Првиот светски рекет Рафаел Надал претпладнево го победи Џек Дрејпер во првото коло на Австралија опен (7:5, 2:6, 6:4, 6:1).

Шпанецот се израмни по бројот на освоени натпревари во Опен ерата со Иван Лендл. И двајцата имаат 1 068 победи.

По вкупниот број на победи, Надал и Лендл се на третото место.

Лидер на оваа листа е Џими Конорс со 1 275, втор е Роџер Федерер со 1 251.

Од активните тенисери, Новак Ѓоковиќ има 1 036 победи и е на петтото место.

извор: МИА