Author: НОВА ТВ Mitreska

Претседателот на ЛДП Горан Милевски информира дека независните советници од Македонски Брод, Даниел Максимоски и Бране Јованоски одлучија да се приклучат на ЛДП и тие од 1 јануари веќе делуваат во Советот на Општината како советници на либералдемократите. „Вратите на ЛДП остануваат отворени и за други заинтересирани граѓански активисти кои изразуваат спремност да се приклучат кон ЛДП, а бројот на советници на ЛДП следниот период ќе се зголемува“, вели Милевски. Според него се повеќе независни советници кои гравитираат на центарот ја препознаваат ЛДП како автентична трета опција која им припаѓа на граѓанскиот центар. Максимоски на локалните избори освои 9,94% од…

Read More

Изминуваат два месеци од изборот на градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска а граѓаните на Скопје не гледаат дека во градот нешто се работи. Напротив, гледаат само поништувања на значајни проекти, неспособност, погрешни одлуки. Гледаат дека нема бесплатен јавен превоз, нема инвестиции во животната средина, изјави Мартин Попов, советник во Советот на Град Скопје на денешната прес конференција. – Дури и Буџетот на градот за оваа 2022 година не е развоен и не е направен според потребите на граѓаните. Во Буџетот не се предвидени пари за важни проекти како нови паркови, зелени покриви, велосипедски патеки. Нема пари за ниту една велосипедска…

Read More

Бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер изјави дека национален интерес на неговата земја е Северна Македонија да се приклучи кон Европската Унија, пренесе Слободна Европа. Следен чекор кон таа цел, според него е почеток на преговори со Скопје што треба да биде важна цел за бугарската дипломатија. Тој посочи дека за соседите на Бугарија патот кон богатството и социјалната правда минува низ членството во ЕУ. „Со еден продолжен и позитивен дијалог со македонската страна ќе бидат постигнати условите, не само историски, туку и економски, академски, како и културни за врските меѓу двете држави. Тоа треба да се случи за да…

Read More

„Viva L’opera!“ е насловот на традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот Василица што ќе се одржи в среда и четврток, 12 и 13 јануари 2022, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет (НОБ). – Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар, наведуваат од НОБ. Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, светло…

Read More

Слави Трифонов кој некогаш од еден графит на ѕидот спроти бугарската амбасада во Скопје се убедил дека Македонците ги мразат Бугарите, и кој има партија без чија поддршка нема влада во Бугарија, открива денес дека Бугарија ја уценува Македонија со цел да изнуди од САД укинување на визите за Бугарите, а од ЕУ да ја прими Бугарија во Шенген зоната, пишува професорот Ѓорѓи Спасов на Фејсбук откако бугарскиот политичар предложи, Бугарија да ги одблокира преговорите на Македонија со ЕУ, но прво да стане членка на Шенген зоната и да ѝ се укинат визите за САД. „Тој како „голем” политичар денес…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција изјави дека опозицијата со 180 амандмани го блокира предлогот кој се однесува на еден член од Законот за надворешни работи, кој претставува ограничување при селекцијата на дипломати за претседавањето со ОБСЕ. Односно, според тој член, за еден дипломат да замине на мисија треба од завршувањето на претходната мисија, да има престој од 24 месеци во Министерството за надворешни работи, до следниот мандат. – За да го објаснам контекстот,  за да се испратат дипломати на тригодишен мандат, покрај другите критериуми, треба да исполнат уште еден критериум, а тоа е две години најмалку…

Read More

Полициски службеници од ОВР Ресен вчера попладне добиле повик за помош од Ј.Д. (20) од Битола кој, поради големи снежни наноси на планината Галичица, со своето патничко моторно возило „сузуки” и со уште двајца сопатници, А.В. и Ѓ.Д., бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима. Како што информира МВР, на местото на настанот веднаш излегле полициски службеници од граничниот премин Стење и го пронашле возилото. Возачот и сопатниците биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место.

Read More

Во втората половина на јануари, по формирањето на Владата ќе биде воспоставена комуникацијата со Франција, како актуелен претседавач на Европската Унија во насока на можностите кои земјава би ги имала за време на француското претседателство за одблокирање на процесот на евроинтеграциите. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој одговарајќи на новинарско прашање дали стапил во контакт со официјален Париз во однос на натамошните чекори за можноста за почеток на преговори, нагласи дека таа комуникација веќе постои, но во втората половина на јануари ќе се конкретизира, сега откако Франција го презеде претседавањето со Унијата. …

Read More

Претседателот на партијата „Има таков народ“ Слави Трифонов смета дека прво САД кои толку инсистираат на членство на Северна Македонија во ЕУ, да ја стават Бугарија на листата земји чии граѓани без визи ќе може да патуваат на нивна територија, па Бугарија да стане полноправна членка на шенген зоната на Европската Унија, дури тогаш, Македонија ќе може да стане членка на ЕУ. „Бидејќи Американците толку многу сакаат Северна Македонија да е во Европската Унија, нека ги остават граѓаните на Бугарија, како граѓаните на повеќето земји од Европската Унија, да не им треба виза за да одат во Америка. Односно, ние…

Read More

На Бојан Јовановски (Боки 13) во неколку наврати му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи обвинувањата за повеќе лица, да поднесе кривични пријави, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА, во однос на писмото од Боки -13 во кое има серија обвинувања и напади за криење докази. – По овие кривични пријави Обвинителството постапува и колку што сум информиран постапката е при крај и очекувам Обвинителството во блиско време да донесе одлука во врска со овие негови наводи, вели Јовески. Тој рече дека Јовановски имал неколку можности да ги истакне тие…

Read More

Заштитата на корисниците на финансиските услуги е високо во приоритетите на Народната банка. Преку зајакнување на регулативата, со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, но и со Закон за финансиски омбудсман, со кој би се формирала посебна институција којашто ќе постапува по поплаките на граѓаните, ќе се гради рамка за посилна заштита на правата на потрошувачите. Ова во интервју за националниот сервис МТВ, го изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Ангеловска-Бежоска посочува дека иако Народната банка нема експлицитен законски мандат за заштита на потрошувачите, сепак како општествено одговорна институција презема повеќе мерки во овој сегмент. Пример за…

Read More

Укинувањето на ветото на Бугарија за Северна Македонија е работа што мора да ја направат и македонската и бугарската страна и да се постигне напредок во сите важни точки, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за Нова Телевизија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков изразил надеж дека добрососедството треба да биде водечко, но тоа бара многу работа од двете страни. – Бугарија и Северна Македонија мора да работат заедно, потенцира Петков. На прашањето дали Русија се меша во бугарско-македонските односи преку филмот „Една вера, еден јазик“, Петков коментира дека тезите претставени во него се сосема спротивни на добрососедските…

Read More