Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатот на Спасески вели дека Пендиков е натепан од други мотиви

0
By Соња Крамарска on February 28, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 28, 2023 12:23

Не е точно дека Спасески го нападнал Пендиков по национална основа, тоа е исполитизирана работа, изјави по денешното прво рочиште адвокатот Димитрија Цобоски, бранител на Илија Спасески, обвинет за физички напад врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

„Како може да биде напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази кого било. Сега размислете дали може да биде напад од омраза или пак на овој случај му се дава еден политички акцент, призвук, кој се исполитизира до страшни граници, што е особено штетно за целата постапка. Ова е чисто политичка работа“, рече адвокатот Цобоски.

Според него, за одбраната не е неопходно на судењето да присуствува самиот Пендиков, кој по нападот беше евакуиран од страна на официјална Софија.

„Неспорно е дека има повреда, но тој може да патува и да присуствува на судењето“, рече Цобоски.

Адвокатот го коментираше и гостувањето на Пендиков во БТВ:

„Неспорно е дека тој не знае кој го удрил од позади, тој не знае кој го шутирал, вели дека бил тепан 10 минути“, изјави адвокатот.

На прашање што бил мотив за тепачката тој рече дека мотивите за кои се товари треба да ги докаже обвинителот.

„Ќе видиме, тоа треба да го докаже обвинителот. Ние имаме објаснување зошто била тепачката и во текот на постапката ќе го кажеме“, рече адвокатот.

Рочиштето за нападот на Пендиков се одложи по 20 минути од почетокот, по барање на адвокатите на обвинетиот Спасески да им бидат доставени сите докази со кои Обвинителството ќе докажува вина пред судот. За нив е важно да ги имаат аудио и видеозаписите со кои располага обвинителот, по што обвинетиот Спасески ќе може да се произнесе за обвинението. Со ова се согласи и судијата Бојан Мартиноски и го закажа следното рочиште за 5 април.

 

Димитрија Цобоски Илија Спасески судење Пендиков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.