Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна седницата за реконструкција на Владата, 64 пратеници гласаа за дневниот ред

0
By Соња Крамарска on February 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 13, 2023 16:11

Собранието попладнево ја започна седницата за реконструкција на Владата. На дневен ред на 104. седница се предлогот за разрешување и за избор на нови  членови на Владата, како и предлози за разрешување и за избор на заменици на министри.

Дневниот ред на седницата е усвоен со 64 гласа „за“, од 115 присутни пратеници. Против и воздржани немаше.

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на почетокот на седницата ја потенцираше, како што рече, потребата за стабилност и за врвните интереси на државата. Ковачевски на почетокот на седницата изрази сочувство за загубите на човечките животи во земјотресите во Турција и Сирија.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека врз основа на член 221 од Деловникот, на дневниот ред разрешувањето на министрите требале да бидат поединечно, најавувајќи дека пратениците од опозицијата активно ќе дискутираат на седницата.

Со реконструкцијата во Владата на премиерот Димитар Ковачевски влегува Алијансата за Албанците, а излегува Алтернатива.

Претпладнево на седница на Собранието беа констатирани оставките на министрите за правда Никола Тупанчески и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, а во рамки на 104. седница останува да бидат разрешени тројцата министри од Алтернатива – за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора, кои најавија дека нема да присуствуваат на заседанието.

Нови министри ќе бидат Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу  за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на Алијанса за Албанците, како и на Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање.

Влада реконструкција Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.