Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Пратеникот од редовите на СДСМ, Дарко Каевски е избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа. – Потпретседателите го менуваат претседателот кога тој не е во можност да заседава со седницата, а по функција се и членови на Бирото на Собранието – тело кое ги координира активностите на Собранието и на комисиите, информираат од СДСМ. Каевски исто така е и шеф на делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание кое деновиве ја одржува редовната зимска сесија
По Лондон и Њујорк, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески и легендарниот виолинист Максим Венгеров, во рамки на нивната мини-турнеја на најпрестижните светски сцени, вечер ќе настапат на сцената на Филхармонијата во Париз. Исклучителниот втор концерт тандемот Венгеров-Трпчески го одржаа во преполната сала во Карнеги Хол во Њујорк, каде присутните со стоечките овации, двајцата врвни уметници ги наградија со дури три изведби на бис. Серијата камерни концерти двајцата уметници ја започнаа на 10 јануари со настап на сцената на Лондонската сала „Барбикан“, каде изведоа дела од Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел.
Во затворот КПУ Идризово починал Реџаил Ќерими, лице кое беше осудено на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските Алфи кај ПМФ. За смртта на Ќерими, на социјалните мрежи објави член од семејството, јави ТВ 21. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека е пријавена смрт на затвореник во овој затвор со иницијали Ќ.Р. (52) од Куманово. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор поради вооружен напад во 2008 година на паркинг на Природно математичкиот факултет во Скопје, на полициските Алфи при што загина еден припадник на единицата, додека пак двајца…
Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Миле Зечевиќ по повод празникот Свети Сава, упати честитка до сите припадници на српската заедница во земјава и до сите православни христијани кои го слават денешниот празник. „Во име на СДСМ и во мое име, до сите вас кои го празнувате денешниот празник Свети Сава упатувам срдечни честитки и ви пожелувам добро здравје и спокоен живот. Ви посакувам празникот Свети Сава да го поминете во духовен мир со своите најблиски. Да ги негуваме меѓусебние односи и различните култури. Да го сочуваме богатството на нашата заедничка татковина од традиции, култури и различности, каде припадниците…
Разбиена е организирана криминална група која се занимавала со недозволена трговија со дрога, приведени се 3 лица, запленетa е дрога вредна 50.000 евра, информира МВР. „На 25.01.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје и ОВР Свети Николе, по спроведена истрага во координација на Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, беше пресечен транспорт на марихуана, со вкупна тежина од 25,3 килограми, вредна 50.000 евра, при што…
Од 7 часот утрово патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“. Како што изјави за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата. Тој се повика на Одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец. – Се повикуваме на оваа Одлука и поради тоа не ги извршуваме работите. Веднаш ќе продолжиме со работа кога ќе…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа во близина на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје во која загина пешак. Првичните сознанија, според Основното јавно обвинителство, упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот. По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото на починатиот, а од лицето кое управувало со автомобилот земени се примероци од крв и урина за да се утврди евентуално присуство на…
Кумановските пожарникари во ноќните часови гаселе пожар на превртен автомобил „голф“, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе кај Доброшане, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. СВР Куманово информираше дека возилото излетало од коловозот и дека нема повредени лица. – ТППЕ Куманово во текот на ноќта имала интервенција во село Доброшане на превртено патничко возило голф. Пожарникарите интервенирале со едно противпожарно возило и петмина пожарникари од 23:30 до 01: 15 часот, соопшти РЦУК Куманово. СВР Куманово денеска потврди дека вчера околу 23:30 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, патничко моторно возило „голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ. Ж. (44)…
Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува од 2 до 9 март, но во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од Ковид-19. Ова го соопшти денеска градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека вековната карневалска традиција на Градот под Царевите Кули не може да има подолги паузи. – Тоа ќе ги демотивира карневалските групи да не учествуваат во иднина на карневалот. Карневалот ќе се одржи, но ќе биде од локален карактер. Покрај карневалистите од Струмица, ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кој најчесто учествуваа. Барање на…
Денеска во 11,25 часот било пријавено во полиција дека на булеварот „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки удрило во пешак, потврди МВР за Нова ТВ. Во несреќата пешакот починал на самото место. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Во моментов се врши увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Двајцата мигранти, чии што тела беа пронајдени вчера покрај железничката пруга кај кумановското село Табановце биле прегазени од воз, соопшти денеска СВР Куманово. Идентитетот на едното лице е веќе утврден и станува збор за Ј. К од Авганистан, за второто починато лице полицијата сè уште работи на утврдување на идентитетот. – Вчера во 15.42 часот во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во село Табановце, кумановско, биле пронајдени две тела на починати лица мигранти. Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово било констатирано дека лицата биле удрени од воз. Утврдено е дека се работи…
Српската републичка дирекција за имот го огласи претходното соопштение за датумот за распишување на тендерот за изработка на планска документација за седум гранични премини, меѓу кои е и граничниот премин Миратовац-Лојане со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Тендерот се планира да се распише на 9 мај, а како што соопшти бизнис порталот Екапија, станува збор за граничните премини Јаша Томиќ, Калуѓерово, Келебија, Ѓердап 1, Јабука, Љуба и Миратовац-Лојане. Сите споменати гранични премини се веќе постоечки, па се претпоставува дека за нив ќе се направат проекти за реконструкција, освен за граничниот премин Миратовац-Лојане кој целосно треба да се…