Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Филмот (Everything Everywhere All at Once) на режисерите Даниел Кван и Даниел Шајнарт за семејство кинески емигранти кои патуваат низ мултиверзуми и ја откриваат смислата на животот, апсолутно триумфираше во речиси сите главни категории на годинешното доделување на престижната холивудска награда. Брендон Фрејзер доби Оскар за најдобар актер за улогата во филмот „Кит“. И двата филма се дел од продуцентската куќа „А24“, која е специјализирана за мали независни филмови. „Сè насекаде одеднаш“ освои Оскар за режија, главна актерка, спореден актер, споредна женска улога, оригинално сценарио, монтажа и најдобар филм. Мишел Јео е првата актерка од Азија што освоила Оскар за…
Не чувствуваме само одговорност, туку би рекла и срам. Мора да има итна и целосна одговорност во секоја насока. И сите заедно, со сите сили да се погрижиме ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, рекла грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за железничката несреќа во земјата со 57 жртви. Сакеларопулу, за време на денешната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис додала дека земјата живее трагедија, а општеството е луто и „ја губи довербата во институциите“, истакнувајќи дека овој гнев и бес на народот не смееме да го заборавиме. Мицотакис, од своја страна, рекол дека оправдано е што постои лутина кај народот за нешто што „не требаше да се…
Министерот за правда Кренар Лога најави забрзување на постапката за помилување на лицата кои ги прекршиле правилата на пандемијата, како една од итните мерки за ублажување на состојбата во затворите во земјава. Тој навести и интервенции во затворот Идризово за проширување на просторите и подобрување на условите. „Затворскиот систем е оптоварен и група пратеници во Собранието го презедоа потребното дејство пред јас да дојдам во Министерството, побараа да бидат амнестирани сите кои донеле одлуки за прекршување на мерките за време на Ковид, бидејќи 200 лица сега одлежале или се наоѓат во затвор, а над 300 други чекаат да одат во…
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, одржаа прес-конференција, на која што ги соопштија најновите владини одлуки во врска со замрзнување и намалување на цените на тестенините и млечните производи. „Се замрзнува, односно намалува цената на тестенините, кое намалување се предлага да биде за 15 отсто, на цената која се применува во трговијата на мало на 1 март 2023 година, односно во просек за околу 8,00 – 9,00 денари. Се работи за тестенини, односно за макарони и шпагети“, рече Ковачевски. Покрај овие продукти цената ќе биде замрзната и на млекото, урдата, сирењето, кашкавалот, павлаката, киселото млеко…
Папата Франциско 10 години на чело на Ватикан, за приврзаниците „скромен“ за противниците „автократ“
Папата Франциско во понеделник ќе одбележи 10 години на чело на Католичката црква како многу популарна личност, но се соочува со внатрешно несогласување по една деценија реформи и покрај тоа што ја остави основната доктрина недопрена. Кога на 13 март 2013 година се појави на балконот на базиликата Свети Петар во неговата обична бела папска облека, новоизбраниот Хорхе Бергољо веднаш претстави слика на поинаков вид на папство. Насмеаниот, отворен језуит беше во целосна спротивност со неговиот резервиран, интелектуален претходник Бенедикт Шеснаесетти, кој го шокираше светот со тоа што стана првиот папа од средниот век кој поднесе оставка. И Франциско имаше…
Хрватскиот национален превозник, Croatia Airlines, ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје–Сплит, од 12-ти мај годинава, најавува ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот во Сплит. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Северна Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12-ти мај до 14-ти октомври 2023 година. Во овој период, Croatia Airlines ќе сообраќа со воздухоплов Dash 8-Q400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој вторник и петок. Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник / 23:00 часот во петок,…
Осум лица загинаа во синоќешното пукање во центарот на Јеховините сведоци во Хамбург, меѓу кои и осомничениот напаѓач, соопшти утрово полицијата, првпат официјално објавувајќи го бројот на жртвите. Напаѓачот пукал во „учесниците на настанот“ организиран од таа заедница, соопшти полицијата, додавајќи дека се повредени повеќе луѓе од кои „некои тешко“. Германската полиција го истражува мотивот на напаѓачот за кого не се познати повеќе детали. Но, весникот Шпигел пишува дека се верува дека напаѓачот бил член на заедницата на Јеховините сведоци. Весникот, повикувајќи се на неименувани извори, додава дека напаѓачот имал меѓу 30 и 40 години и дека претходно не ѝ…
Една четвртина од испитаниците Французи изјавиле дека не се чувствуваат способни да работат до пензионирање, покажува истражувањето објавено во време на дебата за зголемување на старосната граница за пензионирање во Франција од 62 на 64 години. Една четвртина од Французите се речиси девет милиони граѓани, или 37 отсто од вработените, според студијата спроведена меѓу 40.000 луѓе. Чувството дека „работењето е неодржливо“ е многу посилно кај оние помлади од 30 години (59 проценти) отколку кај оние над 50 години (18 проценти), кои често се откажуваат од потешки работни места додека се приближуваат до пензионирањето. Ова чувство е многу изразено кај жените…
Кристина Марабјан, новинарка во Jnews.ge, специјално за „Независен“ зборува за политичката ситуација во Грузија по масовните протести против законот за „странски агенти“ што ги крена на нозе прозападните сили во земјата. Според известувачите од Тбилиси ваков број на демонстранти не е виден досега, што ја принуди владата да го повлече контроверзниот закон кој можеше да доведе до украинско сценарио, т.е. нејзино уривање. Како ја оценувате политичката ситуација во Грузија по владината одлука да го повлече законот што предизвика протести во земјата? Можна ли е натамошна дестабилизација? -Ситуацијата сѐ уште е тензична, бидејќи малку луѓе ѝ веруваат на владата…
Со 41 глас „за“, 14 гласа „против“ и 1 „воздржан“, Советот на бугарскиот главен град Софија го одобри отстранувањето на Споменикот на советската армија, јави БГНЕС. Одлуката беше усвоена со гласовите на ГЕРБ-СДС, ДБ, Патриоти за Софија и независните општински советници. Групата на СП скандирала за оставка на претседателот на Советот, по што ја напуштиле салата. Отстранувањето на споменикот ја вжешти атмосферата не само во Софискиот совет, туку и пред зградата на општината, каде што се собраа неговите бранители. „Имаме јасен став, денешниот чин е пред се политички. Го поддржуваме предлогот на ДБ за преместување на споменикот на Советската армија“,…
Советот на Европската унија денеска во прво читање усвои став за безвизно патување за имателите на косовски пасоши, со што Косово се приближи до безвизниот режим со Европската унија. Новите правила ќе им овозможат на имателите на косовски пасоши да патуваат во ЕУ без виза за период од 90 дена во кој било период од 180 дена. Ова ослободување од виза ќе се применува од датумот кога ќе почне да функционира Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) или од 1 јануари 2024 година, кое и да е прво. Новите правила сега треба да бидат усвоени од Европскиот…
Вкупно 157 лица во Турција се приведени поради ширење провокативни објави на интернет по разорните земјотреси на 6 февруари, соопшти Генералниот директорат на турската полиција. Во соопштението се наведува дека во рамките на овластувањата дадени со закон, Единицата за компјутерски криминал работи деноноќно. Идентификувани се 1.139 лица со профили за кои се верува дека објавиле провокативна содржина поврзана со земјотресите на платформите на социјалните медиуми. Се верува дека објавите биле со цел да се создаде страв и паника меѓу турските граѓани, истакнува ТРТ-Хабер. Против 651 лице е поведена судска постапка, приведени се 157, а на 29 им е одреден притвор.