Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приштина го потпиша барањето за членство на Косово во ЕУ

0
By Соња Крамарска on December 14, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 14, 2022 12:40

Во Приштина е потпишана апликација за членство на Косово во Европската унија, пренесува приштинскиот медиум Коха диторе.

Според претходните најави во медиумите, церемонијата на потпишување на документите започна во 11 часот, а документот го потпишаа претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и претседателот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца.

Како што јави Б92, Османи посочила дека барањето за членство во ЕУ е „историски ден“. Таа во својот говор по церемонијата на потпишување рече и дека Косово како земја на мирот и почитувањето на човековите права заслужува да биде дел од ЕУ.

„Денес е историски ден. Тоа е историски момент. 14 декември има двојно значење во современата историја на Косово. Покрај барањето за членство, денеска се одбележува и годишнината од основањето на армијата. Овие два чина одат во насока на нашата евроатлантска визија. Во име на Косово, правиме одлучувачки чекор кон остварување на сонот. Да ја приближиме нашата земја чекор поблиску до ЕУ. Нема друга алтернатива за Косово. Во пресрет на 15-годишнината од независноста, овој чин е посветен на сите граѓани, оние кои се изборија за слобода. Косово дише европски. Најмладата земја во Европа, земја на политички плурализам, верски права, придонесувач за мирот и безбедноста заслужува да биде дел од ЕУ. Нашиот пат напред е јасен. Решени сме да успееме. Правиме историски чекор ЕУ што поскоро да тргне кон историска одлука“, рече Османи.

Извор: Б92

 

 

 

Вјоса Османи ЕУ Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.