Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Во периодот од 1 јануари до 7 февруари 2023 АД ЕСМ преку капацитетите со кои располага произведе 699.240 MWh електрична енергија, што е за 40 отсто повеќе споредено со истиот период во 2022, а дури 86 отсто повеќе од истиот период во 2021 година, соопшти компанијата. Планот за производство за 2023 заклучно со вчерашниот ден се исполнува 101,50 отсто, велат од ЕСМ. Во соопштението од компанијата се додава и дека позитивните резултати во 2023 се должат на зголемениот ангажман на вработените како и зголемениот интензитет на работа на РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, и подобрената хидрологија.
Премиерот Ковачевски денеска се сретна со Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада, Џастин Трудо, за Европската Унија и амбасадор на Канада во Франција и Монако. На состанокот е изразена јасна поддршка за правецот во којшто се развива нашата држава и очекување дека Северна Македонија, по членството во НАТО, ќе продолжи со натамошните чекори во евроинтеграциите. Поздравени се недвосмислените и цврсти политики на Ковачевски и на Владата, и усогласеноста со надворешната политика на ЕУ, како и дијалогот во државата и во добрососедските односи, преку кои се доаѓа до решенија. Оценето е дека Македонија ѝ е потребна на Европската Унија…
Трет ден по разорните земјотреси што во понеделникот на 6 февруари го погодија јужниот дел на Турција, бројот на жртвите се зголемува. Според последните податоци на Управата за вонредни ситуации (АФАД), во земјотресите во Турција загинале 7.108 лица , додека 40.910 се повредени. Во десет турски провинции опустошени од земјотресот во моментов се распоредени 96.670 спасувачи, медицински и друг персонал. Според податоците на АФАД, поставени се 70.818 семејни шатори со 123.395 кревети и 300.000 ќебиња. Поделени се 512.436 топли оброци, 322.264 порции супа, 490.813 литри вода, 406.040 лебови, 1.314.730 безалкохолни пијалоци, 16.700 чаеви, 151.715 други пијалоци. Во моментов на теренот…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ги посети погодените подрачја и на местото на настанот ќе биде информиран за состојбата на терен и координацијата на активностите за пребарување и спасување. Ердоган доаѓа во тие области два дена по разорните земјотреси. Тој денеска ќе престојува во тие опустошени области и се планира по посетата на Кахраманмарас да го посети и Пазарџик, а потоа и Хатај, јавува ТРТ Балкан. Бројот на загинати во Турција и Сирија од час во час се зголемува и моментално надминува 9.500. Бројот на загинати во Турција се искачи на 6.957, соопшти агенцијата за катастрофи на земјата. Тешко…
Додека спасувачите продолжуваат да се борат со лошото време за да бараат преживеани, бројот на загинатите од силниот земјотрес се приближува до 11.000. Но, постојат предупредувања дека бројот може да продолжи да расте. Во еден од најтешко погодените турски градови, роднините на затрупаните под урнатините се вклучија во потрагата користејќи стапови и други рачни помагала. Додека операциите за пребарување продолжуваат во услови на опаѓање на температурите, шансите за пронаоѓање на преживеани изгледаат слаби. Два земјотреси, со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, се случија во понеделникот во раните утрински часови во близина на Газиантеп, Турција, а потреси…
Осум пожарникари од Територијалната противпожарна екипа -Гостивар, денеска заминаа за Турција. Тие ќе одат да им помогнат на турските власти, да ги санираат штетите и да им помогнат на жителите од серијата земјотреси што ја погодија Турција. На испраќање беше градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, кој истакна дека пожарникарите се стручно обучени. Со овој гест, Гостивар, додаде Таравари, им излегува во пресрет на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција. Тој рече дека противпожарната екипа со себе ќе понесе и хуманитарна помош донирана од компанијата „Алмеро“. „Денеска за помош на жителите погодени од земјотресот во Југоисточна Турција замина лиценциран тим…
Како првична и интервентна мерка градот Скопје испрати екипа на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје кон Газиантеп каде ќе биде ставена на целосно располагање на турските власти за сите потреби на спасувачката акција. На утрешната седница на Советот на град Скопје, како што соопштија пред малку од градот, предложена е и точка на дневен ред за одобрување на 6 милиони денари првична хуманитарна помош за Турција и Сирија. „Во контакт сме и со локалните власти од Газиантеп, и се што ќе произлезе како потреба на тамошните власти, градот Скопје го става на располагање“, нагласуваат од раководството на главниот град…
Екипа на рудари, вработени во рудникот „Булмак 2016“ во Пробиштип, заминаа за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес во Турција, соопшшти градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов. „Веста за катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија не погоди сите, во вакви моменти ја покажуваме хуманоста и солидарноста на нашите граѓани. Екипа вработени рудари од рудникот „Булмак 2016“, во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, утрово замина за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес. Им посакуваме успешно да ја завршат својата хумана мисија“, вели Анастасов. Тој на сите граѓани од Турција…
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган пред малку во објава на Фејсбук соопшти дека за поефикасно справување со последиците од земјотресот, воведува вонредна состојба во десет провинции, кои ги означи како „зона на катастрофа“. „Во согласност со член 19 од Уставот, донесовме одлука да прогласиме вонредна состојба во времетраење од три месеци во нашите десет провинции за побрзо спроведување на спасувачките акции и потрагата по преживеани“, порача Ердоган. Јужниот дел на Турција на границата со Сирија, како и Сирија вчера беа зафатени од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во кој според последните податоци кои не се…
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше за најновите владини одлуки. Тој рече дека и во 2023 година продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за субвенционирање на сметките за електрична енергија на најранливите категории на граѓани. За оваа мерка се предвидени 60 милиони денари, односно еден милион евра. Притоа е предвидено субвенционирање на сметката на електрична енергија на домаќинства со ниски приходи од 600 до 800 денари од сметката за струја. Јавниот повик за оваа мерка е веќе објавен на веб-страницата на Министерството за економија, и сите граѓани кои ги исполнуваат условите може да се пријават до крајот на…
Преговорите за влез Алијансата за Албанците (АА) во владината коалиција се при крај и најверојатно ќе завршат до утре, изјави за МИА лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари. Во однос на преговорите, Таравари рече дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени „поголемиот дел од работите“. „Се надевам дека денеска или утре конечно ќе ги завршиме прегорите за евентуалниот влез во Владата и тоа официјално ќе го објавиме“, рече тој. Околу распределбата на функционерските места и министерски ресори, лидерот на Алијансата за Албанците напомена дека за тоа сè уште разговара, па затоа, како што нагласи, не…
Групата од 24 македонски војници засилена со две кучиња за потрага на луѓе под урнатини денеска тргна кон Турција за да се приклучи на помошта што ја дава светот и тамошните институции во справување со последиците од вчерашниот катастрофален земјотрес што ги зафати Турција и Сирија. Нашите војници се упатија за Турција со авионски лет на Туркиш Ерлајнс. „Одлучни и спремни што поскоро да се вклучат и да помогнат во спасувањето на драгоцени животи во областите погодени од катастрофалниот земјотрес во Турција. Тимот за претрага и спасување составен од 24 армиски припадници и две кучиња заминаа за Турција“, порача министерката…