Денеска во 11,25 часот било пријавено во полиција дека на булеварот „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки удрило во пешак, потврди МВР за Нова ТВ.

Во несреќата пешакот починал на самото место. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Во моментов се врши увид од увидна екипа од СВР Скопје.