Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Општина Дојран доби од Словенија 1.300.000 евра за изградба на пречистителна станица. Ова го соопшти градоначалникот Анго Ангов, кој потенцира дека заедно со добиените средства од Владата во износ од 135 милиони денари конечно ќе се реши деценискиот проблем со колекторскиот систем и пречистувањето на отпадните води. „Добивме позитивен одговор од страна на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија за предлог проектот ‘Унапредување на заштитата на споменикот на природата – Дојранско Езеро преку подобрен третман на отпадните води во Општина Дојран’. Благодарение на одличната соработка на Дојран и амбасадата на Словенија и со амбасадорот Милан Предан, 1.300.000…
Бројот на загинати во Турција и Сирија по катастрофалните земјотреси во понеделникот достигна најмалку 36.217 жртви. Бројот на загинати во Турција достигна 31.643, соопшти денеска турскиот координативен центар за вонредни состојби САКОМ. Потврдениот број на загинати во Сирија е 4.574. Тој број вклучува повеќе од 3.160 во деловите на северозападна Сирија кои се под контрола на бунтовниците, според Министерството за здравство на управната власт на Владата на спасот. Според државната новинска агенција САНА, бројот на загинати во Сирија вклучува и 1.414 смртни случаи во делови на Сирија кои се под контрола на владата. Извор: МИА
Цената за европските земји да ги заштитат домаќинствата и компаниите од нагло зголемените трошоци за енергија достигна речиси 800 милијарди евра, објавија истражувачите од тинк-тенкот „Бругел“. Тие ги повикаа земјите да трошат поефикасно за справување со енергетската криза. Земјите од Европската унија веќе издвоиле 681 милијарда евра за справување со енергетската криза, додека Велика Британија од септември 2021 година издвоила 103 милијарди евра, а Норвешка – 8,1 милијарди евра, се наведува во анализата на „Бругел“. Вкупниот износ од 792 милијарди евра се споредува со 706 милијарди евра во најновата проценка на „Бругел“ од ноември, бидејќи земјите продолжуваат да се борат…
Јаболката, праските и црешите се најпогодени од забраната за увоз на македонското овошје што ја воведе Русија. Забраната стапи во сила кон крајот на минатата година, а надлежните интензивно работат на нејзино укинување и се надеваат дека тоа ќе се случи до пролет. Во меѓувреме, велат, многу е тешко да се најдат алтернативни пазари за овие три култури. Според Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), на рускиот пазар годишно извезуваме околу 15 000 – 20 000 тони конзумно јаболко што е 50 проценти од вкупниот извоз, праска пласираме 60 отсто од вкупниот извоз, додека производството на цреша во целост оди за…
Помошта „не пристигнува толку брзо како што се надевавме“, по првпат призна денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пет дена по земјотресот во кој загинаа повеќе од 22.000 луѓе во Турција и Сирија. „Разорувањето погоди толку многу згради… што за жал не можевме да интервенираме толку брзо како што се надевавме“, рече Ердоган за време на посетата на јужниот град Адијаман, погоден од катастрофата. „Во тој период можеби имаше пропусти, технички проблеми, но ние сме со нашето население со сите наши ресурси“, потенцира Ердоган. Тој рече дека Турција го формирала можеби најголемиот спасувачки тим во светот со 141.000 спасувачи. Турскиот…
Согласно домашните капацитети за производство на електрична енергија и анализите од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) не очекуваме да има зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава, рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со новинарите заедно со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. „Ние сме во координација и со Регулаторната комисија за енергетика која е надлежна за цените на електрична енергија. Веќе се прават одредени анализи и се анализираат до детали одредени опции и со факултетите и со експерти за да се менува начинот на утврдување на цената на електрична енергија. Согласно капацитетите што…
Основното јавно обвинителство Скопје побара притвор за сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменовски. Во соопштението до јавноста, обвинителството не го именуваше Стаменковски но извести дека е побаран притвор „за лице осомничено дека сторило кривично дело – уцена од чл.259 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ, кривично дело – пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.1 од КЗ, две кривични дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ и кривично дело – злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ“. Во соопштението се додава дека притворот е предложен бидејќи на товар…
Преспанскиот договор од 2018 година, потпишан од тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, стави крај на деценискиот политички спор помеѓу Македонија и Грција, а со тоа се отвори и простор за поголема соработка меѓу двете држави, народите и културите. Она што е круцијално е дека овој договор, исто така, го призна македонскиот јазик, кој потоа беше признат и во Европската Унија, со што се отвори можноста тој да се изучува и во Грција, слободно, без забрани и криење од властите, како децениите претходно. Договорот од Преспа отвори Центар за македонски јазик во Лерин, оспорен од јавен обвинител, на потег…
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиски извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување за 2021 година. Како клучни системски слабости, притоа, го посочува тоа што за три години од граѓаните во приватното здравство, само со ПЦР тестови, се прелеани најмалку 19,9 милиони евра. Во ревизорскиот извештај се наведува и дека не е ажурирана Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот како и тоа дека во 2021 година е реализиран значајно помал обем на услуги од договорениот надоместок, поради што 106 од вкупно 116 здравствени установи имаат добиено статус на неодржливи. Цел…
Вчер е уапсен мажот осомничен за напад на конгресменка во лифтот на нејзината станбена зграда во Вашингтон, соопшти полицијата. Енџи Крег, демократка од Минесота, возврати со фрлање топло кафе кон напаѓачот, се вели во полицискиот извештај. Кендрик Хамлин е обвинет дека ја удрил и ја фатил за врат. Според истрагата, случајот не е политички мотивиран. Избрана во Конгресот во 2018 година, Крег (50) е мајка на четири деца и служи како копретседател на Конгресната група за еднаквост. Таа била нападната вчера околу 07:10 часот по локално време, соопшти полицијата. Нејзиниот шеф на кабинет Ник Коу во изјавата рече дека таа…
Светиот синод на Романската православна црква донесе одлука за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА според томосот издаден од СПЦ на 5 јуни 2022 година. Според вчерашната одлука на Синодот на Романската православна црква, што ја пренесува црковниот сајт orthodoxtimes.com, признавањето е под името „Архиепископија Охридска и на Северна Македонија, со седиште во Скопје“, а поглаварот се именува со „Негово Блаженство, Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на Северна Македонија“. Порталот orthodoxtime.com пишува дека со одлуката да го признае српскиот томос, Романската црква исто како и СПЦ, ги нарушува вековните традиции во Православната црква и директно ја оспорува јурисдикцијата на Вселенската патријаршија како единствено надлежна…
Покрај документација и компјутерска опрема, при вчерашниот претрес во домот на Марјан Стаменковски, сопственик на „ДоказМ“, била пронајдена и одземена поголема сума на пари. Поточно, како што неофицијално дознава „Фокус“, биле запленети над 90.000 евра. Во соопштението на обвинителството се наведува дека биле пронајдени пари, но не се открива сумата. „Освен за наведените кривични дела, наредбата за претрес беше обезбедена и бидејќи постоеше сомнение дека кај осомничениот можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела. При претресот, кај него беше откриена документација, електронски уреди кои ќе бидат предмет на вештачење, како и поголема сума парични средства за кои…