Author: НОВА ТВ Mitreska

Градоначалникот на Отава Џим Вотсон прогласи вонредна состојба поради десетдневните протести на камионџиите кои блокираа голем дел од канадската престолнина. „Одлуката зборува за „сериозната опасност и закана за безбедноста и безбедноста на населението“ од протестите и ја нагласува потребата од поддршка од други нивоа и надлежност на власта“, се вели во соопштението на градоначалникот. Вотсон, кој претходно се пожали дека бројот на демонстранти е поголем од бројот на полицајци и дека ја контролираат ситуацијата, не даде детали за тоа какви мерки може да се воведат, пренесува „Ројтерс“.

Read More

Под мотото „Слобода, правда и еднаквост” се одржува протест кој почна на плоштадот „Скендербег” во Скопје , а крајна дестинација е планирано да биде Канцеларијата на ЕУ во Скопје. Протестот е инициран од братот на Реџаил Ќерими, кој почина во затворот Идризово на 27 јануари. Учесниците на протестот велат дека бараат меѓународна истрага за неколку судски случаи во кои се осудени, според нив, невини Албанци. Тие планираат маршот да го продолжат до Канцеларијата на ЕУ во Скопје каде што ќе поднесат барање за меѓународна истрага на неколку судски процеси кои завршија со пресуда, како што е и случајот „Алфа”, во…

Read More

Aмбасадорот на Јапонија  Савада Хиронори потпиша нов грант во износ од 79.286 евра, со кој ќе се финансира  реновирањето на одделот за брахитерапија и радиотерапија на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Проектот има цел да го зголеми квалитетот на услугите на одделот и да допринесе кон олеснување на борбата на пациентите со онколошките заболувања. Токму поради тоа, свеченото потпишување се одржа денес, на 4 февруари, кога се одбележува и Светскиот ден за борба против ракот, оваа година под слоганот „Надминување на недостатоците во негата“. Амбасадорот Савада истакна дека Јапонија, како искрен пријател на Северна Македонија секогаш сака да придонесе…

Read More

Носењето на ваквиот пакет ЕУ закони е доказ дека нашата Влада веќе реагира на заклучоците од комисиите со Република Бугарија, каде што еден од заклучоците беше да се зајакнат капацитетите на институциите во Република Северна Македонија со цел обезбедување сигурност и заштита на странските инвестиции, смета Цветанов. Превенцијата од перење пари и финансирање тероризам во Македонија е регулирана со Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам кој од 2014 година има претрпено неколку измени и дополнувања, поттикнати пред се поради  усогласување со одредбите на европските директиви. Владата пред два дена усвои нови измени во оваа регулатива кои се…

Read More

Апелацискиот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието. Вељаноски беше во куќен притвор за предметот познат во јавноста како „Организаторите на 27 април“. Според изречената пресуда од Основниот кривичен суд Скопје тој е осуден на 6,5 години затвор. Апелацискиот суд одлучуваше, откако беше поднесена жалба, па така судиите решиле на Вељаноски да му се одредат мерки на претпазливост според кои предвидено е одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

Read More

Почина доајенот на македонската адвокатура, Саво Коцарев. Коцарев, активно, цели 55 години, до крајот на својот живот ја извршуваше адвокатската дејност што претставува една од најдолгите и најплодните адвокатски кариери во Македонија. Препознавајќи го неговиот ентузијазам и исклучителен придонес во изградбата на македонската адвокатура, минатата година Адвокатската комора му додели плакета за 55 години успешно извршување на адвокатската дејност и за подигнување на угледот на адвокатурата. Во оваа прилика Коцарев истакна дека да се биде дел од адвокатската фела е голема чест. Адвокатурата, нагласи познатиот адвокат, е една благородна професија чија основна мисија e заштита на човековите права и слободите.…

Read More

Велешкото Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 23-годишна велешанка за кривично дело убиство на миг. Според обвинителството, обвинетата на 29 септември минатата година, во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од живот А. Р. со кого живеела во вонбрачна заедница. „Кога се вратиле дома од гости, А. Р. во видно алкохолизирана состојба почнал вербална расправија со обвинетата нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел…

Read More

Поранешниот геренарален секретар на Владата Драги Рашковски денеска во реакција до медиумите ги негира обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесени вчера на прес конференција, а поврзани со јавното претпријатие „Дрисла“. Тој тврди дека нема каква било поврзаност со работата на „Дрисла“, ниту таква инволвираност има било кој во неговото семејство. „Досега не сакавме да ја коментираме секоја невистина изнесена од страна на ВМРО- ДПМНЕ во однос на мојата наводна поврзаност со работата на јавното претпријатие „Дрисла“, но не може да останеме и неми на забеганоста на тврдењата за некаква сестринска поврзаност. Кратко и јасно, мојата мајка нема сестра. Ете до таму…

Read More

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С.З. (56) од Битола, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по  член 144 став 3 од Кривичниот законик, информира МВР. Станува збор за заканувачот кој, како што објавивме претходно, бил приведен поради закани кон обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска, како и кон една амбасада во Скопје. „На 11 декември 2021 година пријавениот С.З., преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, испратил едно писмо со заканувачка содржина до една амбасада во Скопје, додека на 20…

Read More

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против 34-годишен гостиварец и неговиот 64-годишен татко, кои се товарат за кривично дело – насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Грубото насилство го извршиле на 01.10.2021 година, кога телесно повредиле едно лице и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв. – Оштетениот, на критичниот ден, пристигнал со автомобил пред сопствената куќа и сакал да се паркира, но паркинг местото било зафатено. Тој започнал да свири за да се тргне паркираното возило, но во тој…

Read More

Привден е мажот кој во минатата недела преку писмо му се закануваше на јавниот обвинител Љубомир Јовевски, дознаваме неофицијално. Од МВР најавуваат повеќе детали во текот на денот. Како што неодамна објави обвинителот Јовески, извесна терористичка организација му испратила смртни закани преку писмо на македонски и на англиски јазик, ако не се ослободат од гонење двајца новинари од ТВ Алфа, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ. Обвинителот Јовески откако во јавноста беше објавено и заканувачкото писмо изјави дека нема да го поколеба да работи професионално и одговорно во примена на законите. Како што објавивме претходно и шефицата на Обвинителството за гонење…

Read More

Јавноста била сведок на многу грешки, гафови, сквернавења на македонските национални симболи, па и скандалозни изведби на државната химна „Денес над Македонија“ како онаа на поп ѕвездата Тамара Тодевска на прославата по повод празникот 4 јули во американската амбасада пред неколку години. Ни се случувало со погрешни знамиња да пречекуваме функционери, но досега не сме била сведок на интонирање на националната химна на прес конференција. Ваков гаф вчера направи протоколот на Град Скопје кога настанот за отчет на градоначалничката Данела Арсовска за сработеното во текот на 82 дена, откако е на функцијата, реши да почне со државната химна. Згора на…

Read More