Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери порача политичкиот дијалог да се одвива во домот на демократијата ВИДЕО

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 31, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 31, 2021 12:14

Претседателoт на Собранието, Талат Џафери, денеска упати видео честитка до сите граѓани во пресрет на Новата 2022 година.

– Почитувани граѓани, новата година е речиси на прагот и сега кога ја испраќаме старата морам да признаам дека со нетрпение и со огромна доза оптимизам се охрабрувам дека 2022 година нема да биде во ниту еден сегмент како оваа. За жал, не можеме да кажеме дека беше лесна ниту, пак, успешна. Напротив, беше тешка, полна со предизвици, препреки, најтажно од сè година во која паралелно со здравствените, економските и штетите по менталното здравје на глобално ниво што ги предизвика пандемијата на Ковид-19, истакнува Џафери.

Претседателот на Собранието потсети дека оваа година нашата држава беше погодена од огромни трагедии во кои, како што рече, загубивме драги наши сограѓани и тоа остави болка и горчлив вкус во сите нас.

– Оваа година имавме редовни локални избори, по што настапи период на неизвесен политички живот во земјава, кој, пак, предизвика делумна функционалност на домашните институции. И законодавниот дом
функционираше во рамките на наметнатите здравствени протоколи поради кои останавме затворени за ваши посети и наметнатите деловнички одредби за работа во време на изборни активности. Се фокусиравме на транспарентноста, достапноста и зајакнување на надзорната улога на Собранието за да бидеме поблиску до вас, за политичкиот дијалог да се одвива тука, во законодавниот дом, потенцира спикерот Џафери.

Важно е, како што вели, политичкиот дијалог, вкрстувањето на аргументите и битката за менување и подобрување на законските одредби за олеснување на животот на нашите граѓани да се одвива тука, во рамките на домот на демократијата.

Џафери во видеочеститката вели дека сите заедно нè обединува Република Северна Македонија и оти мораме да градиме односи за заемна доверба, почит меѓу нас внатре и надвор со нашите соседи.

– Да вложиме несебичен труд и да ги надминеме рамките што нè ограничуваат. Тогаш ќе успееме. Бидете живи, здрави и успешни, порача претседателот на Собранието, Џафери.

Нова година Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.