Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британска амбасада за Нова ТВ: Националната химна се свири само кога почесната гарда пречекува шефови на држави

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 9, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 9, 2022 14:13

Националната химна се свири само кога почесната гарда пречекува шефови на држави, велат од Британската амбасада за Нова ТВ, а во врска со реакциите на социјалните мрежи по првата официјална посета на министерката за одбрана Славјанка Петровска на Обединетото Кралство, кога во чест на македонската делегација на церемонијата за пречек британскиот воен оркестар ја свиреше македонската народна песна „Јовано, Јованке“.

 Британскиот протокол, како што објаснуваат од Амбасадата, при официјални посети на високи гости на Обединетото кралство, предвидува воениот оркестар на свечената церемонија вообичаено да свири песна од поднебјето од каде што доаѓаат гостите, а не државната химна, освен ако не станува збор за официјална посета на шеф на држава.

Видеото каде е снимен овој свечен чин предизвика реакции на социјалните мрежи во кои освен пофални зборови за честа што британскиот воен оркестар и ја укажа на делегацијата на С. Македонија имаше и бројни забелешки и прашања зошто не била интонирана македонската државна химна, иако тоа не го предвидува ниту британскиот протокол.

Нова ТВ побара одговор од Британската амбасада на прашањето што предвидува британскиот протокол за посетата на високи гости од други држави, во случајов министер за одбрана и дали во ваков случај треба да се интонира и државната химна на матичната држава на високите гости, односно како постапува протоколот во ситуации како што е македонскиот случај што според нашите информации е вообичаена пракса?

– Вчера, министерката Петровска беше пречекана со Почесна гарда составена од Колдстримската гарда кога пристигна на средбата со министерот за одбрана на Обединетото Кралство. Како што е вообичаено за ваквиот вид на гарда, на почетокот беше отсвирен музичкиот сегмент „Скорпиус“. Во знак на почит, пред министерката да ги поздрави гардистите, беше отсвирен и сегмент од македонска народна музика, „Јовано, Јованке“. Нациналната химна се свири само кога почесната гарда пречекува шефови на држави, велат од Амбасадата на Обединетото Кралство за Нова ТВ.

Наспроти неоснованите реакции на социјалните мрежи поттикнати од непознавање на британскиот протокол министерката Петровска на социјалната мрежа на Фејсбук се заблагодари за укажаната почит:

„Огромна чест е кога на церемонијата за пречек, британскиот воен оркестар ја изведува нашата „Јовано, Јованке”. Благодарам за честа до мојот британски колега, Бен Валас. Сојузниците се посилни заедно“, порача Петровска која во Лондон се сретна со британскиот државен секретар за одбрана Бен Валас. 

Македонската министерка и британскиот државен секретар остро ја осудија инвазијата врз Украина и испратија порака на обединетост на сојузниците и подготвеност за гаранции на безбедноста на државите – членки на НАТО Алијансата.

Стојанка Митреска

јованке јовано Славјанка Петровска химна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.