Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема реконструкција на Владата, парламентарни избори во 2024, вели Ковачевски

0
By Соња Крамарска on December 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од денешната прес-конференција во Владата
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 21, 2022 13:20

Не е планирана реконструкција на Владата. Сега е период кога се подготвуваме за идната година. Интензивно ги презентираме буџетите на секое министерство поединечно, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Повторно е категоричен дека нема да се одржат предвремени парламентарни избори.

„Владата функционира во полн капацитети за да се справи со сите предизвици кои ги има државата, а верувајте ми дека ова е мандат 11 месеци веќе којшто е исполнет со големи предизвици со какви што досега не се соочувала ниту една влада, на еконономски, на енергетски план и ајде да кажеме на планот на обезбедување, на непречено функционирање на сите институции со оглед на хибридните закани којшто доаѓаат а кои се резултат на војната која што се води во Украина“, рече Ковачевски.

На прашањето дали трибините што ги организира СДСМ се вовед во предвремени избори тој одговори дека ќе се одржат парламентарни избори заедно со претседателските во 2024 година.

„Јас сум човек којшто се држи до своите ставови и не менувам ставови како други политичари и избори ќе има во 2024 година, прво претседателски, а потоа парламентарни избори. И самата анкета (ИРИ) ви покажува дека граѓаните се определени за европска иднина на државата, бидејќи доколку се погледнат внимателно рејтинзите на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои што се за блокирање на тој процес, се гледа разлика и можете уште сега да го видите резултатот дека во 2024 ќе имаме претседател на држава којшто е за зачленување на Северна Македонија во ЕУ, а таков можеме да предложиме само ние СДСМ нормално со коалициските партнери“, рече Ковачевски.

Тој, исто така, е убеден и дека во 2024 година повторно ќе има влада која што ќе биде предводена од СДСМ и коалициските партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ.

Димитар Ковачевски предвремени избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.