Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово на чекор до безвизен режим со ЕУ

0
By Соња Крамарска on March 9, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 9, 2023 15:06

Советот на Европската унија денеска во прво читање усвои став за безвизно патување за имателите на косовски пасоши, со што Косово се приближи до безвизниот режим со Европската унија.

Новите правила ќе им овозможат на имателите на косовски пасоши да патуваат во ЕУ без виза за период од 90 дена во кој било период од 180 дена. Ова ослободување од виза ќе се применува од датумот кога ќе почне да функционира Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) или од 1 јануари 2024 година, кое и да е прво.

Новите правила сега треба да бидат усвоени од Европскиот парламент пред да бидат објавени во Службениот весник на ЕУ.

„Косово вложи големи напори да го подобри управувањето со безбедноста и миграцијата и да ја усогласи визната политика со политиката на ЕУ. Се надеваме дека нашата соработка на овие полиња ќе продолжи да биде плодна“, изјави шведската министерка за миграција, Марија Малмер Стенергард.

Како што се наведува во соопштението на Советот, Косово постигна значителен напредок во сите области од патоказот за визна либерализација. Врз основа на оваа оценка, Комисијата предложи укинување на визите за имателите на пасоши издадени од Косово. Визното ослободување ќе обезбеди целиот регион на Западен Балкан да биде под ист визен режим.

Комисијата ќе продолжи активно да го следи спроведувањето на овие барања, вклучително и усогласувањето на визната политика, преку механизмот за визна либерализација.

безвизен режим ЕУ Косово Совет на ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.