Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Не гледаме потреба СДСМ да коментира политички маркетинг на било која партија, граѓаните многу добро знаат кои се нашите политики, нашите заложби, вредности, врз основа на тоа на парламентарните изборите ни ја дадоа довербата, велат од СДСМ во врска со видеото кое на Фејсбук го објави Али Ахмети, лидерот на ДУИ од прес-конференции на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во кои двете партии ја обвинуваат ДУИ за криминал и корупција. – Односите со ДУИ се стабилни, нормални, имаме добра соработка, тоа се однесува и на партнерите од парламентарното мнозинство, велат од СДСМ. Ахмети обвини дека двете партии на Македонците со години ја…
Демократската унија за интеграција смета дека постојаните реакции на ВМРО-ДПМНЕ се јасен показател за целта на овој политички субјект против Албанците на чело на државните институции, токму во време кога земјата бележи значителен напредок во важните политички процеси за деблокирање на нејзиниот пат кон Европската Унија, во која кадрите на ДУИ се ангажирани со целосен легитимитет од народот во соработка со коалиционите партнери. – На ВМРО ДПМНЕ и пречи стратешката определба и посветеност на ДУИ за градење добрососедски односи со земјите од регионот, за продлабочување на економската соработка со нив, за поефикасни проекти за патна интерконекција, затоа има тенденција…
На сите ни беше јасно дека одлуката на Врховниот суд беше политичка во тоа време. Јас како учесник во војната во селото Ваксинце имам добиено паричен надомест за нематеријална штета. Не бев повреден, но поради претрпен страв и трауми ми беше доделен надомест во вредност со судските пресуди од околу 420.000 денари, вели бранителот Димче Манчoв од Кочани за Нова ТВ. Владата може да исправи една голема неправда што им е сторена на бранителите од воениот конфликт во Македонија во 2001 година, на чии рани и трауми и после дваесет години се долева нова сол, јанѕи и јадови, откако Врховниот…
Поранешната француска министерка за правда, Кристијан Тобира, победи на прелиминарните избори за претседателски кандидат на левицата за изборите во април годинава, но изјаснувањето не успеа да ја обедини левицата затоа што процесот беше игнориран од главните кандидати во левицата, иако истите се наоѓаа на листата за гласање, јави дописникот на МИА. Прелиминарните избори што требаше да ги обедини левицата и екологијата, резултираше со победа на поранешната министерка, која во полседен момент ја лансираше својата кандидатура. Овие прелиминарни избори, што не се обврзувачки според резултатите, коментаторите наведуваат дека се само пропуштен датум. Резултатите синоќа беа објавени во една париска концертна сала. Волонтерите…
На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна откако минатата недела скокна за 1,7 отсто и го урна, за првпат од јули 2020 година, нивото од 97 поени. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 97,15 поени, додека во петокот на затворањето на пазарот беше 97,25 поени. Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 115,25 на 115,50 јени. Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.11665 долари, додека во петокот на затворањето…
Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пред еден месец добила две писма со закани по живот. Случајот го пријавила веднаш во Министерството за внатрешни работи, по што добила дополнително обезбедување, согласно законот, објави Дојче Веле. „Писмата пристигнаа околу 23-24 декември минатата година. Заканите беа во смисла дека невини и угледни граѓани се во затвор, а „криминалците Зоран и Вице Заеви“ биле на слобода. Ако веднаш не ги осудам ќе бидам убиена. Двете писма беа во таа смисла, вели Русковска за Дојче Веле. Jавниот обвинител Љубомир Јовески денеска се пожали дека добил закани по животот преку…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска додели 15 решенија за утврдување правен статус на бесправни објекти односно легализација. Во периодот од месец ноември 2021 година или по доаѓањето на Герасимовски во Општина Центар донесени се околу 100 барања, согласно Законот за постапување за бесправно изградени објекти во сите четири предвидени рокови. Врз основа на доставените барања до Општина Центар досега позитивно се решени 5.000 барања, додека, дел од останатите барања се одбиени поради некоплетно доставена документација во предвидениот законски рок, а дел се во постапка поради судски спорови или нерешени имотно-правни односи од страна на самите баратели за легализација…
Искрено се надевам дека европерспективата на Западен Балкан останува меѓу приоритетите, но овојпат со реален исход – почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Се надевам дека претседавањето на Франција ќе ја промени динамиката во приближувањето на Западен Балкан, тргнувајќи од нашиот пример. Тоа ќе биде одличен сигнал за нас, но и за целиот регион, како и за враќање на довербата и кредибилитетот на ЕУ, рече вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ на денешната тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс“. Маричиќ истакна дека земјава со години наназад е во…
По повод празникот „Свети Сава“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска имаше средба со претставници на Заедницата на Србите во Македонија во Битола. Коњановски, честитајќи го празникот, на сите припадници на српската заедница во нашата држава им посака многу здравје и понатамошна соработка во интерес на реализација на заложбата за подобра иднина на денешните и генерациите кои доаѓаат. „Би сакал да го честитам празникот Свети Сава, големиот ден на Српската заедница во Македонија и во Битола, да посакам многу здравје и да ја продолжиме оваа традиција на заедничко празнување. Традицијата и корените се многу битни за опстојување на еден…
Во посета на земјава од денеска престојуваат министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ и претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, како дел од активностите поврзани со одбележувањето на националниот празник на Србите, Денот на Свети Сава. Претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, по средбата со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, рече дека со задоволство ја започнува својата официјална посета на Северна Македонија во Куманово, пријателска локална заедница која има добра долгорочна соработка со општините во Српска. Цвијановиќ изјави дека оваа соработка во моментов е на полето на културата, со тенденција за проширување на економска соработка, за што било…
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. „На 26 јануари околу полноќ, осомничениот управувал автомобил „рено меган“ со скопски регистарски ознаки на булеарот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, во насока од запад кон исток. Притоа не се придржувал кон сообраќајните прописи – со автомобилот управувал со брзина поголема од 50 километри на час што е максимално дозволена во населено…
Генералниот секретар на Движењето Беса Арјанит Хоџа, реагира на Фејсбук по веста дека во затворска ќелија починал Реџеп Ќерими, кој беше осуден на доживотна затворска казна за нападот врз полициски „алфи“, што се случи во 2008 година на паркингот пред Природно математичкиот факултет во Скопје, кога еден полицаец беше убиен, а двајца ранети. „Одолговлекувањето на политички монтирани случаи и отсуството на правда ја врати Северна Македонија многу чекори назад. Смртта во затворска ќелија на еден од обвинетите во случајот „Алфа” уште еднаш го потврди нефункционирањето на владеењето на правото во државата и неставањето на правдата на вистинското место. Смртта на…