Author: НОВА ТВ Mitreska

Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа, се вели во изјавата на  претседателот Стево Пендаровски по инвазијата на Украина од страна на Русија. – Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина. Во име на…

Read More

Основните и вишите јавни обвинителства веќе подолго време се соочуваат со сериозен кадровски дефицит – недостигаат дури 60 обвинители. Речиси и да нема обвинителство во Македонија кое работи според систематизацијата што ја пропишал законодавецот, а која бара да бидат вработени барем 258 обвинители. Од друга страна, пак, политичарите ветуваат одлучна борба против криминалот и корупцијата, а се оглушуваат на фактите, иако македонските обвинителства веќе подолг период предупредуваат дека немаат ниту кадар, а нема ни доволно пари за сите обврски што ги добија, откако во Законот за кривична постапка, надлежностите за водење на истрагата од истражните судии преминаа кај јавните обвинители.…

Read More

Данела Арсовска веќе не знае како да се брани заради својата неспособност и започнува со целосни лаги да го правда своето неработење, реагира СДСМ по прес конференцијата на градоначалничката на Скопје која тврди дека имало грешки во проектот за Универзалната сала направени во претходното раководство. – Откако го стопираше проектот за иградба на Универзална сала и двомесечен молк за причините заради кои го стопирала проектот, денес излезе со целосна лага во јавноста. Целосно е неточно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден.…

Read More

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска најави дека ќе продолжи реконструкцијата на Универзалната сала, но откако ќе се исправат, како што рече, грешките на поранешното раководство на Град Скопје, бидејќи продолжување на било какви активности би било опасно по безбедноста на граѓаните. – Има грешки во проектот и поради тие грешки наместо планираните столбови постојното решение потребно е да се зајакне со дополнителни 2 носечки столба, но детектирани се и бројни други недостатоци. Во моментов во тек е фаза во која се прави реконструкција на фасадата и кровен покривач, додека за следна фаза за внатрешното уредување на објектот воопшто не…

Read More

Од вчерашниот отчет на градоначалникот Митко Јанчев можеме да видиме дека за сто дена, нема започнато ни реализирано ниту еден од капиталните проекти, кои на последните локални избори ги ветуваше и ја бараше довербата од граѓаните, рече на прес конференција Вуко Мелов, координатор на советничката група на СДСМ во Кавадарци – Празните страници од стодневниот отчет Митко Јанчев проба да ги потполни со проекти кои се од исклучително значење за Кавадарци, меѓутоа кои се реализирани од страна на Владата предводена од СДСМ. Во отчетот на градоначалникот наведена е изградбата на детската градинка „Сонце”, проект кој целосно е финансиран од Министерството…

Read More

Бугарскиот претседател Румен Радев бара Бугарите да се внесат во македонскиот Устав пред почетокот на преговорите на земјава со ЕУ, како и почитување и заштита на бугарското културно-историско наследство и искоренување на јазикот на омраза во Македонија. На денешната средба со претставници на здруженија и организации на македонските Бугари, Радев порачал дека во ред се активностите за продлабочување на меѓусебните односи, но треба да има јасен календарски патоказ за решавање на отворените прашања. „Се залагам за јасни гаранции. Сметам дека впишувањето на македонските Бугари во Уставот треба да биде задолжителен услов за почеток на преговорите. Пред да ја отвориме вратата…

Read More

Еврејската заедница во земјава е вчудоневидена од неверојатниот говор на омраза по повод престојот на една ортодоксно религиозна еврејска група во државава, која е во основа мирољубива и не загрозува никого, реагираат од Еврејската заедница. Потенцираат дека една група од 38 члена, со регуларен престој во земјава, облечена во својата традиционална облека, каде повеќе од половината се жени и деца предизвика неверојатен говор на омраза, антисемитизам и ксенофобија. – Една мала група на подбуцнувачи со своите изјави во стилот „Треба да се запали хотелот со се Евреите по него“ предизвикува страв и непријатно чувство на Евреите во Република Македонија. Никогаш…

Read More

Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Според Обвинителството, осомничениот, на 21 феавруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Првичните сознанија велат дека сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два…

Read More

Со истекот на мандатот на почетокот на декември годинава на судијата Вангелина Маркудова ќе настане блокада на Уставниот суд и со тоа дефинитивно угледот на Република Северна Македонија би бил максимално нарушен и пред меѓународната јавност, изјави претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска пред почетокот на дебатата на тема „Улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на здрава животна средина“. Кацарска вели дека во тој случај нема да можат да држат седници и уште еднаш потенцираше дека односот на пратениците е несериозен. – Повеќе пати сум кажала дека ваквиот однос на пратениците е несериозен. Како впрочем да не ја…

Read More

Адвокатот од Струга Глигорие Ќатоски, поттикнат од прекршувањето на темелните вредности на владеењето на правото и принципот на еднаквост на сите граѓани пред Уставот, пред две недели поднел иницијатива до уставните судии да се преиспита Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица кој предвидува функционерите да земаат плата и по престанувањето на функцијата најмногу 12 месеци. На почетокот на месецов предлогот за укинување на апанажата не доби поддршка од пратениците. За да се укине апанажата, гласаа само 16 пратеници кои сметаат дека во економска, енергетска, здравствена и финансиска криза не треба да се остварува плата по…

Read More

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до скопското обвинителство поднесе кривична пријава против три лица за злоупотреба на службената положба и овластување и за „соизвршителство“  против двајца управители во правни субјекти и еден адвокат, овластен регистрационен агент. Од страна на Единицата за финансиски криминал кривично-пријавени се М.И. (20) од Куманово за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 ст. 4 вв чл. 22 „соизвршителство“ од КЗ, Д.Н. (33) од Куманово за сторено кривично дело „соизвршителство“ чл. 22 вв „злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 од КЗ и И.Н. (51) од…

Read More

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, 24-годишен жител на селото Белчишта, општина Дебрца, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Поведувањето на постапката следи откако јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид, во координација со увидна екипа од МВР, изврши увид на самото место на сообраќајната несреќа , која се случи утринава после полноќ,  на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје. „Несреќата се случила кога…

Read More