Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрага против дивите копачи на археолошки наоѓалишта, фатена 12-члена банда

0
By Соња Крамарска on December 13, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО
Илустрација со архивска фотографија.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 13, 2022 14:54

По повеќемесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден беше реализирана акција под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство по издадени судски наредби изврши претреси кај 23 лица на 27 локации. Во акцијата сузбиена е дванаесетчлена организирана криминална група чии членови подолг временски период извршувале кривични дела против културното наследство и природните реткости. Групата оперирала на подрачјата и околината на Прилеп, Струмица, Пробиштип, Неготино, Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Кочани. При претресите се пронајдени и привремено се одземени археолошки предмети, монети, метални предмети, фигури, метал детектори и опрема за метал детектори, скици, оружје, муниција, дрога, ваги и природни реткости, а единаесет лица -членови на организираната криминална група се лишени од слобода, додека по едно лице се трага.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, јавниот обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против сите 12 лица.

Имено, прво и второ осомничениот, во периодот од декември 2021 до декември 2022 година, создале група која вршела кривични дела – Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од чл.266 ст.2 вв со ст.1 од КЗ, – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од чл.264 ст.2 од КЗ и Прикривање од чл.261 ст.3 вв со ст.1 од КЗ. Како припадници на групата станале останатите обвинети. Двајцата првоосомничени раководеле со групата и вршеле недозволени истражувања на археолошки локалитети заeдно со останатите припадници на групата. За ориентација обвинетите користеле карти и рачно пишани текстови и преданија, вршеле меѓусебна размена на сознанија за позиционираноста на археолошки локалитети низ целата територија на Р.С. Македонија. По пронаоѓање на локалитетите, осомничените со користење на метал детектори недозволено ги истражувале и со користење на различни алатки вршеле недозволени ископувања.

Пронајдените археолошки предмети, иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, ги присвојувале и ги прикиривале во нивите домови или на непознати локации. Откако ќе пронајделе заинтересирани купувачи од земјата и странство предметите ги продавале, односно посредувале при продажба со непознати припадници на групата по потекло од соседните земји и САД. Овие непознати лица биле купувачи или посредници во име на заинтересирани купувачи на добра со археолошко односно историско значење и добрата ги нуделе и ги продавале за договорен износ што прво и второ осомничениот го определувале. По постигнување на договор околу цената, прво и второ осомничениот дозволувале доброто неовластено да се продаде и без дозвола од надлежен орган да се изнесе надвор од границите на Р.С. Македонија.

Отуѓените добра се предмети со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, односно значајно добро и добро од особено значење сопственост на Р.С. Македонија, со исклучителна вредност. Со преземените дејствија при што добра со исклучителна вредност трајно ги отуѓиле на штета на Р.С. Македонија, осомничените и непознатите припадници на групата сториле трајна штета за археолошкото, историско, музејско и уметничко истражување на надлежните државни и научни институции.

Предметниот обвинител ценејќи дека за седуммина од осомничените се исполнети условите за определување на мерката притвор му предложи на Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да им определи мерка притвор.

​

археолошки наоѓалишта диви копачи истрага обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.