Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатот Глигорие Ќатоски бара Уставниот суд да`и пресуди на апанажата: Политичката елита да покаже солидарност во криза!

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 21, 2022 15:55

Адвокатот од Струга Глигорие Ќатоски, поттикнат од прекршувањето на темелните вредности на владеењето на правото и принципот на еднаквост на сите граѓани пред Уставот, пред две недели поднел иницијатива до уставните судии да се преиспита Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица кој предвидува функционерите да земаат плата и по престанувањето на функцијата најмногу 12 месеци.

На почетокот на месецов предлогот за укинување на апанажата не доби поддршка од пратениците. За да се укине апанажата, гласаа само 16 пратеници кои сметаат дека во економска, енергетска, здравствена и финансиска криза не треба да се остварува плата по престанување на извршување на функцијата пратеник во Собранието, функционер и раководен работник кој го именува парламентот. Настрана што и дел од пратениците се согласни дека со апанажата не се почитува уставниот принцип на забрана за дискриминација врз основа на социјално потекло и имотна положба.

– Мое лично мислење е дека во ситуација кога државата се справува со економска криза предизвикана од кронавирусот и енергетска криза потребно е именуваните функционери да покажат солидарност со сите чинители во државата. Имено и покрај кризите сведоци сме дека политичката елита не се скрати ниту во делот на исплата на патните трошоци, а ниту пак во делот на исплата на апанажа за што од буџетот на државата се трошат значителни средства кои можат да бидат пренаменети за лица од социјално ранливите категории, вели адвокатот Глигорие Ќатоски за Нова ТВ.

Тој објаснува дека станува збор за поднесен предлог од негова страна за оценување на уставноста и законитоста на член 19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25 од пречистениот текст на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица или попознат кај народот како Закон за апанажа.

 Инаку, апанажа е законска мерка, која предвидува надомест на целиот годишен приход што му се исплаќа на одредено лице на висока позиција по завршувањето на неговата функција.
– Сметам дека овие прописи се во спротивност со чл.105 и 106 од Законот за работни односи. Законот за работни односи (ЗРО) претставува генерален закон (lex generalis) од областа на работни односи во однос на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Р.Македонија. Доколку се изврши една детална и хронолошка анализа на претходно цитираните одредби од ЗРО може да се заклучи дека во законот е предвидена исплата на плата како вид на заработувачка на работникот, но за претходно извршена работа земајќи ги во предвид барањата на работното место. Со оспорената одредба се предвидува исплата на плата по завршување на работниот однос на функционерот, односно по прекин на работниот однос што е во директна колизија со член 105 и 106 од ЗРО, вели адвокатот Ќатоски.

Тој објаснува дека оспорените одредби се во спротивност со чл.8, ст.1 и чл.9, ст.1 од Уставот.

– Од изнесените уставни одредби произлегува дека темелна вредност на правниот поредок на Република Македонија е владеењето на правото и дека таа вредност се остварува, покрај другото, преку еднаквиот однос на државата кон граѓаните независно, меѓу другото, од нивната општествена положба. Од изнесените уставни одредби произлегува дека темелна вредност на правниот поредок на Република Македонија е владеењето на правото и дека таа вредност се остварува, покрај другото, преку еднаквиот однос на државата кон граѓаните независно, меѓу другото, од нивната општествена положба, вели Ќатоски.

Се смета дека смислата на апанажата е функционерите да не бидат подложни на мито и корупција во процесот на одлучување додека се на функција, но и да не бидат оставени на ветрометина по завршување на мандатот, што пак според правниците е спротивно на уставните начела за еднаквост.

Познато е дека поранешниот премиер Зоран Заев кој имаше право да користи државни привилегии се откажа од апанажата.

– Ќе се вработам во семејните фирми, па ќе користам возило од некоја од фирмите, таму ќе земам и плата, па нема да користам апанажа, изјави Заев, откако ја напушти премиерската функција.

Освен поранешниот премиер од апанажа се откажаа и поранешните министри Венко Филипче и Ирена Стефоска.

Стојанка Митреска 
апанажа глигорие ќатоски НОВА ТВ Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.