Author: Соња Трајковска

https://www.youtube.com/watch?v=IEPYJ_1DnPE Вчерашната одлука на Европскиот суд за човекови права е голем ден за слободна, демократска и европска Македонија. Црно на бело, имаме потврда од Европски суд дека во Македонија се прекршува правото на слобода на изразување. Тоа повеќе не е прашање на перцепција, како што милуваат да кажат претставниците на досегашната власт, туку е ноторен факт утврден од релевантен европски суд, се вели во соопштението од ЗНМ. Вести на НОВА на македонски и на албански јазик. https://www.youtube.com/watch?v=pjHpneckTis

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=6yvH0Veb09g Сојузниот апелациски суд во САД одби да ја врати на сила извршната уредба на американскиот претседател Доналд Трамп, со која на патниците од седум држави со мнозинско муслиманско население им се забранува влез во САД. На оваа одлука веднаш реагираше Трамп , кој на Твитер напиша: „Ќе се видиме на суд. Безбедноста на нашата земја е во прашање“.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=WUdkJxxkbts Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на новинарите кои на 24 декември 2012 година беа исфрлени од Собранието, објави Академик. Судот заклучил дека во предметот постои повреда на членовите 10 и 6 од Европската конвенција за човекови права. Новинарите се жалеа пред Судот за нивното насилно отстранување од собраниската галерија, од каде ја следеа дебатата за носењето на Буџетот. Вести на НОВА на македонски и на албански јазик. https://www.youtube.com/watch?v=MvePQYyCSr4

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=UDIns1XP5zQ Две години од смртта на Тамара Димовска нема одговор на кривичните пријави од Хелсиншкиот комитет за одговорните злоупотреба на службена должност и несовесно работење во службата. Хелсиншки остро реагира на инертноста која Јавното обвинителство ја покажува во случајот на Тамара која поради огромниот пропуст и незаконитото постапување на Фондот за здравствено осигурување почина на 09.02.2015 година.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=xJS4eNHNgBE Редакциите на Утрински, Дневник и Вест ќе штрајкуваат на 17 февруари, потврдија денеска од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Во соопштението се наведува дека и покрај делумно исполнетото барање за исплата на декемвриската плата,  не се исплатени јануарската плата и хонорари до 15 февруари, и нема информација за плановите на менаџментот на МПМ за следните 6 месеци.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=xLxXOApDtlo Бугарија има принципиелна и конзистентна политика за европската и евроатлантската интеграција на сите држави од Западен Балкан, ја пренесува агенцијата БГНЕС изјавата од Министерството за надворешни работи во Софија во врска со предлогот на конгресменот Рорабакер за поделба на Македонија меѓу Косово и Бугарија. Обединетата македонска дијаспора побара тој да биде отповикан од функцијата претседател на Поткомитет во Конгресот. Вести на НОВА на македонски и на албански јазик. https://www.youtube.com/watch?v=cCKO8ML3v4g

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=olNBZcay978 39 пратеници од поранешниот состав на собранието поднеле барање за апанажа која треба да им ја одобри новата собраниска Комисија за избори и именувања. Од вкупно 123 пратеници од минатиот состав, 58 повторно се избрани за пратеници, а 24­ се вратиле на претходните работни места. Апанажата изнесува повеќе од 80 илјади денари или речиси 4 просечни плати.

Read More

Европската Унија со нетрпение очекува формирање на нова влада во Македонија, а одлуката каква влада или коалиција ќе се формира е на политичките партии, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар . Тој, ја најави посетата на еврокомесарот Јоханес Хан кој, освен на министерската средба за енергетика за Западен Балкан, ќе има билатерални средби со политичките лидери. https://www.youtube.com/watch?v=TM8Mjf5th_E

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на средбата со амбасадорката на ОБСЕ Нина Соумалаинен рекол дека секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и поддршка од народот на изборите, треба да знае дека носи одлука да се соочи со проблеми во иднина

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=Jro_Rk0UpfQ Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека преку Амбасадата во Вашингтон побара став од Стејт департментот за изјавите на американскиот конгресмен Дана Рорабакер во интервју за „Визион плус“ од Тирана. Овој инаку познат албански лобист, изјави дека создавањето на македонската држава е пропаднат проект и сега се создадени сите околности нејзините делови да им се дадат на соседните држави, како Косово и Бугарија.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=wuG0gGS7YWw Агенцијата за обезбедување СГС склучи двегодишен договор со ЕЛЕМ вреден 552.000 евра. Агенцијата победила на сите четири тендери за обезбедување на ХЕЦ Маврово, битолската подружница и Осломеј, околу дирекцијата на ЕЛЕМ и за обезбедување на ТЕЦ Неготино. Агенцијата СГС е доминантна во бизнисот за обезбедување веќе неколку години. Таа ги обезбедува речиси сите државни објекти и институции под капата на општините.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=p2fh_Rw4EMk Бесплатен јавен превоз за сите граѓани од утре и во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници најави денеска скопскиот градоначалник Коце Трајановски, како една од краткорочните мерки што ги презема Градот поради енормното загадување на воздухот во Скопје. Мерката ќе биде во сила се додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар.  Вести на НОВА на македонски и на албански јазик. https://www.youtube.com/watch?v=BGeQ7T2XyL4

Read More