Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Еден поглед врз целиот период од нашата независност до денес ќе покаже дека, за жал, во овие триесет и една година, не сме имале подолг период на мирен развој на државата. Од катастрофалните ефекти на приватизацијата, ембаргата и санкциите во 1990-тите, преку конфликтот во 2001-та, светската финансиска криза во 2008/2009-та, длабоката внатрешна политичка криза која заврши со упадот во Собранието и од која сѐ уште ги лечиме раните, и на крајот, пандемијата и војната во Украина, мноштво фактори го лимитираа нашиот развој и ги исцрпуваа ресурсите на нацијата. Дел од овие циклични кризи во континуитет беа предизвикани од екстерни фактори…
Поранешната сива еминенција на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков, претпладнево повторно стана прва вест во медиумите. Иако на издржување казна затвор, што подразбира дека без проблем може да биде однесен на судско рочиште, тој не се појави на судењето за „Титаник 2“. По бројните јавни реакции Управата за извршување санкции веднаш почна да врти телефони, и вети вонреден надзор над надлежните институции, заканувајќи се со казни за пропустот. И што излезе? Обвинетиот Сашо Мијалков не бил спроведен од струшкиот затвор на рочиштето за „Титаник 2“ бидејќи судот издал наредба за спровод на 12 декември, а не за 22 декември, изјави за А1…
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Во студената ноќ на 22 декември во 1908 година во Велес, мајката Марија и таткото Апостол Солев се радуваа на својата прва рожба. Ниту сонуваа дека новородениот син ќе биде значен дел од конечното создавање на државноста на македонскиот народ, кој заедно со создавањето на државата ќе придонесе и за отворањето на патот кон слободата и социјалната правда коишто ќе ги воспева низ неговата поезија. На тој ден се роди Коста Солев Рацин, човекот што ја виде иднината и со сите свои постапки се посвети на нејзиното остварување зашто веруваше дека тоа е иднината на правдата: Да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски – чиј медиумски талент и цврста решителност му помогнаа да го собере светот за каузата на Украина – слета со американски воен авион во воздухопловната база Ендрјус по патувањето организирано во тајност од безбедносни причини. Пратениците го споредија неговото патување со божиќното појавување на Винстон Черчил во Капитол во 1941 година, неколку дена откако јапонскиот напад на Перл Харбор ги втурна САД во Втората светска војна. „За мене е особено возбудливо да имам херојски лидер пред Конгресот во време на војна – време кога демократијата е загрозена“, рече претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, поддржувач на…
По севкупно спроведена истражна постапка против 19 лица во предметот познат во јавноста под името „Империја“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против преостанатите три лица. Според Обвинителниот акт прво и второобвинетиот сториле кривични дела „Злоупотреба на службена пложба и овластување и перење пари“, а освен овие кривични дела на товар на првообвинетиот му се става и кривичното дело „измама“ за кое се товари и третообвинетиот, соопшти попладнево Обвинителството. Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт прво и второобвинетиот и веќе едно осудено лице, во периодот…
Откупот на тутунот е при крај и веќе се откупуваат последните килограми произведен тутун. Годинешната реколта се откупува во 200 откупни пунктови на целата територија на државата преку 10 регистрирани откупни претпријатија. Според процените, откупот на тутун се очекува целосно да биде завршен пред Нова година. „Најголем дел од откупот е завршен и се очекува да биде готов до крајот на годината“, изјави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера во Прилеп и истакна дека најголемиот дел од откупениот тутун, односно околу 14.000 тони се прва класа. „За прва класа на тутун, државата има подготвено 80 денари субвенција…
Осум тинејџерки се обвинети за убиство со нож на 59-годишен маж од Торонто, како што полицијата го нарекува ненадеен напад. Осумте девојки биле пронајдени набргу по нападот и приведени и обвинети за убиство од втор степен, изјавија од полициската служба во Торонто, пренесе Си-Ен-Ен. Три од девојчињата имаат 13, три од нив 14, а две од нив 16 години, според соопштението на полициската служба во Торонто. Групата тинејџерки „се запознале преку социјалните мрежи. Тие доаѓаат од различни делови на градот“, рече полицијата. „Не знаеме како и зошто се сретнале таа вечер и зошто се упатиле кон центарот на Торонто“, рече…
Животот на моите деца, семејството и пријателите беше под прашање, но и покрај тоа, во име на заштита на човековите права, во име на вистината, демократијата и слободата, и за никогаш да не се повтори, јавно беа, лично од мене, споделени доказите за незаконското прислушување, вели поранешниот премиер Зоран Заев, по обвинувањата дека се договарал со Мијалков да биде пуштен на слобода. По одлуката на Апелација да ја укине првостепената пресуда за „Таргет и Тврдина“, повторно се појавија шпекулации дека на овој начин се реализира пакетот што наводно му бил ветен на Сашо Мијалков, за неговото наводно „залагање“ осумтемина пратеници од…
Според првите резултати од Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2022 година, во Србија има 6.690.887 жители, соопшти денеска директорот на Републичкиот завод за статистика, Миладин Ковачевиќ. Во однос на пописот од 2011 година, вкупниот број на жители е намален за 495.975, односно за 6,9 отсто, што, според Ковачевиќ, е помалку од очекуваното. Намалување на бројот на жители е забележано во сите региони за околу 10 отсто, освен во белградскиот регион каде што бројот на жители е зголемен за околу 1,6 отсто. Пописот од 2022 година собра податоци за 2.520.854 домаќинства и 3.628.175 станови. Позначителна промена не е забележана…
Не е планирана реконструкција на Владата. Сега е период кога се подготвуваме за идната година. Интензивно ги презентираме буџетите на секое министерство поединечно, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Повторно е категоричен дека нема да се одржат предвремени парламентарни избори. „Владата функционира во полн капацитети за да се справи со сите предизвици кои ги има државата, а верувајте ми дека ова е мандат 11 месеци веќе којшто е исполнет со големи предизвици со какви што досега не се соочувала ниту една влада, на еконономски, на енергетски план и ајде да кажеме на планот на обезбедување, на непречено функционирање на сите институции со…
Организацијата Pesticide Action Network Europe (PAN Europe) уште еднаш предупреди дека европските земјоделци не ги поддржуваат напорите употребата на пестициди во овоштарството да се сведе на минимум. Иако европската стратегија планира да ја преполови употребата на овие хемикалии до 2030 година, последниот извештај покажува дека овошјето никогаш не било позагадено како во последните години. Повеќе од 44.000 примероци на свежо овошје биле анализирани во земјите членки на Европската Унија од 2011 до 2020 година. Откриено е дека контаминацијата со пестициди на јаболката, крушите и сливите е речиси двојно зголемена од првата година од истражувањето. На врвот на листата се најдоа…
Буџетот на одбраната за 2023 година поголем за една третина од лани и ќе изнесува 274,6 милиони евра
Планираниот буџетот на Министерството за одбрана за 2023 година изнесува 274,6 милиони евра и е за една третина повеќе од минатогодишниот. Според премиерот Димитар Ковачевски, планираните финансии за одбраната за следната година ќе придонесат за развој и модернизирање на овој ресор согласно стандардите на земја членка на НАТО. „Развојот на одбраната ќе придонесе за посовремена безбедност во однос на заканите кои ни ги носат геостратешките предизвици, а за кои имаме обврска да ги заштитиме нашите граѓани. Третина повисок буџет во одбраната, значи влог во мирот и стабилноста на луѓето, а тоа е непроценливо“, рече Ковачевски на заедничка прес-конференција со министерката…