Author: НОВА ТВ Mitreska

 Илјадници противници на епидемиолошките мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус се собраа ноќеска и утринава во предградијата на Париз. Демонстрантите пристигнаа во конвои од цела Франција, со намера да влезат во Париз и покрај тоа што градските власти забранија секакви блокади. „Речиси 7.200 полицајци ќе бидат распоредени во следните три дена за да го спречат минувањето на конвоите“, соопшти париската полиција. Полицијата подготви оклопни возила и водени топови. Началникот на париската полиција Дидие Лалеман изјави дека отвориле привремена депонија за возила, која заедно со десетици пајаци ќе ги отстранува автомобилите и ќе ја пробива секоја…

Read More

Признание на вина за изборни малверзации, на двајца министри од време на владеење на ВМРО ДПМНЕ и генерален секретар на партијата, е потврда за заробена држава, во која демократските институции не можеа да фунцкионираат на нормален начин. Тоа што до вчера го тврдеше обвинителството, за случајот „Титаник“, го признаа двајцата поранешни министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на партијата Мартин Протугер. Тие во Судот се извинија и признаа дека се виновни за тоа што ја злоупотребиле власта и службените позиции за да манипулираат со изборите. „Титаник“ беше првата истрага на СЈО, која обвинитeлството ја отвори во февруари…

Read More

Признавањето вина на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за случајот „Титаник“ е потврда за сите изборни измами, притисоци врз граѓаните, уцени и страв кој го сееше режимот, изјави Костадин Ацевски, член на Извршниот одбор на СДСМ. – Ова јавно признание на луѓе од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ значи само едно – ВМРО-ДПМНЕ со години ја газеле волјата на граѓаните а сите изборни циклуси во нивна организација биле нелегитимни. Се потврди дека се она што го говоревме, за личните карти во Центар со граѓани од Пустец, за злоупотреби на избирачкиот список, за секоја друга форма на изборно насилство – било точно, рече…

Read More

Финансиите се крвотокот на економијата – често знаат да кажат економистите објаснувајќи го значењето на финансискиот сектор за економскиот раст. Како што крвта ги храни органите за да можат да функционираат, така финансиите го овозможуваат спроведувањето на економската активност. Оттаму, достапноста до финансиите е поврзана со виталноста на економијата, односно нивото на економска активност, а со тоа и со економскиот раст и развој. Придонесот на финансиските пазари за економскиот развој во економската историја бил карактеризиран како „значаен“ од страна на Штиглиц, „круцијален“ од страна на Шумпетер, додека за Милер бил „премногу очигледен, за да се дискутира“. Уште од почетокот на…

Read More

На денешен ден во 2019 година, прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата, потсети денеска преку фејсбук премиерот Димитар Ковачевски. „НАТО значи сигурност и безбедност, но во исто време отвара и нови перспективи. Регионалната стабилност како и унапредената соработка со соседите и сојузниците во НАТО алијансата, но и фактот што исклучително брзо ја завршивме воената интеграција ме прави особено горд“, напиша Ковачевски. Ковачевски порача дека треба да остануваме посветени на учеството во операциите и мисиите на НАТО.

Read More

Поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ ќе престојува денеска во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста ја објави службата за односи со јавноста на Собранието на Косово, која соопшти дека Месиќ во 11 часот ќе биде примен од собранискиот спикер, Глаук Коњуфца. Засега нема инормации за други средби и ативности на поранешниот хрватски претседател за време на престојот во Приштина. Месиќ беше на чело на хрватската држава од 2000 до 2010 година, а во Косово се цени како еден од најголемите поддржувачи на Балканот на косовската независност

Read More

Никако не треба да ја признаеме независноста на Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, порачувајќи дека Србија треба да работи со косовските Албанци на создавање на подобри односи и на доверба, јави дописникот н МИА од Белград. – Проблемот е што Албанците не сакаат да слушнат за ништо друго освен за независност. Пандорината кутија е отворена со признавање на границите на поранешните југословенски републики и признавањето на Косово. Србите сега треба повторно да го прифатат тоа и да молчат. По кој принцип на меѓународното право?, изјави Вучиќ синоќа на ТВ Прва во разговор со драматургот Билјана Србљановиќ и новинарот Никола…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да имаат нов телефонски разговор, додека стравувањата дека Русија може да ја нападне Украина стануваат се поконкретни. Според руските медиуми денеска се очекува Путин да има разговор и со францускиот претседател Емануел Макрон. САД вчера предупредија дека таквиот напад би можел да се случи во следните 10 дена, а западните влади ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина. Вработените во руската дипломатска мисија почнаа да ја напуштаат Украина, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на неименуван, добро информиран, извор од Киев. Откако американскиот претседател синоќа одржа конференциска врска со…

Read More

СДСМ најавува дека ќе го реализира ветеното и во скоро време ќе следи големо покачување и на пензиите, откако неделава беше договорено минималнта плата да биде зголемена на 18.000 денари. – Како што вети, СДСМ интензивно ја реализира програмата за силна финансиска поддршка на граѓанте во време на криза. Новата Влада предводена од СДСМ, за неполн месец направи историски најголемо покачување на минималната плата, ги заштити граѓаните од ценовен шок за струјата и обезбеди парно греење за скопјани во услови кога градската власт се амнестираше од одговорност, се вели во партиското соопштение. Сите средства од буџетот, информира владејачката партија, се…

Read More

Последните податоци за состојбата со ковид-19 во земјава покажуваат дека активни се 11.727 случаи од кои најголем број 7.081 се во Скопје. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје при направени 3.996 тестови, регистрирани се 1.348 нови случаи со ковид-19, 11 починати и 1 247 оздравени пациенти. Од вкупно 1.348 нови случаи регистрирани се 196 реинфекции. Здравствените власти постојно апелираат дека вакцинацијата останува најдобра заштита од ковид-19, особено од хоспитализација и смрт. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 284 875, бројот на оздравени пациенти е 264 443, а на починати 8 705.

Read More

Во Германија утре се избира нов претседател, а актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер има најдобри шанси да остане на највисоката политичка функција во земјата и во следните пет години. Претседателот се избира во таканареченото Сојузно собрание, тело од 1.472 членови и составено од сите 736 пратеници на Бундестагот, како и исто толку претставници на сојузните покраини. Партиите од владејачката коалиција: Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП), како и опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ, кои го поддржуваат реизборот на Франк-Валтер Штајнмаер, имаат мнозинство од 1.233 гласови. Со тоа изборот на Штајнмаер уште во првиот круг е речиси сигурен. Покраинските…

Read More

 Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на…

Read More