Author: Соња Крамарска

Портпаролот за надворешна политика на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека целта на европскиот договор за кој вчера разговараа претседателот Александар Вучиќ и премиерот на приштинските привремени институции Албин Курти не е признавање, туку нормализација на односите меѓу Косово и Србија. На прашањето на словенечки новинар дали овој договор води кон меѓусебно признавање на Србија и Косово, Стано рече дека одговорот е „не“. „Целта на договорот не е признавање туку нормализација на односите, а содржината на нормализацијата треба да се дефинира меѓу двете страни и тие да го направат тоа. ЕУ го олеснува дијалогот. Ние не им диктираме што…

Read More

Владата на денешната седница ја замрзна цената на белиот леб на 33 денари. Исто така, донесена е одлука и да се укине субвенционирана цена на струјата за компаниите. Цената на лебот ќе биде замрзната до 31 мај оваа година. Како што рече на денешната прес-конференција премиерот Ковачевски, овие одлуки се донесени бидејќи компаниите не ги намалиле цените на основните производи и покрај антикризните мерки на Владата. „Антикризните мерки ги носевме за да обезбедиме мирна и предвидлива есен и зима за граѓаните и компаниите во време на енергетска криза. Компаниите добија цена на струја преку ЕСМ пониска од берзанската. Помина доволен…

Read More

По сѐ изгледа дека цената на водата за пиење во Скопје не само што нема да се зголеми, туку можно е и да се намали или  да остане иста. Минатата недела Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на просечната тарифа на водата за 3,22 денари, откако ЈП „Водовод и канализација“ побара од нив корекција на цената. Потоа од јавното претпријатие излегоа со демант на таа информација и тврдеа дека никогаш не побарале водата да поскапи. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски денеска повторно потврди дека фактите се јасни и дека одлуката ја донеле врз основа на…

Read More

Не е точно дека Спасески го нападнал Пендиков по национална основа, тоа е исполитизирана работа, изјави по денешното прво рочиште адвокатот Димитрија Цобоски, бранител на Илија Спасески, обвинет за физички напад врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“. „Како може да биде напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази кого било. Сега размислете дали може да биде напад од омраза или пак на овој случај му се дава еден политички акцент, призвук, кој се исполитизира до страшни граници, што…

Read More

Обвинителството нема намера да го блокира работењето на болницата „Жан Митрев“, вели обвинителката Искра Хаџивасилева за блокираните сметки на клиниката откако оттаму утрово соопштија дека не можат да функционираат. Барањето за блокирање сметки е од пред неколку месеци, а судот донесе одлука непосредно пред почнувањето на судскиот процес. Обвинителката вели дека таа мора да води грижа и за побарувањата на оштетените пациенти и семејства, а на обвинетиот Жан Митрев му порача дека може да понуди и друга гаранција, па да се одмрзнат сметките. Тоа, нагласи, го дозволува и законот. „Ова е нешто што трае подолго време. Обвинителството повтори дека не…

Read More

Во услови на тензична размена на закани меѓу мелничко- пекарската индустрија и Владата, крајно неизвесно е дали на крајот граѓаните ќе можат да купат поевтин леб или пак овој животен производ едноставно нема го има на одреден период. Неколку месеци по овозможувањето субвенционирана струја, конечно „се стопи“ оптимизмот дека ќе дојде до поефтинување, па оттука како основна дилема се постави прашањето околу промисленоста на оваа мерка имајќи ја предвид подготвеноста на пекарите да ги прилагодат производите на стандардот на македонскиот граѓанин. Во моментотов на маса се многу аргументи за и против, но според универзитетскиот професор Зоран Ивановски сите укажуваат едно,…

Read More

Проценета на 33,1 отсто од официјалниот БДП, сивата економија на Бугарија е најголема во Европа според студијата спроведена од Одделот за економски и научни политики и политики за квалитет на живот, на барање на комисија на Европскиот парламент. По Бугарија следуваат Хрватска (29,7 отсто) и Романија (29 отсто), многу над останатите земји чии сиви економии изнесуваат помалку од 23 отсто од нивниот БДП. Ако по економската криза од 2008-2009 година уделот на неформалната економија во европските земји постојано се намалуваше, во последните три години, поради избувнувањето на пандемијата и војната во Украина, тој значително се зголеми, се вели во европската…

Read More

Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа соопшти дека сите федерални агенции во рок од 30 дена мора да ја избришат кинеската апликација TikTok од нивните уреди. Белата куќа веќе некое време не дозволува присуство на апликацијата TikTok, во сопственост на кинеската компанија ByteDance, на своите уреди, пренесува АП. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг реагираше на оваа забрана на денешната прес-конференција, велејќи дека Кина „остро се спротивставува на овие погрешни потези“, пренесе Ројтерс.

Read More

Беа потребни речиси шест месеци, осум посети на европски дипломати во Белград и десет посети на Приштина за единаесетте точки од договорот за односи меѓу Србија и Косово да бидат договорени и откриени во јавноста – но не и потпишани. Европскиот комесар за надворешна политика, Жозеп Борел, по завршувањето на бриселската рунда преговори меѓу Србија и Косово објави дека претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти се согласиле дека натамошните дискусии за текстот на предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина не се неопходни. Договорениот текст на договорот, за кој тајно се преговараше речиси половина година,…

Read More

Почнува петти месец како скопјани имаат проблем со јавниот превоз кој е во хаос бидејќи приватните превозници не сообраќаат, а ЈСП нема доволно автобуси, а и тие кои ги има се полусиправни. Во овие пет месеци е голем предизвик да се стигне на работа, во училиште, на лекар или пак да се заврши некоја потреба. Апликацијата за возен ред не работи, автобусите доаѓаат некогаш на секои 40 минути, некогаш на еден час, а и кога ќе дојдат се расипуваат по само две поминати станици. Возачите се нервозни, без одговор на нервозата на патниците на кои животот им се претвори во…

Read More

Врховното бугарско обвинителство испрати писма преку Министерството за правда на Република Бугарија до Министерството за правда на Соединетите Американски Држави со барање да му ги достави информациите на кои се засноваат наодите на надлежните американски органи во врска со наложените санкции кон пет бугарски државјани. Информацијата е побарана во врска со истраги покренати од бугарското обвинителство по  информацијата објавена на 10.02.2023 година на веб-страницата на амбасадата на САД во Софија за санкции наметнати на бугарскиот граѓани од Канцеларијата за контрола на странски средства (ORAC) до Министерството за финансии на САД. Токму информациите објавени од надлежните органи на САД се основа…

Read More

Во текот на денешниот ден, на армискиот полигон „Криволак“, со прелети на воени воздухоплови, се реализираше заедничка обука во навигационо наведување на специјализирани тимови од Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на САД, соопшти прес-службата на Армијата. За време на активноста, два американски воени воздухоплови, преку симулација на блиска воздушна поддршка, овозможија проверка на процедурите во навигациско наведување на копнени цели од воздух, како дел од здружената воздухопловна контрола. Притоа, специјализираните тимови на Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на САД имаа можност на терен да ги извежбаат постапките во координирање, воздушно наведување, блиска воздушна поддршка…

Read More