Author: НОВА ТВ Mitreska

Со едноминутен молк, но и аплауз, денеска на комеморацијата која се одржа во Кинотеката, колегите, соработници и пријатели се простија од филмскиот продуцент Горјан Тозија – Медо (1954-2022). Тозија почина ненадејно по кратко боледување, а во својата обемна професионална биографија брои големи успеси во македонската кинематографија. Тозија секогаш на истиот начин се радуваше за секој еден можен успех, беспоштедно, храбро и давајќи мотивација на сите, а посебно на младите, рече на комеморацијата филмската кртичарка Ана Василевска. Според филмската критичарка, поголема љубов на Тозија од филмот, е неговата љубов македонскиот филм да излезе од границите. – Последниве пет години интензивно соработувавме, и…

Read More

Македонци од Бугарија, претставници од организациите и здруженијата на македонското малцинство се очекува кон средината на јануари, веднаш по најавената посета на бугарскиот премиер Кирил Петков да се сретнат со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Скопје. Средбата е иницирана од ОМО „Илинден Пирин“, македонска организација која има добиено 11 од вкупно 16 пресуди пред Европскиот суд за човекови слободи и права од Стразбур за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија. Како што дознаваме од почесниот претседател Стојан Георгиев во Македонија ќе дојдат осуммина претставници од македонските здруженија меѓу кои и од Здружението на репресираните Македонци, односно…

Read More

Министерката за култура Ирена Стефоска вели дека не е прашана за конкретните причини зошто треба да замине од функцијата, како и за тоа што е сработено, додавајќи дека сепак право на секој мандатар е да си состави кабинет. – Никој не ме прашал за конкретните причини зошто треба да заминам, како и што е сработено. Јас си подготвив извештај за отчетност кој ќе стои во архивата на Владата и во Собранието. Поразговаравме со мандатарот за причините про и контра зошто е важна културата, нагласи Стефоска во гостувањето на „Утрински брифинг“. Таа смета дека луѓето се најголемиот ресурс во една мала…

Read More

Приведени се двајца српски државјани, откако полицијата констатирала дека во нивното возило се превезуваат девет лица мигранти од Куба, кои оствариле илегален влез во државата. Од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица биле лишени од слобода Ф.С.(20) и Б.Е.(19), двајцата српски државјани. – Имено, во близина на бензинска станица кај Смоквица, при контрола на патничко возило „голф“, со српски национални ознаки, управувано од Ф.С., каде како совозач бил Б.Е., било констатирано дека во возилото се превезуваат 9 лица мигранти од Куба, кои оствариле илегален влез во државата, се наведува во денешното соопштение…

Read More

  Градоначлничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, не работи ништо, покажува неспособност и незаинтересираност за проблемите на скопјани. Наместо да менаџира, единствено што прави е постојано да бара пари и помош од Владата, реагира Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје. – Бара пари од Владата за ЈСП а Владата има обезбедено 70 милиони евра за превоз во Скопје. Бара пари за парно, а Владата обезбедува 80% од трошоците за актуелната цена на парното. Во исто време додека бара пари, Арсовска вработува 109 партиски војници на ВМРО – ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на Шутаров.…

Read More

Има четири фактори што ја генерираат зголемената цена на електричната енергија на берзите. Тоа се цената на природниот гас, зелените сертификати коишто пораснаа драстично, намалените издашности на обновливите извори на енергија и реалната инфлација, оценува поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МИА што викендов ќе биде објавено во целост, заедно со видео материјал. Тој смета дека нема енергетска криза, бидејќи, како што вели, сите земја во Европа имаат електрична енергија, а проблемот е од финансиска природа заради зголемувањето на цената на струјата. – Ова што денеска го имаме како што го викаат сите е енергетска криза.…

Read More

Уште не седнат во жешкото министерско столче за правда универзитетскиот професор Никола Тупанчевски ги доби првите пораки од граѓаните, кои откако ќе биде избран за министер од него очекуваат жестока, неприкосновена и неселективна битка за правда и намалување на корупцијата во судството. На социјалната мрежа Фејсбук со честитката за министерската функција  до Тупанчевски беше испратено и барање за амнестија на осудените во крвавите настани од 27 април во Собранието. Предлогот на мандатарот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски министерското место на Бојан Маричиќ да го преземе професорот Тупанчевски, штом вчера помина на највисоките партиски тела на социјалдемократите, предизвика големо внимание…

Read More

Социјалдемократите вечерва на седници на Извршниот и на Централниот одбор се очекува да ги утврдат кадровските решенија за составот на новата влада. Седницата на Извршниот одбор ќе се одржи во 18 часот, а потоа во 20 часот ќе има состанок и Централниот одбор на партијата. Димитар Ковачевски, лидерот на СДСМ и мандатар утре ќе го достави до Собранието предлогот за новиот владин кабинет и програмата, а на крајот од неделава треба да се одржи и собраниска седница на која ќе биде избрана новата владата. Претседателот Стево Пендаровски на Ковачевски  му го врачи мандатот на 29 декември, по што почна да…

Read More

Компанијата БЕГ, спротивно на реакциите на скопјани поради проблеми со парното греење тврди дека температурата што била измерена во домовите на граѓаните кои се пожалиле за време на празниците била во рамки на пропишаните правила, освен во еден објект каде била измерена внатрешна температура од 19,5 оC. „Во врска со зачестените информации во медиумите во однос на квалитетот на централното греење, сакаме да истакнеме дека системот за централно греење со кој управува БЕГ е целосно во функција и испораката на топлинска енергија до потрошувачите е согласно Правилата за снабдување на топлинска енергија. Внатрешната температура кај потрошувачите се одржува на ниво…

Read More

По синоќешниот земјотрес во Битола превентивно е затворена една детска градинка која работи во состав на детските градинки „Мајски цвет“, а одлуката е донесена со цел стручни лица да извршат дополнителна проверка за безбедноста на објектот, изјави градоначалникот Тони Коњановски. Формирана е и мешовита стручна комисија за утврдување и проценка на штета по синоќешниот земјотрес. – Ги обезбедивме сите информации од Итната медицинска помош и противпожарната единица и како Кризен штаб заклучивме веднаш да се формира комисија за проценка на штетите во која ќе учествуваат и претставници од Институтот за земјотресно инженерство во Скопје. Важно е дека по синоќешниот земјотрес…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на КОВИД-19. Скопје – 549, Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, Гостивар и Велес – по 9, Гевгелија – 7, Кочани – 6, Ресен и Виница – по 5, Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 4, Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар – по 3, Демир Хисар – 2, Свети Николе и Валандово – по 1. Регистрирани сe 998 оздравени пациенти…

Read More

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара од мандатарот Димитар Ковачевски Министерството за труд и социјална политика (МТСП) да го води човек кој, како што велат, знае како да ги реши проблемите на работниците и укажува дека е време работниците да добијат министер, синдикалец од нивните редови „кој знае како се води социјалниот дијалог“. – Деновиве слушаме дека за Министерството за труд и социјална политика се водат „битки” со одредени коалициски партнери во владејачкото мнозинство. Сојузот на синдикатите на Македонија најодговорно тврди дека ресорот труд и социјала треба да го води човек кој знае како да ги реши проблемите на…

Read More