Author: Соња Петрушевска

СДСМ и ДУИ, како што дознава НОВА, доставиле до претседателот на Собранието Талат Џафери барање да се објави оглас за избор на заменик – директор на оваа институција, откако на Насер Адеми, кој досега беше потписник и ја вршеше работата на главниот ревизор мандатот му заврши на 4 октомври

Read More

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење на градоначалникот на  Струга Рамиз Мерко за да се утврди дали тој незаконски трошел државни средства спротивно на јавниот интерес и на законите. Мерко минатата година со пари од општината се поднови со ново возило Ауди А6 за 66. 000 евра кое го користи тој како градоначалник на општината, а набавени се уште четири возила за општината во вкупна вредност од 114 .000 евра. Луксузирањето со пари од граѓаните се случува кога сметката на општината е блокирана и Струга должи 4 милиони евра. Нури Бајрами член на Антикорупциската комисија кој го истражувал…

Read More

Четири години откако Заев на прес конференција објави прислушуван разговор меѓу него и неговата 10 годишна ќерка, денеска во својство на сведок даде исказ во случајот „Таргет – Тврдина“ во кој се обвинети Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, пребеганиот Горан Грујоски и уште седум лица од пониските ешалони во УБК дека незаконски прислушувале илјадници граѓани. „И за правдата треба време“, коментираше по сведочењето Заев. „Еве дочекав жив и здрав да сведочам за да биде јасно кој го правел таквото масовно прекршување на човековите права“. „И на децата им е јасно кој прислушувал – тоа е веќе докажано само треба…

Read More

Незаконското масовно прислушување се вршело во МВР-УБК, рече премиерот Зоран Заев кој денеска е повикан како сведок на обвинителсвото во случајот „Таргет -Тврдина. Заев рече дека материјалите во кој имал увид, според начинот на кој биле анализирани, синтетизирани, а потоа доставени до тогашниот претседател на владата Никола Груевски, наведуваат на ваквиот заклучок. Според материјалите со кои располагале во партијата прислушувањето траело од 2008 до почетокот на 2014 година, биле прислушувани над 20.000 луѓе и тие поседувале разговори, транскрипти, смс пораки во обем од еден милион. За прислушувањето, Заев рече дека дознал непосредно откако бил избран за претседател на СДСМ во…

Read More

Одлуката дали Македонија ќе добие датум за преговори ќе биде донесена на состанокот на премиери и на шефови на држави на членките на ЕУ – вели Марко Трошановски, директор на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во интервју за НОВА. Новата методологија за преговори со новите земји членки на која сега инсистира Франција е само нацрт, и допрва треба да се финализира. Трошановски вели дека Франција сака да се осигура дека реформите ќе бидат суштински и одржливи, по негативното искуство со земјите кои станаа членки во последното проширување, но напоменува дека и во актуелниот процес на преговарање има можност – земјата…

Read More

Зоран Верушевски – сведокот во „Таргет – Тврдина“ за масовното незаконско прислушување денеска во судница рече дека злоупотребата на институцијата била креирана од Никола Груевски и неговата опседнатост да остане на власт. Освен Груевски, клучни за прислушувањето биле бегалците Никола Бошковски и Горан Грујоски кои сега се во бегство во Грција. Обвинетите Мијалков, Јанкуловска, Јаќимовски и другите кои беа присутни на рочиштето, Верушевски не ги именуваше ниту еднаш. Напротив рече дека „Голем дел од обвинетите  овде, плаќаат поради патолошката опседнатост на Груевски кој ги злоупотребил институциите“. На директното прашање од судијата кои материјали ги имаат тројцата бегалци, Верушевски одговори „изворната…

Read More

Поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски кој беше суспендиран и разрешен од Судскиот совет, пред истекот на законскиот рок поднел две жалби – потврдија за НОВА извори од Советот. Тој барал да се преиспита и  одлуката за суспендирање, иако според извори во Советот нема право на тоа. Со оваа одлука, Вангеловски беше времено оддалечен од вршење на судиската функција и од функцијата претседател на суд, со што практично му беше забрането и да влезе во зградата на Судот. За жалбата која ја поднел во однос на одлуката за разрешување, таа ќе биде доставена до Врховниот суд кој треба да формира…

Read More

Интерната истрага во Судот покажала дека доверливите документи за „Рекет“ не протекуваат од Кривичен – велат извори од Судот. Се разговарало со сите лица кои имале контакт со документите, но не било утврдено дека документите биле изнесени од Судот. „Исказот кој претходно цел месец беше во Кривичниот суд, протече во јавноста само ден  откако од Кривичен беше препратен во Апелација“, велат извори од Кривичниот суд. Во меѓувреме е зголемена безбедноста на пренесување на документи до Апелација. Документите се конвертираат и се става дополнителен селотејп, велат извори во Судот. „Четири години ги чувавме сите документи за случаите од СЈО и досега…

Read More

Во Апелациониот суд стигна нова жалба од адвокатите на екс специјалната обвинителка Катица Јанева по одлуката на Кривичниот суд да и се одбие  гаранцијата која ја понуди Јанева за  укинување на притворот или за замена со куќен. Јанева преку својата aдвокатка Ирена Фрчкоска  достави предлог до Кривичниот суд за укинување на притворот, за што како гаранција ги понуди двата стана на синот и ќерката и уште еден стан на член на потесното семејство, но Кривичниот суд го одби барањето. „По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за…

Read More

Исказот на второосомничениот во „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец, бил понуден на одбраната на Бојан Јовановски – Боки 13 за пари, се дознава од извори во истрагата. Понудата била дадена во телефонски разговор кој се случил изминатите денови во попладневните часови, кога непознато машко лице за пари го понудил тајниот записник. Понудата била експресно одбиена. Случајот е пријавен кај  обвинителката Вилма Русковска која го води предметот. Според истиот извор , се очекува Обвинителството да спроведе внатрешна истрага за тоа како  протекол исказот, а ќе се проверуваат и снимки од безбедносните камери во последните дваесетина дена. Претходно ,,протекоа,, исказите на Орце…

Read More

„Го молам Судечкиот совет да ми овозможи лекување во хигиенски услови, затоа што секојдневно ми е потребна медицинска нега“ – рече првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, на јавната седница во Апелација по неговата жалба со која бара укинување на притворот или замена со куќен притвор. Боки 13 пред судиите рече дека имал две неуспешни опеерации и поради лекарска грешка му бил пресечен нерв во желудникот. Имал проблеми и со белите дробови и четири дијагнози за проблеми со кичмата. „Мојата состојба е животно загрозувачка. 81 ден колку што сум во притвор немам добиено соодветна лекарска нега, затоа што…

Read More

Претседателот на Судскиот совет Здравев не сакаше да коментира дали има притисоци и дали однапред се мести и договора изборот на кандидати, но напомена дека поради некоординираност може да отпаднат добри кандидати

Read More