Author: НОВА ТВ Mitreska

„Ехо рајтс“ – мала филмска агенција со седиште во Стокхолм е преплавена со понуди за откупување телевизиска серија во којашто професор по историја станува украински претседател. Професорот го глуми Володимир Зеленски – сега вистински претседател на Украина. Од почетокот на руската инвазија на Украина, радиодифузерите како што се британскиот Канал 4, грчкиот АНТ1 и романската ТВ ПРО, ги побараа правата за прикажување на „Слуга на народот“ – серија првпат прикажана 2015 година во Украина. Мислам дека постигнавме околу 15 договори минатата недела и во преговори сме со 20 други земји, рече сосопственикот на агенцијата, Никола Содерлунд. – Последниот пат разговаравме…

Read More

Поранешниот министер Миле Јанакиески е осуден на условна казна затвор од две години за случајот „Дизајн“, односно за набавката на 202 двокатни кинески автобуси, објави Основниот кривичен суд Скопје. Условната казна за Јанакиески следи откако денеска тој призна вина, заедно со уште две обвинети кои членувале во Комисијата за јавни набавки, кои исто така се осудени на две години условно и по завршните зборови на надлежниот јавен обвинител и одбраната, судечкиот совет ја објави пресудата. „Обвинетите М.Ј., С.Ф.П. и Ј.Ј.А., обвинети за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.5 в.в ст.1 од КЗ, беа огласени…

Read More

Советот на јавни обвинители кој денеска требаше да избере нови обвинители  за гонење организиран криминал и корупција поради немање кворум не успеа да одржи седница. Според претседателот, Антонио Јолески, на денешната седница немаше кворум, односно на седница не се појавија тројца членови на Советот. – Одлагањето е поради немање кворум. Обвинителот Љубомир Јовески беше запознат уште минатат недела, но сега ми рече дека е на состаноци. Не е тука ниту Љупчо Ивановски. Беше тука сабајле, но спомна дека има приватни проблеми. Иџет Мемети и тој рече дека е на состанок, објасни Јолески, по што беше одлучено изборот да се одржи…

Read More

Поранешниот министер Миле Јанакиески, Снежана Филиповска-Павлевска, претседателка на комисија за спроведување на јавна набавка и Јулијана Јанкуловска-Атанасова, член на комисијата признаа вина дека ги прекршиле правилата за јавни набавки при избор на компанијата која во времето на поранешната власт на Груевски набави 202 двокатни автобуси за ЈСП. На првото рочиште денеска за овој судски предмет, како што јави А1он за невин се изјасни само Игор Јанушев, актуелен пратеник кој исто така бил член на Комисијата која ја спроведувала набавката. За него, судската постапка ќе продолжи. Во случајот нема штета врз буџетот на Македонија. – Го разбрав обвинението. Се чувствувам виновен,…

Read More

Русија не планира да нападне други земји, како што не ја нападна ниту Украина, изјави денеска рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров по состанокот со украинскиот колега, Дмитро Кулеба во Анталија. – Го потврдивме и тоа со барање од руска страна, да се отворат хуманитарни коридори, а самите причини и моменти кога се отвораат тие коридори се темелат врз состојбата на теренот и анализа на ситуацијата. Треба да се изберат најефикасните рути за да се извлечат цивилите од градовите, тврди Лавров. Во последниот извештај, посочи Лавров, се гледа дека „операцијата се одвива според планот“. – Морам да ги спомнам проценките…

Read More

Министрите за енергетика на Групата седум денеска ќе разговараат што друго може да направи Западот за да ја намали зависноста од руската нафта и гас, најави британскиот министер за енергетика, Квази Квартенг. „Ќе имаме вонреден состанок на министрите за енергетика на Г7 за да ги разгледаме понатамошните чекори“ – изјави Квартенг во парламентот. Обединетото Кралство соопшти дека постепено ќе го укине увозот на нафта и нафтени деривати од Русија до крајот на годината и ќе ја разгледа можноста за забрана на рускиот природен гас со приклучување кон други земји, вклучително и САД, во обид да ја казни Москва за нејзината…

Read More

Владата на Велика Британија го санкционираше рускиот олигарх Роман Абрамович, замрзнувајќи го неговиот имот, вклучително и на англискиот фудбалски клуб Челзи. Во денешното соопштение, владата нагласи дека на Абрамович му се „замрзнати средствата, забрана за трансакции со поединци и бизниси во Велика Британија, забрана за патување“. Абрамович и сојузникот на Путин, Игор Сечин, се меѓу седумте олигарси и политичари кои ќе бидат додадени на листата на санкции на Лондон. Се проценува дека санкциите се во вредност од близу 20 милијарди долари (15 милијарди фунти). На списокот со санкции се додаваат уште седум олигарси и политичари: Роман Абрамович, сопственик на Челзи…

Read More

Двајца починати и 292 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, а дополнително се пријавени уште пет смртни случаи од периодот од 24 февруари до 7 март. Во изминатите 24 часа, регистрирани се по едно починато лице од Крушево (85 години) и Кавадарци (67), и тоа во болнички услови, а согласно Регистарот на умрени лица од ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште пет починати лица: две од Скопје и по едно од Прилеп, Битола и Дебар на возраст од 45 до 85 години. Четири лица починале во болнички, а едно во домашни услови. Направени се 2.410…

Read More

Националната химна се свири само кога почесната гарда пречекува шефови на држави, велат од Британската амбасада за Нова ТВ, а во врска со реакциите на социјалните мрежи по првата официјална посета на министерката за одбрана Славјанка Петровска на Обединетото Кралство, кога во чест на македонската делегација на церемонијата за пречек британскиот воен оркестар ја свиреше македонската народна песна „Јовано, Јованке“.  Британскиот протокол, како што објаснуваат од Амбасадата, при официјални посети на високи гости на Обединетото кралство, предвидува воениот оркестар на свечената церемонија вообичаено да свири песна од поднебјето од каде што доаѓаат гостите, а не државната химна, освен ако не…

Read More

Германија на 20 март ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки и ќе се префрли на правилото „хот спот“, што ќе им даде можност на покраините да дејствуваат во случај на потреба, според договорот постигнат меѓу министерот за правда Марко Бушман и министерот за здравство Карл Лаутербах. „Мислам дека постигнавме добар компромис кој се потпира на два столба. Речиси и да нема ограничувања во секојдневниот живот на граѓаните“, изјави Бушман за ЗДФ. Лаутербах рече дека исклучок се маските и тестовите каде што има голем број членови на ризични групи, односно во домови за стари лица и болници. Исто така, обврската…

Read More

Украинската влада го забрани извозот на ‘рж, јачмен, хељда, просо, шеќер, сол и месо до крајот на оваа година, се вели во резолуцијата на владата објавена денеска. Русија и Украина заедно се одговорни за околу 30 отсто од светскиот извоз на пченица и јачмен. Претходно, Министерот за земјоделство на Ирска, Чарли Меконалог, изјави за РТЕ дека фармерите, многу производители на млечни производи и говедско месо треба да размислат за одгледување жито оваа година. Тој рече дека земјата увезува 60 отсто од житото.

Read More

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, прими делегација на Европската инвестициска банка (ЕИБ), предводена од потпретседателката Лилјана Павлова, која упати честитки и посака успешна работа на премиерот и членовите на Владата. На средбата беше потврдена определбата за продолжување на успешната соработка на Владата и поддршката на Европската инвестициска банка во однос на реализацијата на повеќе големи проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетиката, дигитализацијата, како и зелениот развој. Во оваа насока беше истакнато дека продолжува соработката за поддршка на малите…

Read More