Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што ноќеска половина час после полноќ се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на село Подмолје. До несреќата дошло при судар на две патнички моторни возила со охридски регистерски таблички, и тоа „aуди“ управувано од М.Л.(24) од селото Белчишта и „фолксваген поло“, управувано од Х.К.(30) од Охрид. Во сударот на лице место загинал Х.К., додека со тешки телески повреди М.Л. со возило на Службата за итна медицинска помош е префрлен на интервенција во Специјалната болница за оротопедија и травматологија „Свети Еразмо“. По наредба на јавен обвинител врз телото за…
Економско закрепнување, зелена транзиција и модернизација на енергетскиот сектор, подобрување на образовниот систем, здравството, пазарот на труд и социјалната вклученост, како и дигиталната транзиција и зајакнување на конкурентноста на домашните компании и нивно интегрирање во глобалните синџири на вредност се главните предизвици поставени со Програмата за економски реформи во следниот тригодишен период. – Поставените приоритети и мерките вклучени во нив се во линија со приоритетите и препораките на Европската комисија за земјата. Во насока на економското закрепнување се и активностите предвидени за фискална одржливост во наредниот среднорочен период, со истовремена поддршка на капиталните инвестиции, а во согласност со Планот за…
Република Италија може да даде значителен придонес во имплементирањето на политиките за добро владеење со споделување на своите искуства во таргетираните области и поддршка на клучните реформски процеси во правец на просперитет на земјата. Ова беше заклучено на денешниот состанок на вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска и амбасадорот на Република Италија во земјава Андреа Силвестри. Вицепремиерката Грковска, како што соопшти владината прес-служба, се заблагодари за искреното пријателство и големата поддршка што Република Италија ѝ ја дава на Република Северна Македонија во евроинтегративните процеси и искажа решеност за продлабочување на соработката. Амбасадорот Силвестри потврди дека останува силен поддржувач на клучните…
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори во тој момент биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19…
Од утре, 19 февруари, почнува јавниот увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во општините Центар Жупа и Маврово – Ростуше каде на 17 април треба да се одржат избори за градоначалници. ДИК денеска на редовна седница, изгласа продолжување на примената на три упатства кои беа важечки за Локалните избори во 2021 година: Упатство за начинот и постапката на поднесување прием и потврдување на кандидатските листи донесено на 25 август 2021 година, Упатство за начинот на именување членови на избирачки одбори по предлог на политичките партии донесено на 3 септември 2021 и Упатство за изгледот на…
Лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ утрово како гостин на српската телевизија Курир испрати порака до американските власти, а во врска со изјавата на Габриел Ескобар, специјален пратеник на САД за Западен Балкан дека очекува „Косово да добие признание од Србија“. – Темата за Косово и Метохија ја вративме на дневен ред. Точно 100 земји не го признаваат т.н Косово во Обединетите нации, значи 100 од 193. Немаат веќе мнозинство, имаа 110, сето тоа го намаливме. А оваа 93 не е тоа, ги има помалку. Таканаречената државност на Косово, која тие ја прогласија, е во лесно изумирање и исчезнување. Не знам…
Министерството за внатрешни работи продолжува да остварува одлични резултати во бескомпромисната борба со криминалот и сузбивањето на недозволеното производство и продажба на наркотици. Македонската полиција, само за еден ден, во две големи акции, заплени 1 тон и 600 килограми наркотична дрога во вредност од 3,2 милиони евра, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ на денешната прес конференција. – Во периодот декември 2021, јануари 2022 и првите денови од месец февруари, вкупно се запленети се над два тона марихуана, над еден тон психотропни супстанци за производство на метформин со вредност од над 50 милиони евра, како и седум килограми хероин во…
Македонски Телеком денeска ja пушти првата комерцијална 5Г мрежа во земјава овозможи користење на 5Г услуги паралелно и во комбинација со 4Г, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции. Со 5 Г сигнал се покриени 15 градови и нивните околини: Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга, Ресен, Струмица, Радовиш, Гевгелија и Дојран. Никола Љушев, извршен директор на Телеком на прес-конференција информираше дека од овој месец започна имплементацијата на 5Г во Скопје и околината, а до мај, сите корисници од главниот град и поширокиот скопски регион ќе имаат пристап до ваквите услуги. До крајот…
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше на настанот по повод поставувањето камен темелник на 400 киловолтниот далекувод кој тргнува од трансформаторската станица „Битола2“ и ги поврзува електро преносните системи на Северна Македонија и на Албанија. Проектот, како дел од Коридорот 8, е со исклучителна регионална стратешка и капитална вредност. „Со оваа инвестиција вредна 17,2 милиони евра се поврзуваме со Република Албанија како последна земја со која нашата држава не беше енергетски поврзана. На овој начин го заокружуваме процесот на поврзување со електропреносните системи на сите наши соседни земји, со кои веќе имаме пет интерконекции на 400 киловолтно напонско ниво…
Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд кој на почетокот на месецов замина на издржување на затворска казна, откако беше осуден за злоупотреба на службената положба и овластувања само што излезе од затворот во Шуто Оризари. Претходно, за Нова ТВ Филип Андов, директорот на затворот потврди дека до пладне поранешниот судија ќе го напушти затворот затоа што Врховниот суд ја укина пресудата на апелациските судии кои сториле повреда на правото на одбрана на Панчевски и овој судски предмет сега треба да се врати на повторно одлучување пред Апелацискиот суд. Панчевски беше осуден на затворска казна од 3, 5 години поради,…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес на 31-вата седница на Комисијата за европски прашања, со единствена точка на дневен ред Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година, пред пратениците и дипломатскиот кор во земјава, посочи дека оценката за вкупната подготвеност на земјава за 2021 година е 3.11, односно „добро ниво на подготвеност“. – Подготвеноста по кластери, недвосмислено покажува дека Северна Македонија има најголема подготвеност во регионот, со средна оценка од 3,02, во областите и поглавјата од Кластерот 1- Темели, дури и во однос на земјите кои веќе преговараат за членство, Србија…
Министерството за надворешни работи реагира на неофицијалните информаци поврзани со испраќањето дипломати во дипломатско – конзуларните претставништва, а кои вчера беа објавени во медиумите. По бурата од реакции во јавноста, откако излезе информација дека ТВ презентерката Бесмира Ејупи е предложена за нов генерален конзул во Њујорк, МНР денеска демантира. „Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има генерален конзул во Њујорк, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи“, велат од МНР. МНР вели дека во моментов Панев е на половина…