Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија утре избира нов претседател, најголеми шанси има актуелниот Штајнмаер

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 12, 2022 09:28

Во Германија утре се избира нов претседател, а актуелниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер има најдобри шанси да остане на највисоката политичка функција во земјата и во следните пет години.

Претседателот се избира во таканареченото Сојузно собрание, тело од 1.472 членови и составено од сите 736 пратеници на Бундестагот, како и исто толку претставници на сојузните покраини.

Партиите од владејачката коалиција: Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП), како и опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ, кои го поддржуваат реизборот на Франк-Валтер Штајнмаер, имаат мнозинство од 1.233 гласови. Со тоа изборот на Штајнмаер уште во првиот круг е речиси сигурен.

Покраинските парламенти во Сојузното собрание испраќаат и луѓе од јавниот живот, а меѓу нив годинава ќе се најде и Оезлем Туеречи, ко-основачката на „БиоНТек“, компанијата која ја произведе првата вакцина против коронавирус, а меѓу членовите годинава ќе биде и Саша Станишиќ, писател со босанско потекло.

Покрај Штајнмаер, на предлог на Левица за највисоката политичка функција во земјата се кандидираа и докторот Герхард Траберт, членот на Христијанско-демократската унија Макс Оте и кандиодатката на Слободните избирачи,  физичарката Стефани Гебауер. Но, сите овие кандидати немаат поголеми шанси за успех, пред се, поради односите во Сојузното собрание.

Германија Избор претседател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.