Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Ковачевски – Дион: Поддршка од премиерот Трудо и Канада и очекување Северна Македонија да го задржи правецот кон ЕУ 

0
By Соња Крамарска on February 8, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 8, 2023 12:31

Премиерот Ковачевски денеска се сретна со Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада, Џастин Трудо, за Европската Унија и амбасадор на Канада во Франција и Монако.

На состанокот е изразена јасна поддршка за правецот во којшто се развива нашата држава и очекување дека Северна Македонија, по членството во НАТО, ќе продолжи со натамошните чекори во евроинтеграциите.

Поздравени се недвосмислените и цврсти политики на Ковачевски и на Владата, и усогласеноста со надворешната политика на ЕУ, како и дијалогот во државата и во добрососедските односи, преку кои се доаѓа до решенија.

Оценето е дека Македонија ѝ е потребна на Европската Унија како пример за принципиелна демократска држава, која применува европски, прогресивни политики и вредности и дека токму поради тоа и заслужува да биде дел од Унијата.

При тоа е пренесена силна поддршка од премиерот Трудо и од Канада за натамошниот напредок на Северна Македонија во европските интеграции. Констатирано е и дека целиот Западен Балкан припаѓа на Европа и дека е од стратешко значење и за регионот и за Унијата, да продолжи проширувањето, со целосна интеграција.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за традиционално добрите односи со Канада.  Ова пријателство меѓу двете држави, како што рече премиерот Ковачевски, има длабоки корени, ако се земе предвид дека заедницата на граѓани од Северна Македонија во Канада е вградена во развојот на Канада и дава значаен придонес во билатералните односи.

„Канада е земја на толеранција, признавање на различностите и почит кон сите луѓе, што нѐ прави уште поблиски како држави, иако сме на географска оддалеченост. Голема благодарност до Канада и до премиерот Трудо за сета поддршка за доброто и добрата иднина на граѓаните на Северна Македонија“, рекол Ковачевски.

Македонскиот премиер нагласил дека во државата се формира европска коалиција којашто треба да го осигура европскиот пат, бидејќи другата опција е радикален национализам, за лични или туѓи интереси, што не е државен национален интерес, а е со штетни последици и во пошироки рамки.

Димитар Ковачевски Канада Стефан Дион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.