Author: Соња Крамарска

Војната во Украина не е само за правото на Украина да живее во мир и безбедност, туку и каков свет сакаме да наследат нашите деца, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на отворањето на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. „Никој од нас не сака да живее во свет во кој автократите можат да ги напаѓаат своите мирни соседи, да ги газат нивните граници и да го бомбардираат својот народ. Се собравме да се бориме за свет каде правилата се важни, суверенитетот се почитува и цивилите се заштитени“, рече Остин. Тој нагласи дека состанокот на министрите…

Read More

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) соопшти дека во претстојните денови постепено ќе се враќаат во функција системите кои неодамна беа хакирани и дека процесот одзема дополнително време, но техничките тимови работат постојано. „Фондот потсетува дека анализата на експертските технички тимови утврди дека при сајбер-нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Фондот денеска испрати и известување до сите јавни и приватни здравствени установи со детални упатства за проверка на осигурениците преку Мој термин, со што ниеден осигуреник не смее да биде вратен од правото на здравствена заштита. Приоритет е враќањето на функционалноста за исплатите на платите на здравствените…

Read More

Лидерот на Демократски сојуз и пратеник во Собранието, Павле Трајанов информира за „Локално“ дека го поддржува Законот за ратификација на Договорот за ФРОНТЕКС, но поради партиски обврски не присуствувал во Собранието за време на гласањето. „Јас гласав дури бев таму. После тоа почнаа седницата на Централниот одбор на ДС и веројатно затоа. Дури и претходно кога беше расправата гласав „за“. Сум за Договорот за Фронтекс, но веројатно во моментот не бев присутен поради други обврски во партијата. Интегрално го поддржувам Договорот и нема никакви други причини“, вели Трајанов во изјавата. Од синоќа Демократски сојуз е во опозиција откако го напушти…

Read More

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Брисел изјави дека „напорно работи“ за „што е можно побрзо“ да ги добие конечните ратификации од Турција и Унгарија за пристапувањето на Шведска и Финска во Алијансата, но не ја отфрли можноста за одвоен прием на тие земји. „Главното прашање не е дали пристапувањата на Финска и Шведска ќе бидат ратификувани заедно, туку дали и двете ќе бидат ратификувани што е можно поскоро“, рече Столтенберг на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата. „Уверен сум дека ќе ги има и двете ратификации и напорно работам за да го постигнам тоа…

Read More

Каква беше наплатата на даноците во 2022 година во однос на 2021 и 2020 година? Дали економската криза во ковид периодот, а потоа и во периодот на енергетската криза влијаеше на прибирањето на даноците?  Во тој период бевме на голем тест како институција затоа што овозможивме реализација на повеќе анти-кризни мерки. Функционираме во криза, но наплатата и во 2020 и во 2021 година имаше соодветен раст, согласно планот за полнење на буџетот. Гледајќи ја приходната страна ние тука ја имаме најголемата одговорност како даночна управа. Тој раст го имаме секоја година и тука нема да застанеме затоа што имаме уште…

Read More

Одлуката што ја донесе Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на силината и на стабилноста на владиното мнозинство, оцени премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочи пример – дека вчера биле изгласани многу важни закони, како што се оние поврзани со „Отворен Балкан“, за слободно движење на луѓето, но и Договорот за Фронтекс, со којшто за првпат македонскиот јазик стана дел од официјалните јазици на ЕУ. „Она што го ветивме тоа и го остаривме и тоа го ратификуваше Собранието. Она што можам да кажам е дека ме радува што Демократски сојуз кажа дека останува на европскиот пат и на поддршка на такви…

Read More

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, кој доаѓа од редовите на Демократскиот сојуз, поднел оставка од функцијата и истата ја доставил до премиерот Димитар Ковачевски, информира за „360 степени“ лидерот на ДС Павле Трајанов. Ваквиот потег на Димитровски доаѓа по вчерашната одлука на партиските тела на ДС, партијата да ја напушти владината коалиција и да премине во опозиција. ДС има една директорска позиција во Јавно претпријатие, односно во Службен весник, и согласно партиската одлука, и тој треба да поднесе оставка од функцијата. „Одлуката е сите носители на функции од нашата партија да си поднесат оставки“, изјави Трајанов. Демократскиот сојуз синоќа…

Read More

Студијата на Банката на Англија покажува дека Велика Британија претрпе загуба на деловни инвестиции од референдумот за излегување од ЕУ во 2016 година, во вредност од 29 милијарди фунти или 1.000 фунти (1.130 евра) по домаќинство. Џонатан Хаскел, надворешен член на деветчлениот комитет за монетарна политика на Банката на Англија, кој ги одредува каматните стапки во Велика Британија, изјави дека инвестициите во приватниот сектор по Брегзит биле „запрени“ по одлуката за напуштање на Европската унија, пренесува Танјуг, повикувајќи се на на Гардијан. Тој рече дека веднаш по гласањето, Обединетото Кралство почна да заостанува зад трендот од претходните шест години и…

Read More

18-годишно момче по име Мухамед Кафер денес беше спасено од урнатините на зграда во јужна Турција, трето спасување утринава за околу 198 часа по минатонеделниот разорен земјотрес, пренесува Ројтерс. Во земјотресот од минатиот понеделник и големите последователни потреси загинаа повеќе од 37.000 луѓе во јужна Турција и северозападна Сирија, според официјалните бројки кои се очекува да се зголемат многу повеќе. Во турската провинција Адииман, радиодифузерите ги покажаа спасувачите како го носат Кафер врзан на носилки, маска за кислород преку лицето и здравствен работник кој држи торба со интравенска опрема, од местото на урнатата зграда до амбулантно возило што чекаше. Кафер…

Read More

Собранието попладнево ја започна седницата за реконструкција на Владата. На дневен ред на 104. седница се предлогот за разрешување и за избор на нови  членови на Владата, како и предлози за разрешување и за избор на заменици на министри. Дневниот ред на седницата е усвоен со 64 гласа „за“, од 115 присутни пратеници. Против и воздржани немаше. Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на почетокот на седницата ја потенцираше, како што рече, потребата за стабилност и за врвните интереси на државата. Ковачевски на почетокот на седницата изрази сочувство за загубите на човечките животи во земјотресите во Турција и Сирија. Координаторот…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот Фејсбук профил ја поздрави ратификацијата на законите од „Отворен Балкан“ од страна на Собранието со што граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи. „Паѓаат работните дозволи за граѓаните од Отворен Балкан! Преку регионална соработка и оваа иницијатива, а врз основа на европската пракса и принципи, овозможуваме слободен пазар на труд меѓу земјите од Отворен Балкан и повисоки плати. Со денешната ратификација на законите од иницијативата „Отворен Балкан“ граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да…

Read More

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Собранието изјави дека го прифатил француско-германскиот предлог бидејќи во спротивно Косово ќе влезе во конфронтација со сојузниците, јавува Косово онлајн од веб-страницата „Кљан Косова“. Курти на денешната седница на Собранието на која се расправа за дијалогот меѓу Косово и Србија рече дека го прифатил француско-германскиот предлог, откако меѓународните делегати јасно ставиле до знаење дека овој предлог, како што пренесе, е многу близок до принципот на „земи или остави“. „На 20 јануари меѓународните делегати кои го придружуваа Мирослав Лајчак, односно американски, германски, француски и италијански, ми дадоа некои насоки на оваа последна средба. Јасно ми…

Read More