Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кристина Марабјан за „Независен“ од Грузија: Не сакаме повторно да бидеме СССР

0
By Соња Крамарска on March 9, 2023 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 9, 2023 16:23

Кристина Марабјан, новинарка во Jnews.ge, специјално за „Независен“ зборува за политичката ситуација во Грузија по масовните протести против законот за  „странски агенти“ што ги крена на нозе прозападните сили во земјата. Според известувачите од Тбилиси ваков број на демонстранти не е виден досега, што ја принуди владата да го повлече контроверзниот закон кој можеше да доведе до украинско сценарио, т.е. нејзино уривање.   

 

Како ја оценувате политичката ситуација во Грузија по владината одлука да го повлече законот што предизвика протести во земјата? Можна ли е натамошна дестабилизација?

-Ситуацијата сѐ уште е тензична, бидејќи малку луѓе ѝ веруваат на владата и сѐ уште не знаеме што ќе биде понатаму. Секако, се надевам дека ќе се вразумат и ќе сфатат колку е опасна ваква внатрешно-политичка ситуација во државата. Властите веќе подолго време се обидуваат да ги вовлечат медиумите во политичкиот конфликт во земјава, но ова беше првиот обид да се вовлече целиот граѓански сектор во конфликтот.

Колку луѓе учествуваа на протестите и дали важат споредбите на овој настан со украинскиот Мајдан?

-Во основа, протести се одржуваат во големите градови, каде што граѓанскиот сектор е поразвиен и има моќ, но за жал, тоа не е случај во регионите. Доколку властите не се согласат да го повлечат сосема овој закон, тоа попрво би било катастрофа или за земјата или за самата влада.

Колку е поделено општеството во земјата по војната во Украина и по која линија?

-Всушност, во земјата има три позиции по прашањето за војната во Украина. Дел од населението бара да се поддржи Украина дури и на штета на земјата, бидејќи Грузија сѐ уште е во голема мера економски зависна од Русија. Другиот дел од општеството е против ова и ја поддржува Русија, при што повеќе се работи за владејачкиот дел од населението кој е тесно поврзан со Русија. Останатите ја поддржуваат Украина, но веруваат дека Грузија не треба да помага на штета на сопствените интереси.

Како присуството на Русите што избегаа од мобилизацијата и од други причини влијае на внатрешната ситуација во Грузија? 

-Руските бегалци живеат во големите градови на Грузија како Тбилиси и Батуми, а во останатите региони практично нема Руси. Дел од населението верува дека за нив нема место во земјата, бидејќи Русија окупираше два региони на Грузија. Тие генерално имаат негативен став кон Русите, но сѐ уште нема сериозни конфликти. Другиот дел е толерантен кон нив.

Една фотографија собра аплауз од целиот свет: Девојката која се спротивстави на млазевите со вода веејќи го знамето на ЕУ… Која е таа и која е приказната зад неа?

-За жал, ништо не се знае за оваа хероина на денот.

Според одредени проценки, дури 85 отсто од Грузијците го поддржуваат членството во ЕУ, што е исклучок во целиот регион. Зошто европската ориентација е толку силна во Грузија во споредба со чувствата во другите земји во регионот?

-Не знам колку се вистинити овие бројки, бидејќи малку верувам во вакви анкети. Но, генерално, населението на Грузија е проевропско, бидејќи европските вредности можат да ѝ обезбедат на Грузија подобра иднина, со оглед на тоа што Грузија веќе има негативно искуство од животот во иста земја како Русија. Русија во последно време е сè повеќе одбивна за јужнокавкаските земји поради законодавството и империјалното размислување. Ниту Ерменија ниту Грузија не сакаат повторно да бидат во СССР. Тоа искуство ни беше доволно.

автор: Слободанка Јовановска за Независен

 

Грузија интервју Кристина Марабјан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.