Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осомничени двајца управители на кумановска фирма и адвокат за злоупотреби и соизвршителство

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: telma.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 21, 2022 14:50
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до скопското обвинителство поднесе кривична пријава против три лица за злоупотреба на службената положба и овластување и за „соизвршителство“  против двајца управители во правни субјекти и еден адвокат, овластен регистрационен агент.
Од страна на Единицата за финансиски криминал кривично-пријавени се М.И. (20) од Куманово за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 ст. 4 вв чл. 22 „соизвршителство“ од КЗ, Д.Н. (33) од Куманово за сторено кривично дело „соизвршителство“ чл. 22 вв „злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 од КЗ и И.Н. (51) од Гевгелија за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 ст. 4 од КЗ.

„Со цел да се стекне со противправна имотна корист, првопријавениот М.И. кривичното дело го сторил на начин што, во периодот од 04.10.2021  до 02.11.2021 , во координација со второпријавениот и третопријавениот, кој е адвокат и регистрационен агент, спротивно на законските прописи незаконски бил назначен за втор управител со неограничени овластувања во две оштетени правни лица од Куманово, без за истото да постои согласност од вистинскиот сопственик и управител на правните лица. По незаконски стекнатите овластувања во оштетените правни лица, првопријавениот на 02.11.2021 и 03.11.2021, спротивно на законот и надвор од своите службени овластувања на сметката на своето наменски формирано правно лице во Куманово  неосновано се стекнал со парични средства во вкупен износ од 8.100.000 денари на штета на оштетените правни лица“, информира МВР.

Според полицијата, постои основано сомнение дека првопријавениот М.И. го сторил кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 став 4 в.в. член 22 „соизвршителство“ од КЗ заедно во соизвршителство со второпријавениот Д.Н..

Второпријавениот Д.Н., како поранешен втор управител со неограничени овластувања во оштетените правни лица располагал со сознанија за финансиската состојба на сега оштетените правни лица, кои ги искористил во координација со првопријавениот и со тоа го сторил кривичното дело „Соизвршителство“ чл. 22 вв „Злоупотреба на службената положба и овластување” по чл. 353 од КЗ.

Третопријавениот И.Н., адвокат и овластен регистрационен агент, кривичното дело за кое е пријавен го сторил со тоа што постапил спротивно на одредбите од Законот за едношалтерски систем, без да го утврди идентитетот на учесниците во постапката за упис на промени во Централниот регистар, документацијата доставена по електронски пат од страна на пријавените М.И. и Д.Н. ја заверил со свој дигитален потпис и извршил електронско поднесување на документацијата потребна за именување втор управител до Централниот регистер по што М.И., спротивно на законот бил назначен за втор управител со неограничени овластувања во оштетените правни лица.

МВР вели дека со преземање на горенаведените криминални активности од страна на кривично-пријавените, постапувајќи спротивно на законот и со злоупотреба на службената положба и овластувања било нанесено штета на правните лица во вкупен износ од 8.100.000 денари.

злоупотреби МВР полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.