Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува Светскиот економски форум во Давос

0
By Соња Крамарска on January 16, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 16, 2023 09:33

Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, 53-ти по ред, ќе се одржи од денеска до 20 јануари, а на состанокот ќе се соберат рекорден број бизнисмени, претставници на најголемите светски компании, државни лидери и познати личности.

Форумот во познатиот швајцарски зимски центар последен пат се одржа во своето традиционално време, во јануари 2020 година, бидејќи во 2021 година беше организиран виртуелно, а минатата година настанот беше одложен за мај поради корона вирусот.

Според официјалната агенда на СЕФ, ќе учествуваат 52 шефови на држави, 56 министри за финансии, 19 гувернери на централни банки, 30 министри за трговија и 35 министри за надворешни работи, претставници на Обединетите нации, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската трговска организација (СТО) а ќе учествуваат и други претставници на меѓународните организации.

Руските претставници, според претходните најави, нема да учествуваат, а се очекува да присуствува и кинеската делегација.

На списокот учесници се лидери од регионот, како албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ, претставници на Косово, највисоките функционери на Европската унија и европските лидери, како претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, германскиот канцелар Олаф Шолц и други.

Според организаторите, главни теми ќе бидат како да се решат светските економски и еколошки предизвици, војната во Украина и многу други актуелни прашања.

„Сите западнавме во некаква криза“, изјави претходно директорот на СЕФ Клаус Шваб на конференцијата посветена на украинската војна, климатските промени и наизменичните проблеми во снабдувањето со енергија и храна.

Давос треба да помогне да се промени размислувањето по пандемијата, рече Шваб, кој го основаше СЕФ во 1971 година.

Денешниот свет е во критична пресвртница. Пандемијата со КОВИД-19 и војната во Украина го потресоа и онака кревкиот глобален систем. Економскиот раст во најголемите светски економии е во застој, а цените на храната и енергијата продолжуваат да растат, објавија организаторите на овогодинешниот СЕФ.

Тие истакнуваат дека за прв пат од 1970-тите, светот се соочува со несигурна нерамнотежа на раст и инфлација, кои се движат во спротивни насоки.

Давос Светски економски форум 2023
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.