало збор за одржување предвремени парламентарни избори.

Изворите во СДСМ оценуваат дека изјавата на Османи е во контекст на случувањата во ДУИ и порака за т.н. „Огнена група“.

албанец премиер Артан Груби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.