Author: Соња Крамарска

Руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина носат зголемени ризици за „речиси сите деца во Украина, односно седум милиони деца“ во време кога зимските температури продолжуваат да се намалуваат, предупреди УНИЦЕФ. Без стабилно снабдување со електрична енергија, вода и греење, „децата не само што се соочуваат со екстремен студ – зимските температури може да паднат под 20 степени Целзиусови под нулата – туку тие не можат ниту да учат онлајн, што е единствениот начин на школување за многу од нив, затоа што има толку многу оштетени или уништени училишта“, се вели во соопштението на УНИЦЕФ. Дополнително, здравствените установи не можат…

Read More

Родителите Роми чиишто деца биле дискриминирани во две основни училишта во Северна Македонија добија важна пресуда пред Европскиот суд за човекови права против Северна Македонија. Судот утврди дека две основни училишта, „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и „Гоце Делчев“ во Штип, го повредиле правото на децата на недискриминација (член 14) во врска со нивното право на образование (член 2 од Протоколот бр. 1). На секое домаќинство, (вкупно 38 семејства) им е доделена оштета во износ од 1.200 евра, или вкупно 45.600 евра за двете училишта. Предметот беше изнесен пред Судот преку две апликации поднесени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР),…

Read More

Во Приштина е потпишана апликација за членство на Косово во Европската унија, пренесува приштинскиот медиум Коха диторе. Според претходните најави во медиумите, церемонијата на потпишување на документите започна во 11 часот, а документот го потпишаа претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и претседателот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца. Како што јави Б92, Османи посочила дека барањето за членство во ЕУ е „историски ден“. Таа во својот говор по церемонијата на потпишување рече и дека Косово како земја на мирот и почитувањето на човековите права заслужува да биде дел од ЕУ. „Денес е историски ден. Тоа е историски момент.…

Read More

Народните избраници на Бугарија не го одобрија ни докторот Николај Габровски за премиер на државата, на денешната седница на Собранието. За кандидатурата на професор Габровски за премиер гласаа 113 пратеници, додека против беа 125. Според бугарскиот закон, кога кандидатот за премиер нема да биде одобрен од Народното собрание, не се гласаат за следните две одлуки за структурата и составот на кабинетот. Пред гласањето, пратениците три часа расправаа за предлог-кабинетот. Габровски рече дека е вознемирен од тоа што го гледа. „Имам чувство дека сме во предизборна кампања. Овие 7 точки се во интерес на сите граѓани. Што е нејасно во тоа…

Read More

На денешен ден, 14 декември 1995 година, во Елисејската палата во Париз беше потпишан Дејтонскиот мировен договор, со кој, според договорот постигнат на 21 ноември истата година во Дејтон, СAД, официјално заврши војната во Босна и Херцеговина. Со тој документ официјално заврши речиси четиригодишната војна, а Босна и Херцеговина стана држава од три конститутивни нации и други. Главни актери на мировните преговори беа и потписниците на Дејтонскиот договор – претседателот на Република Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ, претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ и претседателот на Хрватска, Фрањо Туѓман. Сите три држави беа создадени со распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.…

Read More

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, соопшти МВР. Се додава дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Read More

Латинка Перовиќ, српска дисидентка, историчарка и борец за човекови права, почина во Белград на 89-годишна возраст. Веста за тоа ја пренесе и германската новинска агенција DPA. Латинкa Перовиќ почина во понеделник 12 декември 2022 година, извести агенцијата DPA, повикувајќи се на соопштението на Хелсиншкиот комитет за Србија, во чие претседателство беше Перовиќ. Латинка Перовиќ по 1968 година беше истакната претставничка на либералното крило во Сојузот на комунистите на Југославија (СКЈ), кој беше на власт во тоа време, пишува DPA. DPA посочува неколку важни моменти од животот и делото на српската дисидентка. Чистката на Тито во 1972 година Државниот претседател и…

Read More

Босна и Херцеговина доби кандидатски статус. Честитки доаѓаат и од лидерите на ЕУ кои тоа го гледаат како нова шанса за земјата. Наградата за долгогодишното неработење конечно се исплатеше – прашање е само кому, пишува во својата првична оцена Дојче Веле. Меѓу првите честитки што пристигнаа од врвот на Европската унија беше онаа на Јоханес Хан, поранешен комесар за проширување, а сега комесар за буџет, кој го изрази своето задоволство што Босна и Херцеговина доби кандидатски статус. „Многу ми е драго што слушнав дека Босна и Херцеговина ќе добие кандидатски статус на својот пат кон ЕУ. Искористете ја оваа свежа…

Read More

Европскиот парламент денеска отстрани еден од неговите потпретседатели. Институцијата го направи првиот чекор во напорите да го врати својот кредибилитет поради обвинувањата за корупција поврзани со домаќинот на Светското првенство, Катар. Во меѓувреме, во својата прва реакција откако беше обвинета во белгиската антикорупциска истрага, адвокатот на социјалистичката грчка европратеничка Ева Каили рече дека таа е невина и дека „нема никаква врска со катарски мито“. Но, додека 44-годишната поранешна ТВ водителка чекаше во ќелија во затвор во Брисел, нејзините колеги во парламентот во Стразбур мораа да гласаат за да и се одземат овластувањата како заменик претседател. Претседателката на парламентот, малтешката конзервативка…

Read More

По повеќемесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден беше реализирана акција под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство по издадени судски наредби изврши претреси кај 23 лица на 27 локации. Во акцијата сузбиена е дванаесетчлена организирана криминална група чии членови подолг временски период извршувале кривични дела против културното наследство и природните реткости. Групата оперирала на подрачјата и околината на Прилеп, Струмица, Пробиштип, Неготино, Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Кочани. При претресите се пронајдени и привремено се одземени археолошки предмети, монети,…

Read More

Премиерот Ковачевски денеска изјави дека во неговиот анкетен лист поднесен до Антикорупциската комисија уште пред да дојде на сегашната функција било пријавено дека неговата сопруга има инвестирано во изградба на фотоволтаична централа. Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека тоа е инвестиција на неговата сопруга, за што вложила нејзини сопствени средства. „Прво, тоа што беше објавено на еден портал, потоа беше преземено и од други портали, беше јавно достапен податок и може да се види од мојот анкетен лист каде што е пријавен уделот на мојата сопруга. Тоа не е сега, тоа е уште пред да стапам на функција како…

Read More

Кристијано Роналдо нема да ја напушти Португалија по Светското првенство во 2022 година. Според „Correio da Manhã“, напаѓачот планира да продолжи да игра за националниот тим. Тој има намера да настапи на Евро 2024 година. Се истакнува дека ситуацијата зависи од иднината на Фернандо Сантош, кој е блиску до заминување од селекторската функција на португалската репрезентација. Сепак, во моментов Роналдо очекува да игра за португалската репрезентација барем до летото 2024 година. Напаѓачот разбира дека сега не е во најдобра форма. За ова ја обвинува пропуштената претсезона, како и нередовната играчка пракса во Манчестер јунајтед. Извор: МИА

Read More