Author: НОВА ТВ Mitreska

Екипи на ЈП „Градски паркинг“ спроведоа надзор и ослободија 36 паркинг места кои биле резервирани за непознати привилегирани корисници во катната гаража „Беко”. Спроведен по насока на в.д директорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски, надзорот има за цел да се ослободат повеќе паркинг места што ќе може да ги користат граѓаните, информираат од јавното претпријатие. Велат дека во катната гаража „Беко“, на катот -1, подолг временски период биле паркирани службени возила кои не се користеле и непотребно зафаќале 12 означени паркинг места. Имало и 24 паркинг места кои досега од непознати причини биле резервирани за непознати привилегирани корисници, а…

Read More

На Градскиот плоштад во Скопје медиумски и музички работници денеска ќе му оддат последна почит на Аки Рахимовски, еден од најдобрите рок-вокалисти во регионот. Кај тревникот пред „Пелистер“ во 13 часот ќе биде отворена Книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни. Сите пријатели и обожаватели на Аки ќе можат да положат цвеќе или да запалат свеќа. Главното собирање е предвидено попладне, од 18 19,30 часот, кога хорови, пејачи и пријатели, заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“. Оддавањето последна почит под мотото „Да го испратиме со песна нашиот Аки“ го организира радио „Бубамара“…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи в петок на 28 јануари ќе присуствува на седница на собраниската Комисија за надворешна политика, информираат од МНР. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски, претходно денеска информира дека преку писмо побарале од шефот на дипломатијата да дојде на седница на собраниската Комисија и да ги достави одговорите кои што македонската страна ги има испратено до официјална Софија за таканаречениот „план 5+1“, откако во декември го одбил нивното барање, што е вели негова законска обврска за отчет пред Парламентот. – Ова го бараме затоа што сметаме дека…

Read More

На булеварот Илинден во Скопје денеска полицијата ја лишила од слобода О.Ј.(69) од Скопје. Како што информираат од МВР, за неа била распишана централна потерница, по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување  казна затвор од една година во врска со сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Скопјанката била приведена во полициска станица по што ќе биде спроведена во затвор за издржување на казната.

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со Стефан Андоновски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска остварија средба со новиот директор  на Меѓународниот Републикански Институт Крис Бренан за Република Македонија.  Мицкоски му посака добредојде на директорот Бренан со надеж дека и во иднина ќе продолжи и интензивира досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и потребата од одржување на брзи предвремени парламентарни избори. „Од страна на Мицкоски беше укажано дека државата се соочува со економска, енергетска и здравствена криза, а поради слабиот капацитет на власта на СДСМ и…

Read More

Санела Шкриељ и Марија Кочовска ќе бидат нови пратенички на СДСМ во Собранието. Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, која сега е министерка за одбрана и на местото на Бисера Костадиновска Стојчевска, која е министерка за култура. Оваа одлука е донесена денеска на 43-та седница на Државната изборна комисија (ДИК). Членовите на ДИК едногласно го донесоа Предлог-финасискиот план за распределба на средства во Државната изборна комисија за 2022 година. Потпретседателката на ДИК Дитмитре Шеху појасни дека како и секоја година, така и оваа ДИК ќе носи финансиски план врз основа на средствата што се доделени во буџетот на државата.…

Read More

СВР Охрид поднесе кривична пријава против градоначалникот Кирил Пецаков поради тоа што не постапил според здравствените прописи за време на епидемија. „Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид. Пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на коронавирус и, наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник Богојавление-Водици 2022 година одржана во Охрид“, вели МВР.

Read More

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски,откако беше одложено денешното рочиште во случајот за кој е обвинет поради незаконска набавка на софтвер за МВР и перење пари обвини дека обвинителката која го застапува обвинението му импутирала смс пораки кои ги прикажува како докази. Тој во изјава пред Кривичниот суд во Скопје рече дека во текот на судскиот процес  ќе докаже дека станува збор за апсурдни податоци и дека обвинителката сама ги куцала пораките затоа што открил дека во една секунда биле искуцани дури 43 смс пораки. – Гинисовиот рекорд е во 50 секунди да искуцате една порака, а не 43…

Read More

Поранешните министри Никола Димитров, Мила Царовска и Радмила Шекеринска побарале апанажа. Ако Собранието им го одобри барањето, ќе продолжат да земаат министерска плата во траење од 3 до 12 месеци, зависно од министерскиот стаж. Собранието веќе им одобри апанажа во траење од 9 месеци на екс министрите Арјанит Хоџа и Седат Сулејмани. Зоран Заев, Венко Филипче и Ирена Стефоска се изјаснија дека нема да го користат ова право и дека по оставките во Владата, се враќаат на своите претходни работни места.

Read More

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денес се сретна со амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз. На средбата се разговараше за американската поддршка во процесот на европската интеграција на нашата земја, а беа нагласени и важноста и неопходноста од напредокот на Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите. Вицепремиерот Маричиќ изрази уверување дека реформите остануваат во фокусот, но дека истовремено е потребен јасен и извесен исход за европската иднина на регионот. Вицепремиерот Маричиќ во пресрет на заедничката седница со Владата на Бугарија ѝ го претстави на амбасадорката Брнз начинот на кој ќе се формираат и…

Read More

Дете родено 2010 година починало рано наутро од компликации од ковид-19 во Клиниката за инфективни болести д-р Фран Михалевиќ во Загреб, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Според информациите од болницата, детето немало претходно потврдени болести. – Со обдукцијата ќе се утврди точната причина за смртта, но според информациите со кои располагаме во моментов, детето завчера добило висока температура, имало болки во грлото, главоболки и малаксаност, што е вообичаена крвна слика. За жал, во 5.20 утринава е прогласена смрт, изјави проф. д-р Горан Тешовиќ за „Јутарњи лист“. Тој напоменува дека вакви исходи се многу ретки, но, за жал, може да се…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски го прими амбасадорот на Холандија во нашата земја Јан Дирк Коп, кој на премиерот и на новата Влада им посака успех во претстојниот мандат. Премиерот Ковачевски на средбата ја истакна интензивната соработка меѓу Северна Македонија и Холандија на највисоко ниво во последните години со што се зацврсти пријателството меѓу двете земји на билатерален план, како и на планот на поддршката на евроинтеграцискиот процес на нашата земја. Взаемното партнерство, беше нагласено на средбата, се остварува на исклучително задоволително рамниште од двете страни со постојано исполнување на Декларацијата за партнерство и соработка што…

Read More