Author: НОВА ТВ Mitreska

Полицијата во Скопје изминатите 12 месеци приведе 297 криминалци за кои претходно биле распишани потерници. Според податоците на МВР, во текот на 2021 година од страна на oрганизациските единици во рамки на СВР Скопје и Оперативниот тим -потраги се преземаа низа мерки и активности при што редовно се прибирале сознанија за лица кои се предмет на потражна дејност по наредби добиени од страна на Основен кривичен суд Скопје, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, КПУ Затвор Идризово, КПУ Затвор Скопје – Скопје и др. – Предмет на потрага беа лица за кои…

Read More

Вкупно 45 новинари и медиумски работници се убиени во текот на својата работа оваа година, а повеќето од нив ги загубиле животите во Авганистан, соопшти денеска Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ). ИФЈ, која претставува околу 600.000 медиумски професионалци ширум светот, соопшти дека 45 новинари и медиумски работници биле убиени во 20 земји, од кои 33 биле убиени во целни напади. Девет лица загинаа во Авганистан, осум во Мексико, четворица во Индија и тројца во соседен Пакистан. Организацијата соопшти дека од 1991 година ширум светот биле убиени 2.721 новинар. За потсетување, во 2020 година се регистрирани 65 починати. „Овие 45 колеги…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски, по повод новогодишните празници, упати честитка до граѓаните. Испраќаме уште една година што ја поминавме со пандемијата која одзеде многу животи. Година во која во две големи несреќи загубивме многу наши сограѓани, загуби какви што одамна не паметиме“, напиша шефот на државата. – Пожртвуваноста, солидарноста и одговорноста на здравствените работници, спасувачките служби, волонтерите и другите луѓе со добра волја кои ги премостуваа етничките, верските, политичките, социјалните разлики за да им помогнат на оние на кои им беше потребно, се нашите херои за оваа година. Дочекувајќи ја новата 2022 година, да се свртиме кон надежта и вербата кои…

Read More

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид 19, во период од 6 август заклучно со 30 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 30.12.2021 на територија на државата 69.242 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид 19, од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 22.996 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 46.246 граѓани, односно 67% од позитивните на ковид 19 не…

Read More

Пет нови лифтови направени според современите ЕУ стандарди од кои три болнички со носивост 1600 килограми и брзина на движење до 1,6 метри во секунда и два патнички се пуштени во употреба во Градската општа болница „8 Септември“, изјави денеска директорот на болницата, Христијан Костов. Тој посочи дека лифтовите се со многу подобри карактеристики отколку старите, со поголем капацитет, со високо дигитализирана опрема која ќе пружи максимална услуга на сите пациенти кои гравитираат во болницата и на вработените во болницата. Тој изрази благодарност до Министерството за здравство, до министерот Венко Филипче, кој, како што рече, имал слух за нивните проблеми…

Read More

Пред 80 години, на денешен ден во 1941 година во Струга, за прв пат била испеана песната „Денес над Македонија се раѓа“ – денешна македонска официјална химна. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија. Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии — денешната верзија, првичната химна и првата официјална…

Read More

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска упати честитка до сите граѓани во пресрет на новата 2022 година, посакувајќи им здравје и благосостојба во наредната година. Преку оваа честитка, Ахмети најавува дека годината што доаѓа ќе биде полна со предизвици бидејќи, како што вели, напорно работиме за подобра иднина. – Последните денови од оваа година не поттикнуваат да рефлектираме за изминатите 365 дена и да ги предодредиме нашите цели за следните 12 месеци. И оваа година, како и претходната, беше проследена со новите правила на живот кои ни ги наметна пандемијата, но и со загубата на голем број…

Read More

Претседателoт на Собранието, Талат Џафери, денеска упати видео честитка до сите граѓани во пресрет на Новата 2022 година. – Почитувани граѓани, новата година е речиси на прагот и сега кога ја испраќаме старата морам да признаам дека со нетрпение и со огромна доза оптимизам се охрабрувам дека 2022 година нема да биде во ниту еден сегмент како оваа. За жал, не можеме да кажеме дека беше лесна ниту, пак, успешна. Напротив, беше тешка, полна со предизвици, препреки, најтажно од сè година во која паралелно со здравствените, економските и штетите по менталното здравје на глобално ниво што ги предизвика пандемијата на…

Read More

Цената на парното греење од утре ќе се зголеми за 14 отсто. Оваа одлука ја донесе РКЕ откако БЕГ претходно побара зголемување на цената од 300 %. Зголемувањето на цената ќе важи од 1-ви јануари. Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски со оваа одлука се враќа цената на ниво од 2018 година. – Цената за парното ќе се зголеми за 14 проценти. Со оваа цена се враќаме на ниво на топлинска енергија која ја имавме во 2018,  имајќи предвид дека за 15-16 проценти ја намаливме цената на парното изминативе три години. Ние признаваме трошок од 4 милиони, но постои разлика…

Read More

Зад нас ја оставаме 2021 година. Година на општествено закрепнување од коронавирусот, на масовна вакцинација, но и година на економско опоравување, вели Димитар Ковачевски, лидерот на СДСМ во новогодишната честитка. „Деновиве, кога луѓето, домовите, се исполнети со надеж и верба, мотивирани влегуваме во новите почетоци, да продолжиме посветено во реализација на целите пред нас. 2022 година ќе биде година на нови предизвици, особено во делот на енергетиката и пандемијата со коронавирусот, но ќе биде и година на нови заеднички успеси на општествен, социјален и пред се економски план. Со фокус на економијата, ефикасност на институциите, одговорност и чесност да го…

Read More

Автобусите од јавниот превоз во Скопје утре, 1 јануари, ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. В недела (2 јануари) ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје”. Сите билетарници и центри за персонализација денеска (31 декември) ќе работат до 17 часот, утре (1 јануари)  дежурни од 10 до 17 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров. В недела (2 јануари) дежурни од 7…

Read More