Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Легендарната италијанска актерка Џина Лолобриџида го напушти овој свет на 95 години. Познатата италијанска актерка Џина Лолобриџида беше една од најистакнатите европски актерки од 1950-тите и раните 1960-ти. Во времето на нејзиниот актерски врв, таа беше позната како најубавата жена на светот, а медиумите тогаш пишуваа дека нејзината најголема конкуренција била ни помалку ни повеќе од Софија Лорен. Сепак, Џина најголемото ривалство од тоа време не го сметаше за конкуренција. „Не го гледав тоа како ривалство. Бев број еден“, изјавила самоуверено во една прилика. Бидејќи нејзините родители не можеле финансиски да ја издржат, таа се снашла најдобро што знаела -…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес се наоѓа во Украина. Како што објави на социјалните мрежи тој таму досега ги посети градовите Бородјанка и Киев. „Денес го посетив градот Бородјанка во киевската област кој е силно погоден од воените дејствија. Пустошот предизвикан од воената агресија врз Украина длабоко ме потресува. Уништувањето на виталната инфраструктура и страдањето на украинскиот народ мора да запре“, порача тој. Министерот нагласи дека е потребна итна акција за да се стави крај на ова безумие и да се обезбеди помош за оние на кои им е потребна. „Страдањето мора да престане, а потоа да ги…
Најбогатиот во регионот е Дубравко Гргиќ од хрватската „Аграм груп“, чија вредност е проценета на 2,8 милијарди евра, објави српски„Неделник“ кој се занимаваше со вредноста на компаниите и нивните сопственици во регионот. По него следуваат Миодраг Костиќ „МК Груп“ и Мирослав Мишковиќ „Делта холдинг“ од Србија со по 2,7 милијарди евра, а следни се Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ од „Инфобип“ во Хрватска, чија вредност е проценета на 2,5 милијарди евра. На листата се проценува дека 18 компании вредат повеќе од една милијарда евра, а меѓу нив најсвежо лице е Мате Римац од познатиот автомобилски „Римац груп“, кој…
Премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање ја отвори годишната конференција со наслов: „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ во организација на Стопанската комора. „Ако треба да ги споредам 2022 и 2023 година би кажал дека 2022 беше веројатно најтешката во мојата 22 годишна професионална кариера. Но, кога ќе ги видам резултатите на крајот од годината, начинот на кој се справивме со енергетската и економската криза и начинот на кој воспоставивме соработка со Стопанската комора, можам да бидам задоволен“, рече тој. Ковачевски подвлече дека земјава е соочена со голем број предизвици како…
Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт денеска поднесе оставка до канцеларот Олаф Шолц, информира таа во соопштение за печат. „Фокусирањето на медиумите на мојата личност веќе неколку месеци не дозволува воспоставување односи и објективни разговори за војниците, Бундесверот и насоката на безбедносната политика во интерес на германските граѓани“, се вели во соопштението на Ламбрехт. Таа додаде дека напорната работа на војниците и на многу луѓе во нејзиното министерство мора да биде во прв план. Сè уште не е објавено кој ќе ја замени. Ламбрехт (57) беше министерка за одбрана од назначувањето на Шолц како канцелар во декември 2021 година
Првиот светски рекет Рафаел Надал претпладнево го победи Џек Дрејпер во првото коло на Австралија опен (7:5, 2:6, 6:4, 6:1). Шпанецот се израмни по бројот на освоени натпревари во Опен ерата со Иван Лендл. И двајцата имаат 1 068 победи. По вкупниот број на победи, Надал и Лендл се на третото место. Лидер на оваа листа е Џими Конорс со 1 275, втор е Роџер Федерер со 1 251. Од активните тенисери, Новак Ѓоковиќ има 1 036 победи и е на петтото место. извор: МИА
Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, јави италијанската новинска агенција АНСА. Денаро, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо. Прекарот го добил од истоимениот италијански лик од стрипови. Тој се смета за еден од новите водачи на Коза Ностра по апсењето на Бернардо Провенцано на 11 април 2006 година и апсењето на Салваторе Ло Пиколо во ноември 2007 година. Месина Денаро стана познат на национално ниво на 12 април 2001 година кога списанието L’Espresso го стави на насловната страница со наслов: Ecco il nuovo capo della Mafia („Ова е новиот…
Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, 53-ти по ред, ќе се одржи од денеска до 20 јануари, а на состанокот ќе се соберат рекорден број бизнисмени, претставници на најголемите светски компании, државни лидери и познати личности. Форумот во познатиот швајцарски зимски центар последен пат се одржа во своето традиционално време, во јануари 2020 година, бидејќи во 2021 година беше организиран виртуелно, а минатата година настанот беше одложен за мај поради корона вирусот. Според официјалната агенда на СЕФ, ќе учествуваат 52 шефови на држави, 56 министри за финансии, 19 гувернери на централни банки, 30 министри за трговија и 35 министри за…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утрово пристигна на главната железничка станица во Киев, каде во својство на претседавач со ОБСЕ ќе оствари посета на Украина. Османи, по пречекот веднаш се упати во посета на градот Бородјанка, во киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија. Воедно, во рамките на посетата, предвидени се низа средби со високи претставници на државната власт на Украина. Посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на претседавањето – состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За…
Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“и ќе продолжиме со тие процедури што се законски потребни и ако има некоја пропуст, ќе има и санкции на таа фирма, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, одговарајќи на новинарско прашање за кривична пријава против цементарницата „Усје“ за загадување на Скопје. „Имале заедничка соработка Државен инспекторат за животна средина и локален инспекторат на Град Скопје. Имало направено вонредна инспекција на „Усје“, на барање од институции од државата и на Град Скопје. Резултатите ги имаме, сега ние го разгледуваме извештајот и ќе продолжиме со тие процедури што се законски…
Премиерот Ковачевски денеска ја најави, како што рече, првата голема странска инвестиција која ќе се отвори во Технолошки-индустриската развојна зона во Штип. Станува збор за втора инвестиција на канадската компанија Magna International Inc. која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот. Компанијата веќе има една инвестиција во ТИРЗ Струга, за производство и склопување на ретровизори и други технолошки продукти за автомобилската индустрија. Во ТИРЗ Штип компанијата ќе отвори нова фабрика каде тест производство се планира да биде годинава, а сериското производство ќе започне во првата половина од…
Министерството за правда излезе со соопштение за филмското бегство на затвореник осуден за убиство, кој додека беше превезуван во болница го разоружал возачот на затворското комбе, го ранил а на патот го чекале пријатели со кои побегал. Затвореникот бил превезуван без полициска придружба. Соопштението го пренесуваме во целост: На ден 12.01.2023 година, околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар ,,Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пумпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка ,, ауди” со сива боја без регистерски таблички кое…