Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Трајковска
https://www.youtube.com/watch?v=67U_QbZjmBM Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека дал инструкции на Министерството за внатрешна безбедност да ги проверува луѓето кои влегуваат во САД „многу внимателно“, и тоа им го напишал со големи букви. Тој го нападна и федералниот судија од Сиетл Џејмс Робарт кој во петокот ја запре извршнта наредба, нарекувајќи го „таканаречен судија“.
https://www.youtube.com/watch?v=GQ1wuqR64-8 Универзитетски професори, аналитичари, поранешни високи владини функционери и дипломати од Македонија со писмо, преку вассе обратија до членовите на Конгресот на САД и на Европската комисија. Во него тие ја скицираат состојбата во земјата за време на 11 годишното владеење на Никола Груевски, во кое наведуваат дека тој освен за внатрешниот непријател, со вулгарен речник и дрски прашања почнал да зборува за меѓународен заговор на Брисел и Вашингтон против Република Македонија. Вести во една минута на НОВА на македонски и на албански јазик. https://www.youtube.com/watch?v=76myw28sxN0
https://www.youtube.com/watch?v=WQX7iCfgQWQ Прилепскиот суд го отфрли и второто обвинение кое против еден од водачите на „Шарената револуција“ во Прилеп, Жарко Стеваноски го поднесе полицијата. Стеваноски е ослободен од одговорност дека на во мај за време на протестите го испишал графитот „Кај ви е хилтата?“ на асфалтот пред старата зграда на Општина Прилеп, и со тоа ја загрозил безбедноста во сообраќајот.
По проверките од страна на антитерористичката единица на МВР во внатрешноста и надворешноста на зградата не била пронајдена никаква експлозивна направа.
Европската унија очекува претседателот Ѓорге Иванов да изврши итна консултација со политичките сили во земјата и да определи лидер за формирање на влада составена од стабилна, солидна и одговорна коалиција, изјави денеска портаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич
Лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес конференцијата денеска рече дека очекува претседателот Иванов да му го додели мандатот за формирање Влада и да не го крши Уставот
Денеска во Основниот суд Скопје 1 треба да се одржи рочиште за предметот „Еразмус“, во кој за поткуп се обвинети петмина професори и еден демонстратор од Економскиот факултет во Скопје
https://www.youtube.com/watch?v=uPxDjVgyAVo Али Ахмети и Муса Џафери ќе треба да ги обезбедат адвокатот и нотарот пред кои Слободан Богоевски, кого го тужат за клевета, ја дал спорната изјава за која го тужат за клевета во врска со Маџар телеком, и бараат оштета од вкупно 5.5 милиони денари. Судот не се изјасни по барањето на одбраната за утврдување на надлежност на македонскиот суд, бидејќи била дадена во Американската амбасада и за потребите на постапка во САД.
https://www.youtube.com/watch?v=1UtZf_KVgxQ Директорот на ЈСП, Игор Јанушев вели дека проблемите кои настанаа во градскиот превоз по воведувањето на новите електронски картички биле поради дезинформациите кои во јавноста ги објавувале одредени медиуми. На прашањето на НОВА, каде може да се најде фирмата Гентомар која доби еден од тендерите за продажбата на електронските картички, Јанушев рече дека тој не знае на која адреса се наоѓа и не може да знае. Вести на НОВА на македонски јазик и на албански јазик. https://www.youtube.com/watch?v=QjVPcAIi26Q
Во Основниот суд Скопје 2, денеска треба да продолжи судското рочиште по тужбата за клевета на Али Ахмети и Муса Џафери, против поранешниот разузнавачот Слободан Богоевски
Потпретседателката на ДУИ Теута Арифи во интервју за емисијата ТОП Тема на Телма рече дека нејзината партија не ја поддржува хајката против Фондацијата отворено општество Македонија. – Не смее да се заборави поддршката при осамостојувањето на земјите од Источна Европа меѓу кои и Македонија од Фондацијата отворено општество Македонија. Сите тие стипендии кои биле дадени биле насочени кон научно надградување на нашите граѓани, рече Арифи, додавајќи дека САД пак се големи наши пријатели и поддржувачи.
https://www.youtube.com/watch?v=j23dmwaxcuU На само три дена пред крајниот рок за мандатарот Никола Груевски да состави влада, се уште нема никакви информации за тоа како се одвиваат преговорите помеѓу партиите. Според поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов во анализата на НОВА и Порталб очигледно е дека е создадена атмосфера во која информациите за јавноста ќе излезат тогаш кога ќе оценат четирите партии потписници на „Пржино“. Павле Трајанов смета дека состав на широка влада би значела спас за Ахмети и за Груевски.