Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Победата на Тобира не успеа да ја обедини француската левица

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: hrw.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 31, 2022 10:17

Поранешната француска министерка за правда, Кристијан Тобира, победи на прелиминарните избори за претседателски кандидат на левицата за изборите во април годинава, но изјаснувањето не успеа да ја обедини левицата затоа што процесот беше игнориран од главните кандидати во левицата, иако истите се наоѓаа на листата за гласање, јави дописникот на МИА.

Прелиминарните избори што требаше да ги обедини левицата и екологијата, резултираше со победа на поранешната министерка, која во полседен момент ја лансираше својата кандидатура. Овие прелиминарни избори, што не се обврзувачки според резултатите, коментаторите наведуваат дека се само пропуштен датум.

Резултатите синоќа беа објавени во една париска концертна сала. Волонтерите уморни од повеќемесечната работа, едвај трепнаа кога се спомна името на поранешната  министерка. Нејзиното име доби учтив аплауз, но не поголем од другите.

Кристијан Тобира, ја доби оценката добра+, Јаник Жадот, доволно+, Жан-Лук Меланшон, доволно -, Пјер Ларутуру, преодно +, Ан Идалго преодно+, Шарлот Маршандис, проодно-, Ана Агуеб-Портерие, недоволно. Некои стравуваа дека мнозинската пресуда нема да даде јасен резултат, тоа не е така, гласачите го избраа единствениот главен кандидат кој ги прифати правилата на изборите. Дури и ако екологистот не заостанува многу.

Додека Кристијан Тобира уживаше во својата победа, врз неа веднаш почнаа напади. Јаник Жадо запрашан што сака да и порача на поранешната министерка, одговори: . „Ништо, тоа беа прелиминарни избори за Кристијане Табира, таа излезе како победник, тоа е уште една кандидатура, тоа е токму спротивното од она што го сакавме на овие избори. Се надевам дека сега ќе можеме да водиме кампања.

Жан-Лук Меланшон, на Франс 5, не беше попријатен: „Таа го облече чевелот што и беше подготвен, процени тој. Не сум загрижен, автоматски бев пријавен на избори на кои не сакав да учествувам. За кандидатот на Народниот сојуз овој резултат „не менува ништо“. За Ан Идалго на истата телевизија победата на Тобира е „уште еден кандидат. Можеше да биде момент на собир за цела левица, тоа е уште една кандидатура“, реагира таа. 

Без оглед на дисонантните тонови, Тобира го затвори својот говор со порака на надеж. „Ви благодариме што верувавте во тоа и што утре сте клучот за можна победа во април 2020 година“, рече таа, правејќи огромен лапсус. 

Според сите досегашни испитувања на јавното мислење, кандидатите од редовите на левицата не успеваат да се пласираат во вторитио круг на претседателските избори, кои изгледаат резервирани за Еманул Макрон, додека за второто место се борат Валери Пекрес, Марин Ле Пен и Ерик Земур

избори Левица Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.