Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицијата заплени дрога вредна 50.000 евра, приведени се тројца ВИДЕО

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 26, 2022 15:57

Разбиена е организирана криминална група која се занимавала со недозволена трговија со дрога,  приведени се 3 лица, запленетa е дрога вредна 50.000 евра, информира МВР.

„На 25.01.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје и ОВР Свети Николе, по спроведена истрага во координација на Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, беше пресечен транспорт на марихуана, со вкупна тежина од 25,3 килограми, вредна 50.000 евра, при што се лишени од слобода М.А.(63), Д.К.(45) и Ј.К.(82)“, вели МВР.

Според полицијата,  во текот на јануари 2022 првопријавениот М.А. ја набавил дрогата и го ангажирал Д.К. на 24.01.2022 со рент-а-кар возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, да ја пренесе до викенд куќа на место Голиево, во Мирковци, изнајмена од страна на првопријавениот.

На 25.01.2022, откако М.А. договорил купопродажба на 10 килограми марихуана во с.Василево, струмичко, ги ангажирал Д.К. и Ј.К. да ја пренесат дрогата со возилото „форд фокус“ до викенд куќа во с.Василево, а М.А. со остатокот од дрогата, со патничко возило „шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, се упатил кон Скопје.

– Истиот ден, на автопатот Скопје-Штип, во близина на место „Преод“, од страна на полициски службеници при извршен преглед на возилото „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К., каде како совозач бил Ј.К., во задниот дел биле пронајдени вреќа со марихуана во вкупна количина од околу 10 килограми и торба со остатоци од марихуана, а кај лицата биле пронајдени пари во различни валути и апоени. Притоа, двете лица биле лишени од слобода, информира Сузана Прањиќ Талевска, портпарол на МВР.

Околу 14 часот на улицата „Јадранска магистрала“, од страна на полициски службеници била извршена контрола на патничко возило „шевролет калос“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А., при што во  багажниот простор биле пронајдени торба со 30 пакувања марихуана, неколку засебни пакувања со марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана, во вкупна количина од над 15 килограми. И М.А. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

Денеска, Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против М.А., Д.К. и Ј.К., поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво  по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик.

“данок на имунитетот” дрога криминалци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.