Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителката Хаџивасилева за блокирањето на „Жан Митрев“: Мораме да водиме сметка и за оштетените пациенти

0
By Соња Крамарска on February 28, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 28, 2023 12:13

Обвинителството нема намера да го блокира работењето на болницата „Жан Митрев“, вели обвинителката Искра Хаџивасилева за блокираните сметки на клиниката откако оттаму утрово соопштија дека не можат да функционираат.

Барањето за блокирање сметки е од пред неколку месеци, а судот донесе одлука непосредно пред почнувањето на судскиот процес. Обвинителката вели дека таа мора да води грижа и за побарувањата на оштетените пациенти и семејства, а на обвинетиот Жан Митрев му порача дека може да понуди и друга гаранција, па да се одмрзнат сметките. Тоа, нагласи, го дозволува и законот.

„Ова е нешто што трае подолго време. Обвинителството повтори дека не е негова претензија да се блокира работата на болницата, напротив, се водевме од начелата на пропорционалност. Сега имате од страна интерес на оштетени и нивното правото на побарување кое е пријавено, јас чувствувам обврска да го заштитам, но повторено е многупати како и денес дека одбраната може и апсолутно е прифатливо да понуди износ како гаранција за таквото побарување. Тоа е нешто што Обвинителството и тоа како ќе го цени, дури и го охрабрува“, изјави обвинителката.

Од клиниката, пак, претходно се пожалија дека не може да си ги извршуваат обврските кон банките.

„Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата ‘Жан Митрев’, која е здравствена организација од јавен интерес. Клиниката ‘Жан Митрев’ од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките. Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме сè што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање иако, постапките на Кривичниот суд, а на барање на обвинителството одат во поинаква насока односно бараат наше затворање“, реагираа од болницата.

Жан Митрев и болницата како правно лице се обвинети за кривичното дело измама, а предметот е поврзан со користење на методот на хемофилтрација кај ковид-пациенти за што обвинителството тврди дека докторот не смеел да го прикажува како алтернатива за лекување од овој вирус. Докторот и сопственик на клиниката денеска се појави во Основниот кривичен суд Скопје на првото закажано рочиште, но тоа се одложи бидејќи тој ангажирал нови адвокати кои бараа време за да се запознаат со предметот. Коментирајќи го одложувањето, обвинителката рече дека неговото право на одбрана е неприкосновено, но треба да биде и гаранција понатаму за неговото присуство во судскиот процес.

„Правото на одбрана е неспорно, обвинетиот може да ангажира и повеќе бранители, но тоа не треба да биде причина за одлагање, правото на одбрана треба да претставува гаранција за соодветно присуство на бранител во целата постапката“, рече Хаџивасилева.

За овој предмет кој ОЈО Скопје го отвори по документарецот „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) емитуван во јули лани, обвинителката е убедена дека има доволно докази за ја докаже вината на обвинетиот и болницата.

„Обвинителството работи врз основа на факти и прибира доказен материјал. Овој предмет е почнат по допрен глас врз основа на новинарското истражување. Но не и само тоа, однапред беше јасно дека и претходно постоеле и многу пријави од лица кои биле доставувачи до лекарска комора, невладини, здруженија… така што обвинителството собираше докази, утврди фактичка состојба и поднесе обвинение бидејќи сметаше дека основното сомневање е потврдено од доказите. Тоа се објективните нешта, а какво е субјективното чувство на обвинетиот не знам“, рече Хаџивасилева.

Следното судското рочиште е закажано за 5 април.

Докторот Жан Митрев, пак, го напушти судот додека обвинителката зборуваше пред новинарските камери, иако побараа, тој денеска не даде изјави пред новинарските екипи.

Во своите јавни настапи претходно, како и во неколкуте соопштенија испратени до медиумите. Митрев рече дека не измамил пациенти како и дека ова е хајка против него.

„Вистината е на наша страна, обвинението е целосно неосновано и тоа ќе го докажеме и институционално. Очекуваме брз и транспарентен процес на кој преку јасни и јавни информации, сведоштва и доказен материјал ќе се утврди вистината дека ниту еден пациент не бил измамен“, рекоа од клиниката по поднесувањето на обвинението на 10 јануари.

Во текот на ковид-пандемијата, во најтешките периоди, тврдеа оттаму, работевме според сите меѓународни стандарди, транспарентно и во согласност со утврдени и дозволени методи за лекување.

блокирана сметка клиника Жан Митрев обвинителство прво рочиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.