Author: Соња Крамарска

Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби не гледа ништо неморално и неетички во тоа што попладнево со министрите од ДУИ играл баскет и фудбал во неговиот Кабинет. Како што рече тој, денот бил напорен и предизвикувачки. Пораката од „играњето“ била дека се одличен тим, многу сложни заедно, дека се млади и полетни, желни за резултати и дека само што почнале со работа. „Не беше во работно време, но и да беше. Беше по завршување на Управувачкиот комитет за изградбата на коридорите 8 и 10 -д што е најголем проект во независна…

Read More

Германскиот Формула 1 тим Мерцедес веќе започна со тестирање на ажурираниот болид од 2023 година со пошироки странични понтони. Како што објави „Auto Motor und Sport“ моделот на новиот автомобил веќе активно се однесува во аеродинамичниот тунел.  Претходно, намерата за промена на концептот на актуелниот болид ја искажа и шефот на Мерцедес, Тото Волф.  Пилотите на Мерцедес немаа многу причини за радост викендот на отворањето на новата сезона. Во Бахреин, Луис Хамилтон заврши на петтото место, додека Џорџ Расел ја освои седмата позиција. извор: МИА

Read More

Европската комисија соопшти за почетокот на работата на надградениот Шенген информативен  систем (SIS), најголемиот систем за размена на информации за безбедност и управување со границите во Европа, пренесоа британските медиуми. Системот СИС  „обезбедува информации за барани или исчезнати лица, државјани на трети земји кои немаат законско право да останат во Унијата и за изгубени или украдени предмети (на пример, автомобили, огнено оружје, чамци и лични документи),“ наведува Комисијата. Оттаму додаваат дека унапредениот СИС подобрува за да вклучи нови категории на предупредувања, биометриски податоци како што се отпечатоци од дланка, отпечатоци од прсти и ДНК записи за исчезнати лица, како и дополнителни средства…

Read More

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека очекува сите членки на Европската унија да ја признаат независноста на Косово. Тој во Загреб ја прими вицепремиерката на Косово и министерка за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала-Шварц, која е во официјална посета на Хрватска. Милановиќ ги поздрави и напорите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, што, според него, ќе обезбеди долгорочна стабилност во Југоисточна Европа и европската перспектива на целиот регион, соопшти прес-службата на хрватската претседателка. Тој, исто така, нагласи дека Косово „отсекогаш имало и може да продолжи да смета на цврстата поддршка на Хрватска кога станува збор за меѓународната…

Read More

Два воени авиони СИАИ стормо се судрија денес нешто по 12 часот во близина на Рим. Едниот од авионите паднал во поле кај гратчето Гвидонија, додека вториот се урнал на улица во истото гратче на периферијата на Рим. Двата пилоти загинале, јавува Кориере дела сера. Областа на несреќата е оградена и спасувачите проверуваат дали во несреќата настрадале и други лица. Во тек е полицискиот увид. Италијанските медиуми јавуваат дека загинале потполковникот Даниеле Чипрано и мајорот Марко Менегело. Според неофицијалните информации, четири летала полетале од воениот аеродром Гвидонија на тренажен лет над блиското село, а не е јасно како се нашле…

Read More

Владата на Република Северна Македонија го одобри договорот за изградба на Коридорот 8 и 10-Д. Одобрувањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10-Д доаѓа по четиринеделните преговори кои се водеа меѓу консултантот за финансиски трансакции на Владата, ИРД и меѓународниот конзорциум Бехтел Енка. „Денеска е голем ден во Управниот комитет и во Владата каде го разгледавме Извештајот на нашиот консултант за преговорите со конзорциумот Бехтел  Енка за изградба на Коридорот 8 и 10-Д како и одобрување на содржината и потпишување на договорот”, велат од Владата. Воедно, Владата пред неколку недели го одобри заклучокот предложен од Комитетот за преговори…

Read More

Украина вети дека ќе ги пронајде руските војници кои убија невооружен украински воен затвореник, откако на Интернет се појавија вознемирувачки снимки. „Ќе ги најдеме убијците“, рече претседателот Володимир Зеленски доцна синоќа. Во видеото, украинскиот војник се гледа како пуши цигара во ров. Тој вели „Слава на Украина“ пред да биде застрелан со автоматско оружје. Тој од украинската војска денес е именуван како Тимофија Шадура, кој бил исчезнат од 3 февруари. Последен пат бил виден во близина на источниот град Бахмут каде во последните месеци се водат жестоки борби. „Во моментов, телото на нашиот соборец е на привремено окупираната територија“, се…

Read More

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат за МИА од Алијанса за Албанците. Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од редовите на Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево. Додека, пак, Абази на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје…

Read More

Зоран БОЈАРОВСКИ Ако до ноември не ги усвоиме уставните измени ќе се соочиме со одлагање на евроинтеграцијата ќе влеземе во нова неизвесност заради тоа што ќе го испуштиме актуелниот момент кога заради војната во Украина и ризиците што доаѓаат од Русија, Европската Унија гледа на проширувањето како на инструмент за долгорочна европска безбедност – е централната поента на соговорниците на Рацин.мк во анализата која го разгледува процесот на донесувањето на уставните измени и временската рамка во која што треба да се реализира. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека првиот сериозен и значаен чекор е веќе направен: Консолидирано…

Read More

„Мета платформи АД“, сопственик на Фејсбук и Инстаграм, планира нова рунда на намалувања на работни места и ќе отпушти илјадници вработени оваа недела, според упатените во плановите на компанијата. Во обид да стане поефикасна организација, најголемата компанија за социјално вмрежување во светот започна со намалување на повеќе работни места, и покрај кратењето од 13 отсто во ноември. Во претходната рунда на намалувања, „Мета“ отпушти 11.000 вработени како дел од својата прва голема кампања за оптимизација. Компанијата исто така работи на реструктуирање на својата организација преку обезбедување пакети за компензација при отпуштање на менаџери и скратување на цели тимови за кои…

Read More

Утрово МВР издаде соопштение во врска со синоќешното двојно убиство во Старата скопска чаршија. Во соопштението освен вообичаените датум и локација се прецизира дека убиствата се случиле во угостителски објект на улица „Самоилова“ во Скопје. „Пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот, и кон А.Т.(34) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Известен е јавен обвинител, кој излезе на лице место и по чија наредба телата се дадени на…

Read More

Пратеникот во Собранието и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, кој е еден од најистакнатите членови на т.н. „Огнена група“ во партијата, во изјава за МИА вели дека не се точни информациите оти е разрешен од должноста претседател на огранокот на Демократската унија за интеграција за Општина Чаир. „Не сум разрешен. Јас сум избран во легална процедура и низ редовна кампања и имам мандат како претседател на огранокот“, изјави Меџити. Коментирајќи ги информациите дека на негово место како „координатор на ДУИ за Чаир“ е именуван актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи, Меџити вели дека таквата одлука е смешна и нелегитимна,…

Read More