Двајца починати и 292 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, а дополнително се пријавени уште пет смртни случаи од периодот од 24 февруари до 7 март.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се по едно починато лице од Крушево (85 години) и Кавадарци (67), и тоа во болнички услови, а согласно Регистарот на умрени лица од ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште пет починати лица: две од Скопје и по едно од Прилеп, Битола и Дебар на возраст од 45 до 85 години. Четири лица починале во болнички, а едно во домашни услови.

Направени се 2.410 тестови, од кои 292 биле позитивни: Скопје – 140, Битола – 21, Куманово – 18, Велес – 16, Прилеп – 14, Тетово – 13, Кавдарци – 12, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 5, Виница – 4, Струга и Демир Хисар – по 2 и Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Крушево и Демир Капија– по 1. Меѓу нив има 45 реинфекции.

Регистрирани сe и 303 оздравени пациенти.

Од почетокот на пандемијата во земјата се направени вкупно 1.913.011 тестирања, а бројот на дијагностицирани случаи изнесува 300.398. Бројот на оздравени е 289.064, починале 9.104 лица, а моментално има 2.230 активни случаи.

Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје: 140.264 заразени/1.258 активни случаи
Куманово: 16.339/101
Битола: 14.389/120
Прилеп: 13.701/125
Тетово: 13.367/74
Кавадарци: 10.227/82
Велес: 9.542/99
Гостивар: 9.472/31
Охрид: 8.547/37
Штип: 7.925/24
Струмица: 7.920/15
Кичево: 5.459/37
Кочани: 4.990/14
Струга: 4.659/20
Гевгелија: 4.293/34
Неготино: 3.623/19
Ресен: 2.618/38
Свети Николе: 2.606/4
Радовиш: 2.485/13
Крива Паланка: 2.387/14
Делчево: 1.900/0
Дебар: 1.650/10
Берово: 1.631/5
Валандово: 1.461/4
Виница: 1.354/8
Пробиштип: 1.259/4
Богданци: 1.005/5
Кратово: 943/10
Крушево: 910/3
Демир Хисар: 817/10
Македонски Брод: 731/3
Демир Капија: 582/5
Македонска Каменица: 521/3
Пехчево: 482/1
Дојран: 339/0