Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Буџетот на одбраната за 2023 година поголем за една третина од лани и ќе изнесува 274,6 милиони евра

0
By Соња Крамарска on December 21, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 21, 2022 11:54

Планираниот буџетот на Министерството за одбрана за 2023 година изнесува 274,6 милиони евра и е за една третина повеќе од минатогодишниот. Според премиерот Димитар Ковачевски, планираните финансии за одбраната за следната година ќе придонесат за развој и модернизирање на овој  ресор согласно стандардите на земја членка на НАТО.

„Развојот на одбраната ќе придонесе за посовремена безбедност во однос на заканите кои ни ги носат геостратешките предизвици, а за кои имаме обврска да ги заштитиме нашите граѓани. Третина повисок буџет во одбраната, значи влог во мирот и стабилноста на луѓето, а тоа е непроценливо“, рече Ковачевски на заедничка прес-конференција со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Покачувањето на средствата, како што нагласи Ковачевски, значи дека  ќе ја оствариме зацртаната цел, а тоа е буџетот за одбрана да биде два проценти од БДП во 2024 година, според стандардите на НАТО.

Министерката Петровска потсети дека за припадниците на Армијата во годината што измина се создадени услови уште еднаш да се зголемат платите, како и за отпремнини од над 20.000 евра за припадниците со навршени 45 години, како и за станарина од 9.500 денари како надополнување од месечниот приход на секој војник.

„Оваа грижа ќе продолжи и понатаму. Армијата на Северна Македонија, денес НАТО Армија, е опремена, мотивирана и добро платена Армија“, рече Петровска.

Таа соопшти дека 2023 година Северна Македонија во меѓународни мисии и операции ќе има 226 лица, а вкупните средства за таа намена изнесуваат 10 милиони и 548 илјади евра.

буџет на одбраната 2023 Димитар Ковачевски Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.