Author: Соња Крамарска

Разорниот земјотрес може да ја чини Турција до 85,1 милијарди долари, соопшти Турската Конфедерација на претпријатија и бизнис. Во извештајот на Конфедерацијата се вели дека трошоците би можеле да вклучат 70,8 милијарди долари за поправки на неколку илјади домови, 10,4 милијарди долари изгубен државен приход и 2,9 милијарди долари за изгубени денови, објави Ал Џезира. Според текстот на документот, најголем трошок ќе биде реконструкција на станбени згради, далноводи и инфраструктура, како и задоволување на станбените потреби на неколку стотици илјади луѓе кои останаа без покрив над главата. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека станбените згради ќе бидат обновени…

Read More

Клиника Жан Митрев очекува јавен и транспарентен процес низ којшто ќе ја докажеме нашата невиност во однос на сите обвинувања кон д-р Митрев и кон клиниката, соопшти пред малку клиниката по веста дека обвинението против Митрев и клиниката е прифатено и дека за 28 февруари за закажано првото рочиште. „Вистината е на наша страна, обвинението е целосно неосновано и тоа ќе го докажеме и институционално. Очекуваме брз и транспарентен процес на кој преку јасни и јавни информации, сведоштва и доказен материјал ќе се утврди вистината дека ниту еден пациент не бил измамен“, велат од клиниката Жан Митрев. Додаваат и дека…

Read More

Трите генератори ветени за граничните точки во Република Северна Македонија ќе одат во Турција. Ова денеска го соопшти во Бугарија министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев. „Обезбедив три генератори за границата, но бидејќи ситуацијата во Турција бара многу поинаков пристап, планирам да ги задоволам нивните потреби со овие три генератори. Се надевам дека Република Северна Македонија ќе најде сили и средства многу подобро да си ја обезбеди граничната контрола. Следат консултации на кои и јас ќе учествувам и ќе разговарам за сите проблеми, но мислам дека потребите во Турција се поголеми и таму ќе ги насочиме силите“, рече министерот Демерџиев.…

Read More

Основниот кривичен суд Скопје го прифати обвинението против докторот Жан Митрев и против истоимената клиника. Од судот соопштија дека веќе е одреден и датум за првото судското рочиште – 28 февруари 2023 година. Според информациите од Судот, случајот е распореден кај судијката Лидија Петровска, која има речиси десетгодишно искуство во судот, односно избрана е за судијка во август 2013 година. Обвинението против Жан Митрев и болницата го поднесе Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје на 10 јануари 2023, за кривичното дело измама а е поврзано со лекувањето ковид-пациенти со методот хемофилтрација. Обвинението го товари лекарот и сопственик на болницата Жан Митрев…

Read More

Велика Британија ќе ја преиспита безбедноста на сопствениот воздушен простор по упадот на кинескиот набљудувачки балон во американскиот воздушен простор претходно овој месец, изјави денеска министерот за одбрана Бен Валас. Соединетите Американски Држави го соборија балонот, за кој рекоа дека се користел за шпионажа, а безбедносните сили оттогаш соборија уште три летечки објекти над Северна Америка. Пекинг тврди дека се работи за метеоролошки балон кој излетал од курсот и ги обвинува САД за претерано реагирање. „Обединетото Кралство и неговите сојузници повторно ќе проценат што значат овие упади во воздушниот простор за нашата безбедност. Овој развој е уште еден показател за…

Read More

Еден од најтешко погодените градови од земјотресот беше турскиот град Газиантеп. Овој турски град, кој се наоѓа на 80 километри од епицентарот на земјотресот во Кахраманмараш, остана уништен. Меѓу зградите кои се урнаа беше и замокот Газиантеп стар 2.000 години. Овој историски замок бил изграден во вториот и третиот век од нашата ера за време на Римската империја. Турската новинска агенција Анадолу објави дека „некои од ѕидовите во источните, јужните и југоисточните делови на историскиот замок Газиантеп во централната област Шахинбеј се уништени во земјотресот, а остатоците се расфрлани на патот“. Анадолија понатаму наведува дека дел од железните огради на…

Read More

Израелската полиција вчера уапси 35-годишна жена, кој прошета во костим за капење пред Ѕидот на плачот во Ерусалим. Жената се соблече во зелен дводелен костим за капење во знак на протест против предлог-законот, со кој секој што ќе се појави пред Ѕидот на плачот во „нескромна облека“ ќе биде и казнет со шестмесечна затворска казна. Со тоа таа се обиде да поттикне повеќе жени да протестираат. Рабинот Шмуел Рабинович рече дека е шокиран и ужаснат од провокацијата која „ја нарушува светоста на местото“. „Оваа локација е света за сите Евреи и е забранета за какви било контроверзии и провокации“, наведе…

Read More

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 75 денари за литар, додека малопродажната цена…

Read More

Тројцата министри од Алтернатива, за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора, не присуствуваат на денешната собраниската седница за закажана за во 15 часот за реконструкција на Владата, потврдија за МИА од Алтернатива. Како што посочија од партијата, тројцата министри остануваат на ставот дека нема да дадат оставки, и како што велат, доколку има премиерот Димитар Ковачевски некоја забелешка кон нивната работа, да ги разреши. Во пресрет на денешната седница, „Алтернатива“ синоќа ја соопшти одлуката на Централното претседателство дека ќе дејствува како опозиција, а претходно во петокот премиерот…

Read More

Економијата на еврозоната ќе порасне повеќе од претходно прогнозираните во 2023 година, бидејќи енергетската криза се намалува и еврозоната ја избегна рецесијата оваа зима, соопшти Европската комисија. Економијата на 20-те земји сега се очекува да се зголеми за 0,9 отсто наместо 0,3 отсто, бидејќи „поволниот развој“ и помогна да ги надмине ефектите од руската инвазија на Украина, соопшти ЕК, цитирана од АФП. Се очекува и инфлацијата да забави повеќе од претходно прогнозираното. „Континуираната диверзификација на изворите на снабдување и остриот пад на потрошувачката ги оставија нивоата на складирање на гас над сезонските просеци од изминатите години, а големопродажните цени на…

Read More

Експлозијата на тритол предизвика „земјотрес“ во јужниот албански приморски град Саранда, од која целосно е уништен хотел а оштетени се и најмалку 20 други деловни објекти. „Саранда денеска се разбуди од звукот на силна експлозија во хотел, која предизвика паника кај граѓаните, додека експлозивот целосно го уништи трикатниот објектот. Пет килограми тритол бил поставен на влезот од хотелот, сопственост на Спиро Чабири, кој се наоѓа на градскиот булевар, додека од експлозијата се оштетени и околните згради. За среќа нема информации за повредени“, јавија албанските медиуми. Според полицијата сопственикот на хотелот „Визант“ кој работел само во летната сезона, додека сега бил затворен, имал недоразбирања со поранешниот косопственик,…

Read More

Собранието денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчески и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу. Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчески, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците. „Констатирам дека на Тупанчески, Нуредини, Рендевски и Нухиу им престануваат функциите“, рече Џафери. Пред почетокот на 103. седница, пратениците со едноминутно молчење им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија .

Read More