Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тројцата министри од Алтернатива ќе ја игнорираат собраниската седница за нивно разрешување

0
By Соња Крамарска on February 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
фото илустрација: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 13, 2023 13:02

Тројцата министри од Алтернатива, за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора, не присуствуваат на денешната собраниската седница за закажана за во 15 часот за реконструкција на Владата, потврдија за МИА од Алтернатива.

Како што посочија од партијата, тројцата министри остануваат на ставот дека нема да дадат оставки, и како што велат, доколку има премиерот Димитар Ковачевски некоја забелешка кон нивната работа, да ги разреши.

Во пресрет на денешната седница, „Алтернатива“ синоќа ја соопшти одлуката на Централното претседателство дека ќе дејствува како опозиција, а претходно во петокот премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на АА Арбен Таравари ги заокружија преговорите за соработка.

Претседателот на „Алтернатива“ Африм Гаши вчера по седницата на Централното собрание најави дека тројцата пратеници од оваа партија ќе дејствуваат како опозиција, нивните функционери ќе се повлечат од функциите, но доколку има уставни измени ќе гласаат „за“.

Министерот за здравство Беким Сали од Алтернатива треба да биде заменет со д-р Фатмир Меџити, специјалист невролог во Универзитетската клиника за неврологија, додека позицијата на Адмирим Алити во МИОА се отстапува на Азир Алиу, доктор по информатички науки на Природно-математичкиот факултет при УКИМ-Скопје, кој има работно искуство како професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, и во приватниот сектор.

министри од Алтернатива собраниска седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.