Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесен обвинителен акт против три лица во предметот „Империја“

0
By Соња Крамарска on December 21, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 21, 2022 16:28

По севкупно спроведена истражна постапка против 19 лица во предметот познат во јавноста под името „Империја“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против преостанатите три лица. Според Обвинителниот акт прво и второобвинетиот сториле кривични дела „Злоупотреба на службена пложба и овластување и перење пари“, а освен овие кривични дела на товар на првообвинетиот му се става и кривичното дело „измама“ за кое се товари и третообвинетиот, соопшти попладнево Обвинителството.

Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт прво и второобвинетиот и веќе едно осудено лице, во периодот од месец мај до месец август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на Одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал. Тие заедно по претходен договор, со умисла помогнати  од сведок – соработник на правдата и веќе осудено лице во предметот, прибавиле значителна имотна корист во износ од 4.000.000 евра за три правни лица, а на штета на оштетеното правно лице и 150 малцински акционери. Со намера да го прикријат изворот од казненото дело, прво и второобвинетиот паричните средства ги пренесувале на жиро сметки на други правни лица.

Во периодот од месец октомври 2013 година до месец јануари 2014 година двајца сведоци – соработници на правдата, заедно, како соизвршители со прво и третообвинетиот, со намера за себе и за друг да прибават значителна противправна имотна корист, довеле во заблуда едно физичко и едно правно лице. Со цел по пониска цена да ги земат акциите што во друго правно лице ги поседувале оштетената и оштетеното правно лице, лажно прикажувајќи факти ја довеле во заблуда оштетената да преземе дејствија со кои нанела значителна имотна штета од 283.591.535,00 денари на себе си и правното лице за сметка на акциите што ги поседувале и што биле продадени на физички и правни лица за износ од 433.592.465,00 денари.  Откако со извршување на кривичното дело Измама била прибавена корист за правно лице во кое еден од сведоците на правдата бил сопственик и управител, за да ги прикрие парите дека потекнуваат од кривично дело, по основ на позајмици ги пренел на три правни и едно физичко лице, а потоа уделот од правното лице што го поседувал го пренел на трите правни лица на кои им биле дадени позајмици, па откако имотната корист прибавена со кривичното дело им била исплатена како дивиденда од по 107.833.000,00 денари, правното лице било пренесено на  оф шор компанија од Белизе и ликвидирано.

Паричните средства прибавени од кривично дело и исплатени по основ на дивидендата на правното лице каде членовите на семсјтвото на првообвинетиот биле сопственици,за да се прикрие дека потекнуваат од кривично дело по насоки на првообвинетиот 62.000.000,00 денари по основ на позајмица биле префрлени на неговата лична сметка, а останатите во износ од 45.833.000,00 денари правното лице ги пуштило во оптек за плаќање по разни основи.

Обвинителството потсети и дека од досегашните постапки во предметот „Империја“ , освен Обвинителниот акт против три лица произлегоа пресуди за седум лица врз основа на предлог спогодби. Истражната постапка, како што се наведува, што се однесува за МПМ и е против четири лица, меѓу кои едно лице е сведок – соработник на правдата во друг дел од предметот, е доставена на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје.

За две лица е донесена наредба за запирање на истражната постапка врз основа на чл.304 бидејќи за дејствијата што им се ставаат на товар извршени во период 2002-2004веќе е донесено решение за истата работа од страна на друго обвинителство.
Понатаму, за едно лице истражната постапка е запрена поради настапување на застареност на кривично гонење а за две лица меѓу кои е и лице кое за дел од истражната постапка се спогоди со обвинителствотое, е донесена наредба за прекин на истрага поради настапување на околности што привремено го спречуваат кривичното гонење, а се однесува на укинувањето на пресудата за предметот Трезор каде против лицето се водеше постапка за перење пари, а во овој предмет се овде за перење и други приноси од казниво дело опфатено во овој предмет.

Исто така и за дејствија од 2009-2015 година за три лица меѓу кои се и двајца сведоци – соработници на правдата се донесени решенија за непреземање на кривично гонење врз основа на член 44 ст.1 т.3 од ЗКП.
Воедно, со одлука на судот, а по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во корист на државата е конфискуван имот во вредност од 10.676.653,00 евра, а со обвинителниот акт е доставен и предлог во корист на државата од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност од 292.333.000,00 денари или 4.753.382 евра, соопшти Обвинителството.

Империја истрага Јавно обвинителство обвиненија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.